• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Светот старее, во пензија сè подоцна, пензиите се помали

Светот старее, во пензија сè подоцна, пензиите се помали

05.10.2011 Категории: Автори, Томислав Трајков

Сте се запрашале ли некогаш, дали светот, континентот или државата во кој живееме – старее или се подмладува? Каква е улогата на демографските процеси и како истите влијаат на останатите сфери од нашето живеење? Како истите можат да ни бидат показател на одредени промени кои директно ќе влијаат на вас и вашата фамилија? Дали сме запознаени со процесите и како можеме да се заштитиме од нив и истите да ги искористиме?

Стареењето на населението е демографски процес кој претставува огромен предизвик за економската, социјалната и здравствената политика, а особено за пензиските системи.

Според неодамна објавениот извештај на ОЕЦД, продолжувањето на работниот век и подигнувањето на старосната граница за пензионирање што е процес започнат во голем број земји, нема да биде доволно да ги покрие зголемените трошоци кои се создаваат во пензиските фондови за исплата на пензиите.

Истражувањето покажало дека до 2050-та година старосната границата за пензионирање во земјите од ОЕЦД ќе достигне до 65 години за двата пола, што е за 1,5 година повисока за мажи, односно 2,5 години за жени. Проблемот настанува поради се подолгиот животен век на населението и неговото демографско стареење. Симулацијата од истражувањето покажува дека тоа ќе допринесе за зголемување на бројот на годините поминати во пензија, така што мажите ќе поминуваат 3 години повеќе во пензија, а жените 2,5 години. За да можат пензиските системи да одржат чекор со продолжениот век на живеење, истите ќе мора да претрпат реформски промени, кои ќе се одразат на продолжувањето на работниот век, со што ефективниот период за одење во пензија треба да биде покачен на 66,5 години за мажи, односно 66 за жени.

Стареењето на населението претставува огромен предизвик за економската, социјалната и здравствената политика, а посебно за пензиските системи. Многу голем број на земји почнаа да ги прават гореспоменатите реформи, а останатите со исклучок на земјите со доволно работоспособно младо население ќе мораат да го направат истото. Бројките покажуваат дека бројот на старо население сè повеќе ќе се зголемува, така што, ако во 1950-тата година имало 1 во 15 луѓе во групата постари од 60 години постар од 80 година, во 2000-та тој однос бил 1 во 9, а предвидувањата се дека во 2050-та ќе биде 1 во 5. Во поголемиот дел од земјите во ОЕЦД блокот, процентот на старо население над 65 години надминува 20%, додека истражувањето Europop2010 направено во 27 земји членки на ЕУ и ЕФТА вели дека бројот на стари (над 65 год) во однос на млади(0-14), во 2060-тата година ќе биде 2 спрема 1. Истиот однос во 1960-та година бил 3:1 во корист на младото население. За очекување е во средината на овој век во Европа двајца вработени да хранат еден пензионер, што штетно ќе влијае на економиите на земјите, со што ќе бидеме сведоци на сè поголемо учество на расходната ставка исплаќање на пензии, а истата ќе зема се поголемо учество во националните буџети на европските и светски економии.

Ова се показатели кои не се однесуваат на Македонија, туку напротив на економии кои се многу посилни од Македонија, а кои сепак имаат сериозни проблеми со пензиското прашање што е последица на еден природен процес против кого не можеме да победеме, а најчеста мерка за негово ублажување се покачувањето на старосната граница за одење во пензија или намалување на пензиите. Македонија е далеку од негативните демографски движења и процентот на старо население над 65 год не надминува 12%, што претставува одличен процент.

Но она што загрижува е дека во Македонија невработеноста е на многу повисоко ниво од гореспоменатите земји и 1,4 вработен храни еден пензионер. Тој однос треба да биде најмалку 3:1, за да може пензискиот систем нормално да функционира, во спротивно последиците на среден и долг рок можат да бидат катастрофални. Денешната просечна пензија е околу 50% од просечната нето плата, а Пензискиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување позајмува од буџетот околу 35% од парите што ги користи за исплаќање за тековни пензии. Еден здрав пензиски систем не треба да троши повеќе од 10% од БДП на една држава. Кај нас се оди во пензија на 64 години доколку сте маж, односно 62 доколку сте жена. Прашањето за вас е Дали се чувствувате сигурни и кој е првиот чекор што ќе го преземете?

Aвтор: Томислав Трајков е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Автори, Томислав Трајков Тагови: пензија

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·