Специјално за моите верни читатели конструирав десет клучни правила кои гарантирам дека доколку ги применувате во секојдневната работа ќе придонесат да остварите долгорочен успех. Секое правило мора да го прочитате внимателно. Врз основа на нив треба да ги определите Вашите силни и слаби страни и да се посветите на усовршување на слабите и истакнување на силните.
1. Засакајте ја својата работа и најдете начин да станете исклучителни во неа. Не можете да бидете незаменливи ресурс во Вашата компанија доколку не станете исклучително добри во она што го работите.
2. Одлучете што точно сакате да постигнете во својот живот. Поставете го како Ваша финална цел и одредете колкава цена сте спремни да платите за да го достигнете. Остарувањето на примарната цел бара од Вас да жртвувате одредени работи.
3. Поткрепете ја секоја Ваша цел со следниве атрибути: истрајност, одлучност и волја за нејзино остварување. Издржливоста и флексибилноста се едни од клучните карактеристики на успешните луѓе.
4. Следете ја девизата на доживотно учење и самоусовршување. Читајте, посетувајте семинари и тренинг програми. Континуирано вложувајте во Вашето знаење бидејќи тоа е единственото нешто што никој не може да Ви го одземе.
5. Мудро користете го сопственото време. Организирајте се на начин што ќе Ви помогне максимално ефикасно и правилно го користите Вашето време и осигурете се дека ниту една минута нема да биде залудно потрошена.
6. Почитувајте ги и следете ги пазарните лидери. Одредете ги личностите и компаниите кои се најдобри во својата област и применувајте ги нивните профитабилни и докажани тактики.
7. Зачувајте го сопствениот интегритет. Интегритетот не бара само да бидете искрени кон своите клиенти, туку и кон самите себе и кон личните цели.
8. Користете ја вродената креативност. Секој човек поседува вродена креативност, но за да ја искористите максимално потребно е да ја поттикнете и секојдневно да ја усовршувате. Постојано барајте нови, подобри, побрзи и полесни начини за работа.
9. Третирајте го секој клиент како да е најважната личност на светот, како да вреди милион долари.
10. Работете напорно и ќе успеете. Доколку дадете сè од себе за остварување на поставените цели, ќе станете успешен бизнис професионалец каков што никогаш не сте мислеле дека може да бидете!
Треба да се запамети дека доколку напорно работите и ги применувате овие едноставни правила, ќе постигнете повисоко ниво на самодоверба и среќа и за година или две ќе успеете да го постигнете она што на многумина не им успева ниту за десет.
Остави коментар