1. Сопственост на права за копирање
Правата за копирање на овој веб сајт и материјалите на овој веб сајт (во кој без ограничување се вклучени текст, компјутерски код, слики, креации, фотографии, музика, аудио материјали, видео материјали, и аудио-визуелни материјали на овој веб сајт) се во сопственост на авторите кои се потпишани под текстовите објавени на Статија.мк
Лиценца за копирање
Статија.мк Ви овозможува општа неексклузивна неотповиклива лиценца за:
– да го посетувате овој сајт и да ги прегледувате материјалите на него преку веб браузер на компјутер или на мобилен телефон
– да го копирате и складирате овој веб сајт и неговите материјали во привремената меморија на вашиот веб браузер, и
– да печатите страници од веб сајтот за вaшa лична и некомерцијална употреба.
Статија.мк не Ви доделува никакви други права врзани за овој веб сајт и за материјалите во него. Со други зборови, сите права се задржани.
За избегнување на дилеми, не е дозволено било какво прилагодување, уредување, трансформирање, публикување, објавување, реобјавување дистрибуција, редистрибуција, пренесување или прикажување во јавност на овој веб сајт или на метеријалите во него надвор од правилата за превземање на содржините дефинирани од страна на Статија.мк.
Прибирање податоци
Автоматизирано и систематско прибирање на податоци од овој веб сајт строго се забранува.
Дозволи
Не е потребно да побарате претходна дозвола од Статија.мк за превземање на текстовите и содржините. За тоа е доволно да ги почитувате правилата за превземање на содржините.
Заострување на правата на копирање
Статија.мк многу сериозно ја разбира заштитата на правата на копирање. Доколку Статија.мк открие дека сте ги користеле заштитените материјали во спротивност од оваа лиценца, може да подигне законски процедури против вас со барање на парична оштета и барање за прекин на користење на овие материјали. Исто така би можеле да бидете приморани да ги платите и судските трошоци.
Доколку откриете било какво користење на материјалите на Статија.мк кое е во спротивност со горе наведената лиценца, Ве молиме пријавете на следната адреса: info@statija.mk
Несоодветни материјали
Доколку откритете било каква содржина на овој веб сајт за кој сметате дека го нарушува вашите или правата на копирање од трети лица, Ве молиме пријавете на следната адреса: info@statija.mk
2. Заштита на лични податоци
Вашата приватност на Статија.мк е загарантирана. Оваа изјава за заштита на приватност дава информации за личните информации кои Статија.мк ги прибира, и за начините на кои Статија.мк ги користи овие информации.
Прибирање на лични информации
Статија.мк може да прибира и дa ги користи следните видови на лични информации:
– Информации за вашето користење на овој веб сајт,
– Информации кои Вие ги внесувате на овој веб сајт,
– Информации кои Вие ги доставувате при запишување на дистрибутивните листи на овој веб сајт, и
– Било какви други информации кои Вие ги испраќате до Статија.мк.
Користење на лични информации
Статија.мк може да ги користи вашите лични податоци за следните активности:
– Администрирање на овој веб сајт,
– Персонализација на овој веб сајт за ваше користење,
– Да Ви овозможи пристап за да ги користите сервисите на овој веб сајт,
– Да објавува Ваши информации на овој веб сајт,
– Да Ви испраќа информации за продукти кои Вие сте ги побарале,
– За да Ви доставува информации за услуги кои Вие сте ги побарале,
– За да Ви издава потврди и фактури,
– За да прибира плаќања од Вас, и
– Да Ви испраќа маркетиншки пораки.
Кога Статија.мк ќе ги проследи Вашите лични информации до неговите агенти и соработници за овие цели, агентите и соработниците ќе бидат задолжени да ги користат овие лични информации во согласност со условите за заштита на приватност.
Дополнително, за разлика од погоре наведеното проследување на личните податоци, Статија.мк може да ги проследи Вашите податоци во случај да тоа е побарано поради законски барања, поврзано со било какви законски прекршувања или идни можни законски прекршувања, и со цел да ги регулира, да ги примени или да ги одбрани законските права.
Осигурување на вашите податоци
Статија.мк ќе превземе разумни технички и организациски мерки за да спречи загуба, злоупотреба или менување на Вашите лични информации. Статија.мк ќе ги чува сите лични информации кои Вие ќе ги внесете на овој веб сајт.
