• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Ана Чучкова / Зрели години

Зрели години

26.10.2010 Категории: Ана Чучкова, Психологија

Детство, адолесцентност, младост, зрелост, старост – засебни епохи во нашиот живот, секоја од нив ја заменува претходната. Последователноста на развојни етапи се карактеризира со непроменливост, со одреден тек и неизбежна смена на периодите.

Што значат развојните етапи во животот на човекот? И одговорот не е еднозначен, бидејќи за возраста, времето е многумерен поим, има различни квалитети и има различни критериуми за оценка.

До средината на 20 тиот век зрелата доба кај човекот била најмалку проучувана. Не постоеле систематски теории што даваат одговор на прашањето за суштината на психичниот развој во овој дел од животот. Не постоело интегрирано познавање, имало малку емпирични истражувања.

Бартлет го објаснува ова со две тврдења:
– Здравиот разум и научната мудрост прифаќаат дека развојот завршува со детството
– Во рани историски времиња зрелоста била најмалку отргнат дел од животот и повеќето социјални дејства биле насочени кон иницирањето на детето во општеството на возрасните.

Life –span е техника во чија основа е дека позитивните и уникатни промени во развојот можат да се извршат за време на секоја епоха од животниот пат.

Целта ми е да ги сопреме постоечките предрасуди, стереотипи и митови за опаѓање што настапува со возраста, затоа што една квалитетна работа на теориите е генеративноста на нови идеи што ги надминува закоравените разбирања.

Љубовта и сексот се меѓу најважните социјални и лични теми преку целиот живот, вклучително и во зрелата доба и можат да продолжат да помагаат на постарите луѓе да се насладуваат на овие години. Загубите што се претрпуваат со загубата на партнерот се типични за ова време од животот, исто како и енергичноста и интересот за животот и ги прават способни да бидат отворени за да бидат во врска со некој. Како што спомнав, загубите од староста се значително големи но значителна е и силата со која што многу возрасни луѓе справуваат со нив.

Проблемите на староста навистина се важни но ние навистина треба да ги видиме и позитивните страни на долгиот живот. Староста е уникатна етапа од животниот развој како што одбележуваат геронтолозите Robert N. Butler и Myrna I. Lewis (1982): за време на детството ние ја собираме и рашируваме својата сила и искуство, но за време на староста ние откриваме смисла во тоа да се приспособиме; за време на староста ние ја изјаснуваме и откриваме смислата на тоа што сме го научиле до тогаш. Израснувањето и адаптацијата се присутни и во староста како и кај другите животни етапи од животниот циклус, доволно е старите луге да се реалистични, да научат да ја чуваат силата и да се приспособуваат кон промената и загубата, да ги искористат продуктивно овие години. Во оваа доба од животот одредени чувства излегуваат во прв план кај повеќето луѓе.

Ново осознавање за времето и животниот пат, желбата да го остават наследството на своите деца (или светот) и стремеж да ги предадат плодовите од своето искуство (да го дефинират животот дека има смисла).

Луѓето што се чувствуваат добро, што имаат можност да ја демонстрираат својата компетентност и што чувствуваат дека го контролираат животот се уверени во себе и би можеле да се справат со загубите што во принцип се налице во оваа доба – смртта на сакани блиски, загуба на телесна сила и сензорна острина. Успешното стареење е важно и многу луѓе овој стадиум го преживуваат позитивно.

Трите кризи на староста

Роберт Пек ја разработува теоријата на Ериксон за психичниот развој во староста. Тој дефинира три основни кризи што човек треба да ги разреши за да има здраво психично функционирање.

– Его-дефинирање спрема прифаќање на работна улога.

Основната тема на оваа криза лежи во прашањето што секој човек треба да си го постави: Дали мојата работа ме прави значаен толку колку што навистина сум или можам да бидам значаен и на друг поразличен начин – како исполнувач на други нови улоги, заради мене самиот? – ова прашање што човек може да си го постави за време на староста е многу решавачко. Посебно за време на пензионирањето луѓето имаат потреба да ја предефинират својата значајност како човечки суштества надвор од работната улога. Колку полесно се справат со откривањето на своите карактеристики и со гордост ги покажат – толку поуспешно ќе ја задржат својата виталност и чувството за себе.

Една жена на која што била посветена на домот и семејството и тоа било нејзина работа се исправува пред овој проблем кога децата ќе го напуштат домот или мажот и ќе почине. Независно дали кариерата била насочена кон работното место или дома, луѓето што се приспособуваат кон загубата на кариерата имаат потреба да се анализираат себе си и да ги откријат другите интереси што ќе ги надополнат тие што претходно им давале насока и структура на животот. Тие имаат потреба да утврдат дека нивното его е побогато и поразнообразно од сите оние задачи што ги имале во работата.

