Многу почетници во рекламирањето на Интернет, па дури и некои ветерани во тоа, продолжуваат да ги прават истите грешки. Ќе ви дадеме преглед на неколку грешки што треба да се избегнуваат.
1.Посетителите на вашата веб-страна премногу чекаат. Луѓето очекуваат Интернетот да биде брз. Ако вашиот сервер е бавен или користи графика за која треба две минути да биде вчитана, може да се збогувате со вашите потенцијални купувачи. За да направите ефикасен онлајн маркетинг, треба брзо да ја ставите вашата информација пред очите на луѓето.
2. Техничка ароганција. Немојте да си претпоставувате дека сите ја имаат најновата верзија на програмата потребна за да се види вашиот сајт. Немаат сите инсталирано Macromedia Flash, на пример. Секогаш имајте подготвено HTML и текст-верзии за овие посетители.
3. Немате offline marketing. Целта е да го насочувате интернет- сообраќајот кон вашиот сајт, но никој не е онлајн цело време. За успешно да правите маркетинг на интернет-сајт, исто така ви треба и *offline marketing.
4. Вашиот сајт не е во листата на интернет-пребарувачите. Изненадувачки е колку многу луѓе ги користат интернет- пребарувачите(Google,Yahoo и др.) цело време, а не им текнува да ги стават своите сајтови на истите овие пребарувачи. Треба да го ставите својот сајт на секоја од овие пребарувачки машини, и бидејќи сите тие не работат на ист начин, дознајте какви се условите на секоја посебно, за да се најдете на нивните листи.
5. Не го обновувате сајтот со информации. Многу бизниси ги оставаат нивните веб-страни со застарени информации. Треба постојано да бидете свежи ако сакате да привлечете купувачи. Ако на вашиот сајт имате маркетинг-материјал за специјалните новогодишни попусти, а веќе е месец фервруари, само си ги губите потенцијалните купувачи.
6. Лошо избрано партнерство. Бидете многу внимателни со кого влегувате во заеднички маркетинг-потфат. Некои компании со кои може да направите партнерство, т.е. посетителите на вашата страна да бидат пренасочени на нивната страна, знаат да пуштаат спамови (од анг. spam-испратен маил што не сте го побарале, обично со рекламни пораки и сл), кои може да бидат многу иритирачки за вашите потенцијални клиенти, а тие сето тоа да го поврзуваат со вашиот сајт.
7. Ги малтретирате посетителите со бескрајни формулари. Ако сакате да ги заинтересирате потрошувачите да се регистрираат за добивање на редовни информации или, пак, за да извршат купување од вашиот сајт, не ги терајте да поминуваат низ еден куп прашања. Секое наредно прашање што им го поставувате, освен за името и имејл адресата, ќе ве чини 10% до 15% од вашите потенцијални купувачи.
8. Не го користите виралниот маркетинг. Да постигнете вашите клиенти да прават маркетинг за вас е многу ефикасно и ви ги намалува трошоците. Почнувајќи од едноставниот” препрати го на пријател” линк, па до понудите од типот “две за едно” кај маичките и другите ситници што може да ги носат вашите потрошувачи, можете да извадите корист од т.н. “од уста на уста” или вирален маркетинг.
9. Не собирате имејл адреси. За да правите успешен онлајн маркетинг, ви требаат луѓе кон кои ќе го насочите. Искористете ја секоја прилика да соберете имејл адреси од вашите посетители за да креирате листа на оние што ќе се согласат да им праќате рекламни пораки и во иднина.
10. Спаминг. Не подлегнувајте на искушението на спамингот. Маркетирајте само преку дозволени листи на корисници. Ако имате некакви сомнежи или не сте сигурни дали спамирате или не, подобро не ги праќајте мејловите.
Превземено од: Неделен магазин Капитал.
Остави коментар