• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Благоја Грубор / Дали на тимот му треба овластување?

Дали на тимот му треба овластување?

20.09.2023 Категории: Благоја Грубор, Менаџмент

При воведувањето на тимската работа во своите компании менаџментот вообичаено размислува за бенефициите кои таа ќе и ги донесе на компанијата. Оваквото размислување го темели на информации за тимската работа од разни извори, и на искуствата со тимска работа во други компании. При тоа, најчесто, не размислува за едно прашање, кое е од голема важност за тимската работа, а тоа е овластувањето на тимот. Ова прашање е многу важно, затоа што битно влијае врз тимската работа и односите во организацијата.

Давањето овластување на тимот е нешто кое не може да се заобиколи во тимската работа. Ова прашање, поставено во облик: Дали на тимот му треба овластување? задолжително се појавува пред менаџментот кој воведува тимска работа во својата организација. Тој мора да сфати и прифати дека на тимот мора да му се даде соодветно овластување, затоа што овластувањето е неопходен предуслов за ефективна тимската работа. Тимската работа на тимот кој нема соодветно овластување е осудена на неуспех.

Овластувањето, општо сфатено, не значи дека тимот ќе ги донесува сите одлуки кои му се потребни за работењето. Овластениот тим одлучува и ги насочува оние работи за кои има добиено овластување, при тоа имајќи го во предвид нивото на знаење на членовите на тимот и насоката во која организацијата се движи.

Недостатокот на соодветното овластување го прави тимот неефективен, а неговите членови фрустрирани.

Анализа на овластувањата
Давањето овластување, колку и да изгледа едноставно на прв поглед, не треба така да се сфаќа, затоа што тимот ќе донесува одлуки, а одлуките ќе се имплементираат. Имплементирањето на одлуките подразбира активности, кои носат резултати за организацијата, позитивни или негативни. Затоа, менаџментот, пред да пристапи кон прераспределба на овластувањата, треба да ја анализира состојбата на тие овластувања. Оваа анализа има многу големо значење кога во организацијата се воведува тимска работа од поголем обем.

Менаџментот, во рамките на оваа анализа, задолжително треба да одговори на следниве прашања:
• Кои одлуки ќе бидат во исклучива надлежност на тимот?
• Кои одлуки ќе бидат резултат на соработката помеѓу тимот и менаџментот?
• Кои одлуки ќе бидат резервирани за менаџментот, но ќе се базираат на соработката со тимот?
• Кои одлуки ќе бидат во исклучива надлежност на менаџментот?

Одговорите на овие прашања ќе ја разјаснат состојбата на овластувањата во организацијата. Ќе биде јасно што менаџментот задржува за себе, што тимот добива во своја надлежност, и што е оставено за соработка помеѓу менаџментот и тимот.

Граници на тимското овластување
Особено е важно тимските членови и менаџерите да имаат заедничко сфаќање околу границите на овластувањето, кое му е дадено на тимот. Заедничкото сфаќање на границите на тимското овластување ќе елиминира, или барем ќе ги сведе на минимум, многу недоразбирања околу одлуките и нивното имплементирање. Тоа ќе го намали незадоволството кај менаџерите од тимските одлуки и ќе ја елиминира фрустрацијата кај тимските членови од оспорените овластувања. Првото предизвикува отпор во менаџментот, а второто апстиненција на вработените од тимската работа.

Овластувањето како пречка за тимската работа кај нас
Во нашата средина најголемите пречки за тимската работа се појавуваат токму по прашањето на овластувањата. Ова не се однесува на воведувањето, туку на самата тимска работа. Менаџментот во нашите организации, знаејќи за предностите на тимската работа, сака истата да ја воведе, но при тоа се двоуми околу делегирањето на овластување на тимот. Дури, често пати, менаџментот прифаќа работата да се работи тимски без да помисли дека тоа ќе повлече и прераспределба на овластувањата во организацијата. А кога тоа ќе дојде на дневен ред, тогаш кај менаџментот се појавуваат дилеми во однос на потребата од тимската работа, дури и се појавува отпор кон неа. Ситуацијата посебно станува непријатна кога тимската одлука не му е по мерка на менаџментот. Тогаш тој не сака таа да се имплементира. При тоа тој сака да ја задржи тимската работа, а не знае како тоа да го направи. Ова предизвикува разочарување и губење секакава желба кај вработените за понатамошно учество во тимска работа.

Aвтор: М-р Благој Грубор е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во фокусот на неговиот интерес е тимската работа. Вработен како консултант во Детра Центар, Скопје. Реализира обуки во областа на тимската работа, интегрира оперативни тимови и фасилитира тимски состаноци на работни тимови. За да ги видите можностите за учење на тимската работа посетете го веб порталот на http://www.detra.edu.mk

Категории: Благоја Грубор, Менаџмент

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·