Статија.мк претставува сервис за публикување статии, дистрибуција на статии до други медиуми, како и сервис за промовирање преку статии. Овој сервис е дизајниран за да вашите екпсертски статии стигнат пред очите на читателската публика. Придобивки кои ќе ги имате со испраќање на вашите експертски и оригинални статии:
Станете препознатливи како експертски автор
Кога вашата статија ќе биде прифатена на Статија.мк, Вие станувате експертски автор на Статија.мк. Ова додава престиж и голема вредност кај другите кога ќе ја прочитаат вашата статија на нашиот веб сајт.
Зголемете го Вашиот Личен и Професионален кредибилитет
Со појавување на Статија.мк го зголемувате вашиот кредибилитет и започнувате процес на зближување до вашата читателска публика. За многу автори, појавувањето во листата на Статија.мк е одличен начин за лично промовирање, без оглед дали веќе имате публикувано статии или планирате да започнете со пишување.
Изградете бренд за себе
Со објавување на вашите статии на Статија.мк изградувате бренд за самите себе, за вашиот бизнис и за вашата експертиза. Со тоа започнувате или продолжувате да се врежувате во свеста на вашите читатели за тоа што можете да го направите за нив.
Стекнете доверба кај читателите
Вашите потенцијални клиенти веќе се предодредени кон Вас, со тоа што веќе Ве запознале преку вашата експертиза изразена во вашите статии. Кога потенцијалните клиенти ќе го посетат вашиот веб сајт, тие веќе ќе знаат нешто за Вас и ќе ги интересира повеќе со што се занимавате или кои се продуктите кои ги нудите.
Седум до десет пати поефективен начин за рекламирање
Со вашата статија Вие се наметнувате како експерт и со тоа уште повеќе ги привлекува потенцијалните клиенти пред тие да го посетат вашиот веб сајт. Не постои подобар начин за доближување до вашите потенцијални клиенти и купувачи од промовирањето преку статии.
Промовирајте го вашиот бизнис без состаноци
Со Вашите статии на Статија.мк, привлекувате и идеални потенцијални клиенти без да се јавувате на телефон или да држите состаноци со цел да ги продавате вашите продукти. Не се работи за остварување продажба, колку што се работи за генерирање и квалификување на низа нови клиенти. Ние потенцијалните клиенти ги доведуваме до вашиот веб сајт, а потоа останува на Вас да ги искористите посетителите кога дојдат кај Вас.
Зголемете ја посетеноста на вашиот веб сајт
Ова се врши од страна на публикувачите на статиите кои доаѓаат на нашиот веб сајт за да најдат квалитетни содржини со кои може да ги пополнат своите електронски весници или веб страници, како и од директните посетители и читатели на нашиот веб сајт кои трагаат по придобивки од вашата експертиза. Откако вашата статија ќе биде избрана и превземена за објавување, сообраќајот на вашиот веб сајт ќе се зголеми откако читателите ќе кликнат на линкот даден на крајот на вашата статија.
Промовирајте се пред илјадници посетители на Статија.мк
Вашите статии може да бидат прочитани од илјадници читатели кои го посетуваат нашиот веб сајт и веб сајтовите на нашите партнери.
Привлечете квалитетни и релевантни потенцијални клиенти на вашиот веб сајт
Луѓето кои ќе ги читаат вашите статии и кликаат на вашиот линк сместен веднаш до информацијата за Вас како автор, се многу веројатни ваши идни клиенти знаејќи го начинот на кој тие стигнале до вашиот веб сајт.
Можност да добиете бесплатна реклама во други медиуми
Преку полето со информации за Вас како Автор, кое стои на крајот на секоја статија, се рекламирате Вие самите и Вашиот бизнис. Кога интернет публикувачите ќе го дојдат кај нас и ќе ја превземат Вашата статија во нивниот електронски весник, Вие всушност добивате бесплатна реклама во нивниот електронски весник. Колку поголем квалитет внесете во вашата статија, толку има поголеми шанси да бидете дистрибуирани од други публикувачи кои трагаат по содржини на Статија.мк за да ги проследат до илјадници други читатели и членови на нивните дистрибутивни листи.
Зголемете ја продажбата
Иако ова не е единствената, сепак е многу добра причина поради која би требало да поднесувате статии. Не е важно дали продавате продукти, услуги или дури само одредена идеја. Статија.мк може да помогне да ја зголемите вашата продажба со тоа што ќе Ви донесе зголемен сообраќај на вашиот веб сајт кој е резултат на линкот во полето за информации за авторот, на крајот на статијата. На тој начин посетителите можете да ги претворите во Ваши потрошувачи.
Пронајдете клиенти кои претходно не сте можеле да ги најдете
Секоја Ваша поднесена статија е како ловење на нови потрошувачи со огромна мрежа и добивање сообраќај кој никогаш не би го добиле со самото постоење на вашиот веб сајт.
Обезбедете си углед
Секоја поднесена статија пред да се објави се прегледува од нашите уредници кои го проверуваат квалитетот на статиите заради граматички грешки, правописни грешки, непостоечки линкови и итн. Со тоа се обезбедува поголем углед на вашата компанија и вашиот бизнис.