– Намалување на физичките способности. Со самото намалување на физичките способности настапува и втората криза. На оние луѓе што физичкото здравје имало посебно значење можат да дојдат до очајување при секое влошување на физичката способност или при секоја појава на телесни болки.
Тие што наместо ова се фокусирале кон задоволството од односите и комуникацијата со другите луѓе и придобивање на способности за кои што не е потребно посебно здравје се способни да го надминат физичкиот дискомфорт. Потребно е уште во порана возраст да се развие ориентација за претерана грижа за телото но таа е подложена на критичка проверка преку староста. Кај спортистите посебно оваа криза може да биде многу озбилна и тешко надминлива.

– Разбирањето за смртта – “успешната адаптација кон перспективата за смртта може да биде најбитното достигнување преку годините”. Како луѓето можат да го тансцендетират своето его тука и сега за да постигнат позитивна гледна точка кон неизбежноста од смртта? Прифаќајќи го начинот на кој што го воделе својот живот ќе може полесно да се даде значење – одгледување на децата, придонесот што го направиле за културата, личните односи што ги изградиле. Во суштина тие ги натфрлуваат границите на своето его допринесувајќи среќа и подршка на другите – нешто за кое што Пек вели: “ова го дефинира човечкиот начин на живот од оној на животните.”

Успешно стареење
Еден возрасен човек што седи мирно и лулајќи се го набљудува светот може да се адаптира исто толку добро кон староста како и тој што постојано е во движење и зафатен од утро до мрак. Има повеќе од еден начин да се старее успешно и моделот зависи од секоја индивидуалност и уникатни животни ситуации.

Всушност овде ќе изложам две теории што секако имаат многу пропусти и се критикувани од многу учени. Но сепак отвараат нови видувања и можности за доизградба на истите.

Теорија за деангажираност

Стариот човек доброволно ги прекратува активностите и одговорностите а општеството потпомага во тоа, како на пример долгот да отидеш во пензија. Теоријата тврди дека ова е нормално бидејки човекот започнува да се свртува кон себе и да не вложува многу во емоционалното кон другите. Кога човекот доброволно го прифаќа ова и доброволно допринесува за ова го задржува високиот животен дух. Оваа теорија потикнала да се направат многу истраживања. Овие истражувања покажале дека теоријата не е целосна. Всушност иследувањата покажуваат дека деактивноста на стари години не е задолжителна и не е сврзана само со физичкте проблеми. Така на пример некој човек што работел како професор, писател и слично, и после пензионирањето останува во контакт со негови колеги, тој е активен и понатаму. Критичарите едногласно не ја прифаќат оваа теорија велејќи – ако тврдиме дека стареењето зависи од социјалните фактори, пензионирање, неактивност, физичка неспособност и дека самите луѓе ова го сакаат – тоа значи дека луѓето што се во овие зрели години ги ставаме на страна и не ги разбираме нивните потреби.

Теорија за активноста

Согласно оваа теорија која што вели колку поактивен останува човекот во овие години толку поуспешно и среќно ќе остарее. Оваа теорија целосно е спротивна на првата. Кога човек останува колку што може ист како и кога бил во средни години и не ги променува своите активности туку ги задржува или наоѓа замена со други активности тогаш стареењето би било поуспешно и полесно.

Исполнетоста на животот доаѓа од улогите што ги имаме на пример како родител, сопруг, кариера – се тие што го исполнуваат човекот. Откако сето ова стариот човек го остава настрана после неговото пензионирање толку потешко би било да ја прифати и задоволно да ја живее староста.

Постојат три типа на активности: неформална која ги вклучува работите како што се дружење со блиски луге, пријатели и соседи, и формална: учество во групни дејности и осамена активност читање, или некое друго хоби. Benston и Peterson (1972) во едно интервју доаѓаат до заклучок дека исполнетоста на стари години не е сврзано со активностите. Најисполнети биле луѓето што имале неформални активности додека луѓето што имале формални активности на овие години не биле задоволни од начинот на стареење.

Можно е луѓето што не се задоволни од животот да продолжуваат да бараат формани активности на стари години.

И двете теории ја содржат својата вистинитост и невистинитост. Адаптирањето кон стареењето не зависи само од активностите или неактивноста, индивидуалноста и начинот на справување со одредени ситуации во текот на животот го одредува начинот на стареење. Дали еден човек ќе живее со полно срце и душа за време на неговата старост или ќе остане налутен на ситуациите на животот и на самиот себе зависи од критичноста на самиот човек.

Aвтор: М-р Ана Чучкова е главен уредник на првиот весник за психологија и психотерапија Психолог. Спроведува и организира групи за личен раст и развој. За да видите што ќе добиете со психотерапија и учество во групи видете повеќе информации или јавете се: http://www.psiholog.com.mk/?page=sorabotka

Категории: Ана Чучкова, Психологија Тагови: живот, стареење, човек

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·