• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тим
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
    • Енергетска ефикасност
  • Автори
    • Весна Алексовска
    • Виктор Куновски
    • Гордана Андоновска
    • Гордана Гоџо
You are here: Home / Благоја Грубор / Превирање во тимот

Превирање во тимот

02.02.2012 By Данка Дамјанов Leave a Comment

Која е најкритичната фаза за тимскиот развој? – Фазата превирање

Превирање
Со појавата, односно изразувањето, на несогласување помеѓу тимските членови, тимот преоѓа од фазата формирање во фазата нормирање. Во оваа фаза до израз доаѓа несогласувањето меѓу тимските членови, поточно, тоа обично доминира во оваа фаза.

Доколку некој сака да биде дел од еден тим, тој ќе мора да жртвува нешто свое, како на пример, желби, цели, однесување. Тој ќе треба да се откаже од нешто или ќе треба да направи некои промени. Сфаќајќи ја оваа потреба и согледувајќи ги областите каде што тоа треба да го направи, во тимскиот член се појавува отпор кон влијанието на другите тимски членови, и, воопшто, кон работата во тимот. Ова предизвикува расправија помеѓу членовите, која што овозможува на површината да испливаат сите аргументи околу улогите и процедурите. Љубезните социјални интеракции што се јавиле при фазата на формирање завршуваат или барем во голема мерка, се намалуваат. Тимските членови често доживуваат негативни емоции и веќе не се чувствуваат удобно во меѓусебната интеракција.

Во тимската работа, речиси секогаш, помеѓу тимските членови има области на несогласување. Конфликтите кои се појавуваат во текот на фазата превирање може да бидат корисни за тимската работа, особено ако се однесуваат на конкретни проблеми, а не на поединечни карактери. Но, може да бидат и штетни.

Доколку во тимската работа нема доволна количина на конфликти, разликите помеѓу тимските членови може да бидат потиснати, без да бидат разрешени. Во такви случаи овие разлики често се јавуваат повторно, и тогаш го принудуваат тимот да се врати еден чекор назад, во фазата на превирање, и да ги разреши овие конфликтни.

Умерена количина на конфликти е потребна за тимската работа, затоа што тие овозможуваат да се истакнат разликите во мислења помеѓу тимските членови. На овој начин се ствара база за градење консензуално решение.

Доколку количината на конфликти е преголема, меѓусебните односи на тимските членови може да се влошат до таа мерка што тие би станале неспособни за соработка. Превирањето во односите помеѓу тимските членови во рамките на фазата превирање доведува до дискусија за клучните разлики меѓу членовите и до постигнување на разумни компромиси. Откако овие компромиси ќе се постигнат, тимските членови често се чувствуваат поблиски отколку што биле пред појавата на конфликтот.

Превирањето најверојатно е најтешката фаза во развојот на еден тим. Во оваа фаза односите помеѓу тимските членови се натпреварувачки и затегнати. Ако сакаме да направиме компарација со базенот, споменат во претходната фаза, можеме да кажеме дека во оваа фаза тимските членови скокаат во вода за да пливаат, но, мислејќи дека ќе се удават, почнуваат да паничат. Тие почнуваат да сфаќаат дека задачата е поинаква или потешка од онаа која ја замислувале. Затоа, тие обвинуваат, се бранат и не се слагаат на деструктивен начин. Некои од нив провоцираат посебен вид судири, тестирачки судири, за да тестираат некои односи. Посебно сакаат да ги тестираат односите со тимскиот водач или со оние членови кои се борат за доминантна позиција во тимот.

Проблемите настануваат затоа што тимските членови стануваат нестрпливи поради немање напредок во работата. Тие се расправаат за активностите што тимот би требало да ги превземе, но при тоа имаат голема потешкотија, а тоа е неискуството во групното донесување одлуки. Во оваа дискусија тие се обидуваат да се потпрат единствено на своето лично и професионално искуство, одбивајќи било каква соработка со другите тимски членови. Голем број од тимските членови не се свесни или не се заинтересирани за почитување на уникатните и вредни таленти на другите членови.

Најризична фаза, од аспект на одржливост на тимот, е втората фаза. Во оваа фаза на тимот, особено ако е неискусен, без исклучок му е потребна надворешна фасилитаторска помош. Надворешната професионална помош се препорачува за сите фази за сите тимови во почетокот на нивната работа, ако тимските членови и водачот на тимот се неискусни во тимската работа.

(Продолжува)

Filed Under: Благоја Грубор, Тим Tagged With: Вработени, компанија, натпревар, несогласување, работа

Avatar

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

е-newsletter

Најновите експертски статии директно на вашата е-mail адреса...

Најнови статии

Професија Аниматор

Од Данка Дамјанов
на 24.04.2018

Од незадоволни до лојални купувачи

Од Славчо Бујароски
на 06.03.2018

Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас

Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас!

Од admin.statija
на 14.08.2017

Како да ја зголемиме емоционалната интелигенција

Како да ја зголемиме емоционалната интелигенција

Од Ivan Pushev
на 14.08.2017

Коучирањето како моќна алатка

Коучирањето како моќна алатка

Од Ivan Pushev
на 14.08.2017

Архива на статии

Теми

Јога Вработени Емоции Интелегенција Медитација Тимска работа вода деца дисциплина енергија живот инвестирање исхрана капитал клиент компанија комуникација контрола култура лидер менаџер мир мисли мозок организација пензија портфолио претприемништво продажба производ производство психологија работа развој ритам родители семејство содржина стратегија тест успех финансии фокус човечки ресурси љубов

Статија.мк © 2023 · Magazine Pro On Genesis Framework · WordPress · Log in