ПЕТ СОВЕТИ КАКО ДА ГО ЕНЕРГИЗИРАТЕ ВАШИОТ МОЗОК ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД РАБОТНИОТ ДЕН
Дали после пладне се чувствувате дека немате доволно енергија за работа? Повеќето луѓе се изјаснуваат дека вториот дел од работниот ден не се толку енергизирани. Ова е резултат на природниот биоритам и стрес на денот. Иако постои бројна литература за предностите од кратката но моќна дремка, сепак организациските култури не ја дозволуваат во пракса. Еве неколку алтернативи кои се брзи и лесни за да си ја вратите енергијата.
1. Станете од столчето – на секои 45 до 60 минути. Направете нешто различно. Ако сте работеле нешто што бара ментален фокус, тогаш станете. Ова е одлично време за да проверите електронска пошта или да одговорите на пропуштен телефонски повик.
2. Одете по скали – движењето е одлична стимулација за крвниот притисок. Ако имате нешто што треба да го однесете во некоја друга канцеларија, искористете го ова време со што ќе бидете и продуктивни. Во спротивно неколку пати качете се и симнете се по скалите.
3. Водете сметка за времето на ручек – преку храната особено се надоместува изгубената енергија. Вашиот ручек треба да содржи лесни протеини и сложени јаглехидрати за да се обнови енергијата и мозокот повторно да ви функционира како што сакате. Не го прескокнувајте ручекот. Ако го прескокнувате ручекот, ја намалувате способноста за фокус. Исто така не треба да се прејадувате! Една од причините за попладневната поспаност е заради потребата на желудникот да ја обработи храната. Кога јадете, џвакајте полека. На овој начин не само што ќе помогнете за лесно варење на храната туку и јадењето ќе го претворите во повеќе свесна активност. Прво јадете ги протеините, а потоа сложените јаглехидрати. Клучот е во сложените јаглехидрати, односно повеќе од потребни на оние што мислат!
4. Обрнете внимание на дишењето – најдете мирно место или дел од времето на вашето работно место кога е потивко за да внимавате на дишењето. Свесното дишење во период од неколку минути ќе предизвика да го забавите дишењето. Ова пак води кон земање воздух подлабоко. Како што ќе дишете побавно и подлабоко, така ќе внесувате повеќе кислород во мозокот, со што ќе го исчистите умот и ќе се чувствувате освежено. За ова ви се потребни само неколку минути.
5. Слушајте музика – музика одлично го стимулира мозокот. Двете хемисфери се вклучени при слушањето музика. Ако правите некоја работа која бара голема концентрација, нека биде тоа некоја стимулирачка музика, без јак ритам, а потоа станете и размрдајте се неколку минути. Или пак ако цел ден сте биле во некакво движење, потребно е да слушате потивка и побавна музика за да го смирите и исчистите умот за повторно да се фокусирате.
Aвтор: М-р Гордана Андоновска е сопственик на центарот за развој на човечки потенцијали – Ин Оптимум. Таа е прв сертифициран обучувач за методот Power Reading Брзо Читање во Македонија. За повеќе информации посетете ја нивната веб страница http://www.brzocitanje.com.mk/.
Остави коментар