Зошто жените не сакаат срамежливи мажи?
Еве зошто… Папучарот:
Никогаш не го прави првиот чекор
Жените сакаат мажот да ја покани да излезат, да го испланира целиот настан и да ја бакне кога таа најмалку очекува – накратко ризикува. Знам дека ризикот од одбивање е фрустрирачки, но нема да стигнете далеку доколку не го направите првиот чекор. Покрај недостатокот од иницијатива, срамежливите луѓе општо знаат да бидат попасивни, а таквите мажи можат да бидат многу иритирачки. Немојте да се двоумите да го кажете своето мислење или своите забелешки доколку ги имате.
Не е спонтан
Штом ќе започнете врска со девојка, ништо не може толку да ја израдува од тоа спонтано да ја земете од дома и да ја однесете на релаксирано излегување, без да размислувате дали таа го сака тоа или не. Изнесете ја и не ѝ кажувајте каде одите. Доколку мажот е премногу срамежлив, веројатно тој оди на прсти обидувајќи се да ѝ угоди наместо да се опушти и да покаже колку може да биде жив.
Секогаш прашува за дозвола
Со недостатокот од спонтаност, срамежливите мажи постојано бараат одобрување од жената пред да направат што било, почнувајќи од едно обично бакнување па сè до секс. Доколку таа сака да ја бакнете, ќе знае кога ќе се обидете и ќе ви дозвли, а доколку не сака, веројатно ќе успеете да ја бакнете само во образ.
Несигурен е
Голем дел од неговата срамежливост потекнува од несигурноста, што значително ги одбива жените. Доколку не сте доволно сигурни во себе, можете да ѝ пријдете на жената и да започнете разговор, сетете се колку можности пропуштате. Освен тоа, зошто жената би сакала да поразговара со маж кој за себе мисли дека не е интересен.
Потребна му е дадилка
Ниту една жена не сака тип кој за кој мора да се грижи кога е со него надвор или во било кое друго друштво, токму како што не сака да му биде водич ниту во креветот.
Сега кога знаете како вашата срамежливост е одбивна за жените, еве неколку совети како да станете повеќе самоуверени. Самодовербата не може да се стекне преку ноќ, но со вежби може постепено да се намали срамежливоста:
Работете на вашата самодоверба
Изградете ја вашата самодоверба така што ќе направите листа на вашите достигнувања во животот, на вашите карактерни и останати особини, накратко на сè што мислите дека ви оди во прилог. Тоа може да ви помогне да сфатите колку сте всушност добри.
Бидете добар со сите
Преземете чекори да станете подруштвен. Разговарајте со секоја жена на која ќе наидете, со продавачката во продавница, со тетката во киоскот. Откако ќе се научите да започнете разговор со жена на која случајно сте наишле, ќе ви биде многу полесно да започнете разговор и со симпатичната блондинка од блиското кафуле.
Симнете ја од тронот
Однесувајте се со неа како да сте со некој од вашите пријатели, а не со кралица. Не плашете се да ризикувате. Нека им се тресат колената затоа што се во вашето друштво. Многумина мажи мислат дека се обѕирни кон женските чувства, доколку се сложат со она што таа ќе го каже. Тоа може да не ѝ се допадне на почетокот на врската и доколку продолжите со ваков тренд набрзо ќе го изгуби секој интерес за вас. Без оглед колку и да зборуваат дека се независни и силни како мажи, жените сè уште сакаат да бидат во близина на спонтан маж кој знае да ги преземе работите во свои раце, во секоја ситуација кога е потребно. Жените сакаат чувство на возбуда кога се во друштво на силни мажи.
Еве неколку начини како да преземете иницијатива:
1 – Направете план:
Жените сакаат кога мажите ќе направат план за излегување, на пример на вечера без претходно да ги прашаат што било и поради тоа се чувствуваат посебно и романтично.
2 – Бидете предизвик:
Доколку жената ви каже да направите нешто што не е во склад со вашите желби, со вкусот или со со сфаќањата, спротивставете ѝ се и немојте да го направите тоа.
3 – Кажете што мислите:
Немојте да се плашите да кажете што мислите, дури и ако е спротивно од она што таа го вели. Жените повеќе ги ценат мажите кои имаат ставови за разлика од оние мажи кои кукавички се сложуваат со сè што таа ќе каже. Важно е да можете да ги изразите своите желби и ставови без чувство на вина.
Само напред!
Не е важно доколку сте срамежливи. Не е важно дури ни доколку изгледате малку чудно. Морате да се обидете. Во спротивно, на крајот ќе останете сами со исфлекани гаќи, јадејќи виршли пред вашиот ТВ приемник во сабота навечер.
Приоѓањето на жените е како пикање на раката во клозетска шолја зашто таму ви паднал новчаникот. Едноставно морате да се натерате да го направите тоа. Сетете се само на наградата која ве чека. Немојте воопшто да се обидувате со “упаѓања”.
Едноставно само кажете го она што прво ќе ви падне на памет. “Мојот пријател работи во Баргала и може да ви набави квалитетни и евтини чевли”. Можете дури и да се обидете со искрен пристап, познат како пристапот на Џорџ Констанца од серијата Зајнфилд: “Јас се викам Џорџ. Невработен сум и живеам со своите родители”.
Не е важно што ќе кажете. Важно е дека сте започнале разговор! Што најлошо може да ви се случи? Од друга страна, може да ви се случи да си поразговарате со згодна девојка. Кој знае, можеби и ќе излезете со неа. Сетете се само на рибарот кој фрла јадица во вода. Многу риби ќе ја игнорираат, но со тек на време една убава риба ќе се улови на неа. Доколку не ја фрлите јадицата, нема да ја уловите!
Срамежливост
За некои мажи, приоѓањето на на девојката и разговор со неа им се чини како невозможна мисија. Знам дека не е лесно, но доколку морате да ја зграпчите самодовербата за рогови, отфрлете ги стекнатите манири и бидете подготвени да се ослободите од срамежливоста еднаш засекогаш.
По одбивањето, многу мажи или се оглушуваат па им е сеедно дали ќе бидат одбиени или стануваат премногу пријателски настроени кон жените. Од пријателства, можете евентуално да добиете бакнеж во образ.
Автор: Валентин Јуриќ, Хрватска
Преземено од: книгата Kako osvojiti svaku ženu од хрватскиот автор Валентин Јуриќ.
Остави коментар