• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Неделен магазин Капитал / Десет најголеми грешки во интернет маркетинг

Десет најголеми грешки во интернет маркетинг

20.09.2023 Категории: Маркетинг, Неделен магазин Капитал

Многу почетници во рекламирањето на Интернет, па дури и некои ветерани во тоа, продолжуваат да ги прават истите грешки. Ќе ви дадеме преглед на неколку грешки што треба да се избегнуваат.

1.Посетителите на вашата веб-страна премногу чекаат. Луѓето очекуваат Интернетот да биде брз. Ако вашиот сервер е бавен или користи графика за која треба две минути да биде вчитана, може да се збогувате со вашите потенцијални купувачи. За да направите ефикасен онлајн маркетинг, треба брзо да ја ставите вашата информација пред очите на луѓето.

2. Техничка ароганција. Немојте да си претпоставувате дека сите ја имаат најновата верзија на програмата потребна за да се види вашиот сајт. Немаат сите инсталирано Macromedia Flash, на пример. Секогаш имајте подготвено HTML и текст-верзии за овие посетители.

3. Немате offline marketing. Целта е да го насочувате интернет- сообраќајот кон вашиот сајт, но никој не е онлајн цело време. За успешно да правите маркетинг на интернет-сајт, исто така ви треба и *offline marketing.

4. Вашиот сајт не е во листата на интернет-пребарувачите. Изненадувачки е колку многу луѓе ги користат интернет- пребарувачите(Google,Yahoo и др.) цело време, а не им текнува да ги стават своите сајтови на истите овие пребарувачи. Треба да го ставите својот сајт на секоја од овие пребарувачки машини, и бидејќи сите тие не работат на ист начин, дознајте какви се условите на секоја посебно, за да се најдете на нивните листи.

5. Не го обновувате сајтот со информации. Многу бизниси ги оставаат нивните веб-страни со застарени информации. Треба постојано да бидете свежи ако сакате да привлечете купувачи. Ако на вашиот сајт имате маркетинг-материјал за специјалните новогодишни попусти, а веќе е месец фервруари, само си ги губите потенцијалните купувачи.

6. Лошо избрано партнерство. Бидете многу внимателни со кого влегувате во заеднички маркетинг-потфат. Некои компании со кои може да направите партнерство, т.е. посетителите на вашата страна да бидат пренасочени на нивната страна, знаат да пуштаат спамови (од анг. spam-испратен маил што не сте го побарале, обично со рекламни пораки и сл), кои може да бидат многу иритирачки за вашите потенцијални клиенти, а тие сето тоа да го поврзуваат со вашиот сајт.

7. Ги малтретирате посетителите со бескрајни формулари. Ако сакате да ги заинтересирате потрошувачите да се регистрираат за добивање на редовни информации или, пак, за да извршат купување од вашиот сајт, не ги терајте да поминуваат низ еден куп прашања. Секое наредно прашање што им го поставувате, освен за името и имејл адресата, ќе ве чини 10% до 15% од вашите потенцијални купувачи.

8. Не го користите виралниот маркетинг. Да постигнете вашите клиенти да прават маркетинг за вас е многу ефикасно и ви ги намалува трошоците. Почнувајќи од едноставниот” препрати го на пријател” линк, па до понудите од типот “две за едно” кај маичките и другите ситници што може да ги носат вашите потрошувачи, можете да извадите корист од т.н. “од уста на уста” или вирален маркетинг.

9. Не собирате имејл адреси. За да правите успешен онлајн маркетинг, ви требаат луѓе кон кои ќе го насочите. Искористете ја секоја прилика да соберете имејл адреси од вашите посетители за да креирате листа на оние што ќе се согласат да им праќате рекламни пораки и во иднина.

10. Спаминг. Не подлегнувајте на искушението на спамингот. Маркетирајте само преку дозволени листи на корисници. Ако имате некакви сомнежи или не сте сигурни дали спамирате или не, подобро не ги праќајте мејловите.

Превземено од: Неделен магазин Капитал.

Категории: Маркетинг, Неделен магазин Капитал

За авторот:

Славчо Бујароски е директор и сопственик на Сигма-СБ, компанија за производство и имплементација на деловен софтвер. За повеќе информации посетете ја веб страната на www.sigmasb.com.mk

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·