Ажурирање на оваа изјава
Статија.мк може да ја ажурира и промени оваа политика на приватност преку објавување на нова верзија на овој веб сајт. Би требало повремено да ја проверувате оваа веб страница за да се осигурате дека сте запознаени со било какви промени.
Други веб сајтови
Овој веб сајт содржи линкови до други веб сајтови. Статија.мк не е одговорен за политиката на приватност или за праксите на било кои трети страни.
Контактирање со Статија.мк
Доколку имате прашања околу оваа политика на приватност или околу информациите за третманот со вашите лични податоци, Ве молиме испратете порака со прашање на следната email адреса info@statija.mk
3. Правила за користење за читатели
Без гаранции
Овој веб сајт е изработен ваков, без било какви предупредувања или гаранции, било директно или индиректно. Статија.мк не дава појаснувања ниту гаранции поврзани со овој веб сајт или за информациите и материјалите кои се достапни на овој веб сајт.
Без да се наруши воопштеноста на претходниот параграф, Статија.мк не гарантира дека:
– Овој веб сајт ќе биде постојано достапен, или целосно достапен; или
– Информациите на овој веб сајт се комплетни, точни, прецизни и нема да има грешки.
Ништо на овој веб сајт што е објавено не повлекува ниту значи пропагирање, или има значење на пропагирање или советување од било каков вид. Статија.мк не препорачува ништо. Гледиштата и сведоштвата на авторите кои поднеле статии на овој веб сајт се нивна лична сопственост и и не го одразуваат гледиштата и ставовите на Статија.мк, неговиот уреднички тим или сопствениците. Дополнително, не препорачува било каков продукт или услуга од рекламите кои може да бидат објавени на овој веб сајт.
Авторите на статиите на овој веб сајт, не дава медицински, законски или професионални совети, ниту препишува било какви терапии или стратегии кои би требало да бидат тестирани пред користење во професионални цели. Информациите презентирани на Статија.мк се исклучиво за едукативни и забавни цели. Вие самите сте одговорни за вашите активности доколку користите или применувате дел од информациите или инструкциите кои ќе ги најдете на овој веб сајт.
Статија.мк и другите придружни веб сајтови, не гарантира или подразбира било каква законска одговорност за точноста, целосноста или корисноста на за било која информација или продукт кои се презентирани на овој веб сајт.
Ограничени обврски
Статија.мк нема да биде обврзан кон Вас во однос на неговите содржини или неговото користење, или било што друго врзано со овој веб сајт:
– за било какви директни трошоци, овој веб сајт е достапен бесплатно
– за било какви индиректни, посебни или следствени издатоци; или
– за било какви оперативни загуби, загуби на добивка, приход, профит или заостанати заштеди, прекинување на договори или бизнис релации, рушење на углед и реноме, или загуба и корупција на информаци и податоци.
Овие ограничувања на обврските се применуваат дури и кога Статија.мк бил јасно предупреден за потенцијалната загуба.
Исклучоци
Ништо во овој документ нема да исклучи или ограничи било каква гаранција која е произлезена од законска обврска која би била неприменлива за да исклучи или ограничи, и ништо во овој документ нема да исклучи или ограничи од обврските на Статија.мк во однос на било каква ситуација слична на:
– Смрт или лична повреда предизвикана од негрижа на Статија.мк;
– Заблуда или недоразбирање поради заблуда од страна на Статија.мк; или
– Работа, која би била незаконска или законски неприменлива за Статија.мк со цел да се исклучи или ограничи, или да се примени исклучување или ограничување.
Неразумност
Со користење на овој веб сајт, Вие се согласувате дека исклучоците и ограничувањата на обврски изнесени во овој документ се разумни. Доколку Вие сметате дека се неразумни, Вие можете да не го користите овој веб сајт.
Други страни
Вие прифаќате дека, како ентитет со ограничени обврски, Статија.мк има интерес да го ограничи личните обврски на лицата вклучени во неговата изработка. Вие се согласувате дека нема да придонесете или да потврдите лично осуда против лицата вклучени во изработката на Статија.мк, во случај на било какви загуби кои сте ги претпрпеле додека сте го користеле овој веб сајт.
