• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Ана Салтирова Давидовски / Што ни зборуваат очите – NLP

Што ни зборуваат очите – NLP

15.09.2011 Категории: Ана Салтирова Давидовски, Личен развој

Повикувајќи се на аксиомата од NLP дека „телото и мозокот се делови од ист систем“ може да се каже дека според движењето на очите може да се види дали соговорникот размислува визуелно (слики), аудитивно (звуци) или кинестетички (чувства). Начинот на кој што се размислува може да се прочита преку движењето на очите. Очите се движат на систематизиран начин во различни правци во зависност од тоа за што се размислува. Невролошките истражувања покажуваат дека движењето на очите хоризонтално/вертикално е поврзано со активирање на различни делови од мозокот. Постои вродена невролошка врска помеѓу движењата на очите и репрезентативните системи, затоа што истото може да се забележи кај сите луѓе ширум светот. Прв прат за ова зборувал Вилијам Џејмс во своето дело од 1890 година „Principles of Psychology“, истото е повторно актуелизирано во истражувањата на Ричард Бендлер, Џон Гриндер и Роберт Дилтс 1970 година со што во Невро-лингвистичкото програмирање (NLP) овие движења на очите претставуваат визуелни знаци кои посочуваат како личноста пристапува до информациите и кој доминантен репрезентативен систем го користи. Со поседувањето на информација за доминантниот систем со кој се служи соговорникот се отвора можноста со него да се комуницира според неговиот доминантен репрезентативен канал за примање на информациите, а кај соговорникот се креира чувство дека е разбран.

Движењата на очите се одвиваат многу брзо и затоа внимателното следење на соговорникот овозможува да се забележи на која страна ќе се придвижат неговите очи и откривање на она за кое што тој/таа размислува.

На сликата подолу се преставени можните правци во движењето на очите, она што е значајно да се спомене е дека преставените движења на очите на сликата и подолу објаснетите се однесуваат за луѓето кои се десничари и кога се гледа во соговорникот, за левичарите е обратно.

Кога соговорникот гледа нагоре тогаш го користи визуелниот репрезентативен систем и во неговата меморија се повикуваат слики. Зависно од тоа на која страна е насочен погледот, истото означува:

Горе лево. Кога соговорниковите очи се придвижуваат горе лево соговорникот конструира слики кои претходно ги нема видено, замислени слики. Оваа положба се нарекува визуелно конструирање и се обележува со кратенката Вк.

Горе десно. Кога соговорниковите очи се придвижуваат горе десно соговорникот од сеќавањето повикува веќе видени слики. Оваа положба се нарекува визуелно сеќавање и се обележува со кратенката Вс.

Кога соговорникот гледа во средина тогаш го користи аудитивниот репрезентативен систем и во неговата меморија се повикуваат гласови, звуци. Зависно од тоа на која страна е насочен погледот, истото означува:

На средина лево. Кога соговорниковите очи се придвижуваат во средина лево соговорникот конструира звуци, гласови кои претходно ги нема слушнато. Оваа положба се нарекува аудитивно конструирање и се обележува со кратенката Ак.

На средина десно. Кога соговорниковите очи се придвижуваат во средина на десно соговорникот од сеќавањето повикува веќе слушнати звуци, гласови. Оваа положба се нарекува аудитивно сеќавање и се обележува со кратенката Ас.

Кога соговорникот гледа надолу тогаш го користи кинестетичкиот репрезентативен систем и во неговата меморија се повикуваат чувства. Зависно од тоа на која страна е насочен погледот, истото означува:

Долу лево. Кога соговорниковите очи се придвижуваат долу лево соговорникот повикува чувства, исто така во оваа положба на очите се повикуваат меморираните информации за мирис и вкус. Оваа положба се нарекува кинестетичка и се обележува со кратенката К.

Долу десно. Кога соговорниковите очи се придвижуваат долу десно соговорникот води внатрешен дијалог. Оваа положба се нарекува аудитивно дигитална и се обележува со кратенката Ад.

Изострувањето на сетилата за следење на движењата на очите исто така може да се користи во комуникацијата за следење на конгруентноста на соговорникот. Доколку соговорникот ни раскажува за нешто што се случило, а притоа постојано погледнува на левата страна т.е. страната на конструирање треба да се обрне внимание и да се побараат други знаци кои би можеле да ја потврдат можноста соговорникот да ја извртува вистината. Важно да се напомене е дека не секогаш кога се гледа на левата страна тоа значи дека соговорникот лаже, туку тоа може да биде еден од показателите кои упатуваат на извртување на пораката која се комуницира, не и носечкиот по кој се заклучува.

Aвтор: м-р Ана Салтирова Давидовски, раководител на секторот за човечки ресурси во АМСМ www.amsm.mk, во својот фокус го има развојот/унапредувањето на вработените како и NLP-то.

Категории: Ана Салтирова Давидовски, Личен развој

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·