• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Милан Новковски / Здрави финансиски навики

Здрави финансиски навики

20.09.2023 Категории: Лични финансии, Милан Новковски

Внимавај на твоите мисли, бидејќи тие прераснуваат во зборови.
Внимавај на твоите зборови, бидејќи тие прераснуваат во дејства.
Внимавај на твоите дејства, бидејќи тие прераснуваат во навики.
Внимавај на твоите навики, бидејќи тие стануваат дел од твојот карактер.
Внимавај на твојот карактер, бидејќи прераснува во твоја судбина.
Од непознат автор

Што е здрава навика?
Здрава е онаа навика која ја употребуваме во нашето секојдневие, понекогаш и несвесно, но сепак дисциплинирано ја извршуваме заради остварување долгорочна корист во нашиот живот. Некои навики одземаат неколку секунди или минути од нашето време (миењето заби на пример) додека некои одземаат и по неколку часови (а нив многу ретко ги користиме). Во секој случај, потребни ни се здравите навики затоа што во себе имаат вградени две суштествени компоненти: долгорочна корист и дисциплина. За една навика да биде успешно применета, потребно е да има мерлива вредност кон која еден човек се стреми. Кога човек ќе ја спознае вредноста, потребна е серија од повторувања (тука влегува дисциплината) за да се почувствуваат краткорочните ефекти кои ќе послужат како основа за подоцна да се почувствуваат и долгорочните ефекти. Велат дека доволни се само дваесет и еден ден во практикување на новата активност за да таа прејде во навика.

Здрави финансиски навики се оние навики со чие дисциплинирано применување се обезбедува финансиска сигурност во секојдневието за потоа да прерасне во финансиска стабилност на долг рок.

Следуваат неколку совети за стекнување здрави финансиски навики:

Направете финансиска евиденција на вашите приходи и трошоци на месечно ниво. Ова е појдовна точка кон вашата финансиска слобода, поточно тоа е одредница која покажува дали трошите повеќе од колку што заработувате. Од тука започнува освестувачкиот момент, останатото зависи од вас. Не мора да навлегувате во детали, за почеток доволно е да имате груба претстава за основните трошоци (сметки за комуналии, цигари, трошоци за излегување и слично). Започнете со груби цифри за потоа да навлезете во деталите.

Поставете финансиски цели. Потребно е да поставите финансиска цел која може да ја достигнете во одреден временски период, цел која е пожелно да зависи директно од вас, без влијание на надворешните околности. Доколку од финансиската евиденција увидовте дека трошите повеќе од колку што заработувате, тогаш потребно е да имате приходи кои барем ќе се изедначат со трошоците, од проста причина да не одите во минус од месец во месец.

Чувајте ги вашите фискални сметки. Да, тоа се оние мали парчиња хартија кои ги занемаруваме и ги фрламе во корпа за отпадоци во моментот кога ќе излеземе од продавницата. Сепак тие се тука заради нас и наша должност е да ги почитуваме затоа што во нив се крие клучот за финансиската стабилност. Наместо да ги фрлите, зачувајте ги во еден од џебовите од панталоните или чантата кој е посебно одвоен само за оваа намена. Не мора да придодавате голема важност на овој настан, бидејќи ве чини неколку разумно потрошени секунди од денот за да ги соберете и уште неколку секунди на крајот од денот за да ги извадите од џеб и да ги ставите во фиока, папка или што и да одберете. Критичниот момент е последниот ден во месецот. Тогаш ќе ги извадите сметките и ќе ги попишете според категории за тоа на што и колку сте потрошиле од вашите пари. Ова е активност која може да одземе и повеќе од еден час, но ефектите се огромни. Ако сакате можете да водите евиденција и на дневно ниво. Тоа ќе ви одземе само неколку минути во текот на денот и ќе можете да се сетите да ги евидентирате и оние трошоци за кои немате фискална сметка.

Отплаќајте ги во целост месечните долгови кои ги имате на вашите кредитни картички. Иако на прв поглед каматната стапка делува незначителна за вашиот буџет, кога врз неа ќе се примени каматно каматниот ефект, по неколку месеци ќе имате долг кој ќе продолжи да ве прогонува и да го натежнува вашиот буџет.

И за крај, неколку ситни совети од секојдневието:

Пред да излезете наутро, испразнете ги џебовите (панталоните, јакната, чантата) од сè она што ви е непотребно како на пример: хартивчиња, ситни парички, ѓубренца. Поентата е едноставна: со чисто лице и чисти џебови тргнете во освојување на денот. Џебовите се дел од вашата приватност и сопственост. Тие се ваши сојузници и затоа е потребно да бидете свесни за нивната содржина, со посебна свесност за количината на пари кои ги поседувате со вас во моментот.

Кога веќе беа спомнати ситните парички, што вие правите со нив? Се случува ли да ги забележите расфрлени низ домот, да не водите грижа кога ќе ви испаднат од џебовите? Тоа се сепак пари, колку и тие да се на изглед ситни и незначителни. Кога би ги собирале во некој голем сад кој ви е на дофат на рака (сместени покрај врата или во некој дел од мебелот), по некое време големиот сад, ќе прерасне во голем сад со парички кои откако ќе ги преброите, нема да изгледаат така ситни и незначителни.

Тоа беа само дел од советите кои можеби ќе поттикнат здрави финансиски навики во вашето секојдневие. Се разбира, ова не се единствените или можеби најкорисните навики за вашиот тип на карактер.

Aвтор: Милан Новковски е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Лични финансии, Милан Новковски

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·