Без нарушување на претходните параграфи, Вие се согласувате дека ограничувањата на гаранции и обврски, изнесени во овој документ ќе ги заштити лицата вклучени во работата на Статија.мк, како и самиот веб сајт Статија.мк.
При користење на овој веб сајт, можете да најдете многу линкови до интернет сајтови. Статија.мк не е договорна за содржината или достапноста на овие интернет сајтови. Статија.мк не гарантира за продуктите, услугите или за информациите кои се наоѓаат на надворешни веб сајтови.
На Статија.мк нема да најдете Pop-Up реклами. Доколку наидете на ваква реклама со кликањето на други интернет сајтови – потребно е да знаете дека тие не потекнуваат од нашиот веб сајт.
Неприменливи точки
Доколку било која точка од овој документ е, или се утврди дека е неприменлива поради примена на законска обврска, тоа нема да влијае на важењето на другите точки од овој документ.
4. Правила за користење за автори
Со поднесување на вашите статии до нас, Вие се обврзувате на следните точки:
Вие потврдувате дека сте единствен сопственик и автор на статијата и поседувате 100% oд правата за копирање на истата.
Со Вашето поднесување на статијата до Статија.мк, ни давате безусловна дозвола да ја публикуваме вашата статија на нашата статија, и доколку биде избрана да биде дистрибуирана преку наш електронски весник, преку RSS feed, и сл.
Со Вашето поднесување на статијата до Статија.мк, давате безусловна дозвола да Вашата статија биде препечатена и реобјавена во други електронски весници, на други веб сајтови како и печатени публикации и изданија. Ние им укажуваме на публикувачите да ги почитуваат правилата за превземање и реобјавување, но и самите знаете дека примената на условите за користење за публикувачите е на ваш ризик и трошок, а не наш. Доколку некој од публикувачите ги прекрши правата на копирање – тоа ќе биде 100% оставено на Вас за да превземете законски активности против оние кои ги злоупотребуваат Вашите права на копирање за да ги заштитите Вашите интереси. Доколку не се сложувате со овие услови, тогаш препорачуваме да не ги поднесувате вашите статии.
Исклучиво на Статија.мк останува одлуката дали вашата статија ќе биде објавена или не, и ако се објави – за колкав период. Не даваме гаранции дека секоја ваша статија ќе биде објавена. Овде се зема во предвид квалитетот. Ги задржуваме правата да отстраниме една или повеќе Ваши статии во било кое време без да дадеме причина за тоа.
Статија.мк има уредувачки тим кој ги задржува правата да ги рекласифицира статиите по категории или да ја промени категоријата на статијата за која сметаат дека најмногу одговара за поднесената статија.
Вие потврдувате дека ќе го платите предвидениот износ за објавување на Вашите статии на нашиот веб сајт. Овие средства се наменети за покривање на основните трошоци за одржување и непречено функционирање на веб сајтот Статија.мк.
Вие потврдувате дека ние не наплаќаме никакви износи на публикувачите за да ги превземаат и објавуваат статиите објавени на нашиот веб сајт. Првата и главна причина за да ги објавите вашите статии на Статија.мк е заради можноста да истата биде избрана и објавена во други електронски весници и други веб сајтови за да биде достапна за нејзините читатели. На овој веб сајт постојано се објавуваат статии од разни автори, па Статија.мк не може да гарантира дека Вашата статија ќе биде избрана за превземање и реобјавување.
Статија.мк може да се финансира и од реклами. Ние го задржуваме правото да објавуваме реклами на истата страница со Вашите статии.
Доколку Вашите статии не ги следат упатствата и препораките од Водичот за пишување и поднесување на статии, нашите уредници може да интервенираат на вашата статија за да истата ги задоволи барањата. Ве молиме прочитајте ги упатствата и препораките од Водичот пред да ја поднесете Вашата статија, со цел да заштедите време и да го забрзате процесот на одобрување на статијата.
Вие потврдувате дека нема да испраќате статии со директни линкови за affiliate програми. Ваквите статии веднаш ќе бидат одбиени. Дозволено е пак да вметнете линк до вашиот веб сајт на кој е поставен линк за affiliate програм.
Вие потврдувате дека нема да нарачувате било какви услуги од интернет сервиси преку кои ќе ја промовирате вашата статија објавена на Статија.мк, со цел да го зголемите бројот на читатели на статијата. Во ваква ситуација, Вашата статија ќе биде отстранета.