• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Aфродита Кермичиева Пановска / Што кажува Вашата куќа за Вас?

Што кажува Вашата куќа за Вас?

14.01.2011 Категории: Aфродита Кермичиева Пановска, Психологија

Верувале или не, цртањето на куќа е многу добар психолошки тест, вели д-р Патриша Фарел, автор на книгата Како да бидете свој сопствен терапевт. Овој тест ги открива вашите лични карактеристики, како се гледате самите себе, како ве гледаат другите и како се чувствувате за вашиот семеен живот.

Како психолозите знаат дека цртањето на куќа може да ги открие вашите личносни карактеристики? Тие барале илјадници луѓе да се опишат самите себе, своите чувства, своите навики и сите моментални проблеми или грижи, вели д-р Пол Џери (Paul Jerry, Ph. D) експерт за тестови на проективни техники. Резултатите говорат во прилог на тоа дека одредени личносни својства корелираат со начинот на претставување на деловите на куќата и предметите во самиот цртеж воопшто. Резултати кои се поклопуваат кај голем дел од испитаниците.

Зошто цртањето куќа толку многу открива? Луѓето често користат зборови за да се искажат, но цртањето му овозможува на потсвесниот дел искрено да ги искаже различните карактеристики на личноста бидејќи не се заоснова на зборови, а самата куќата ве претставува Вас.

А сега земете празен лист хартија и нацртајте куќа.

Сега погледнете ја својата куќа и откријте што говори таа за Вас!

Дали е Вашата куќа уредна или неуредна (трапаво нацртана)

• Ако вашата куќа е уредна, со прави линии и и прецизни агли, вие не ги покажувате вашите емоции. Вие не сакате да изгубите контрола над себеси. За вас останувањето мирен/на и присебен/на во дадени ситуации е најбитно.

• Ако е помалку уредна со нерамни и брановидни линии кои не се совпаѓаат , поклопуваат, Вашите емоции се многу променливи, во еден момент сте среќни, во другиот момент сте тажни- еден момент сте горе, следниот долу. Тоа е затоа што длабоко во себе сте премногу осетливи, имате длабоки емоции и сте значително осетливи на оние работи во животот кои можат да ве погодат, како на пример некој тажен филм или дури победата на одбојкарскиот тим на Вашето дете!

Колку ката има вашата куќа?

• Еден? Вие сте присебна личност во реалноста. Вие сте реални, практични и верувате дека поедноставен живот е подобар живот.

• Два? Вие имате високи очекувања од себеси и сакате да бидете успешни. Вие сте личност која може да работи како секретар/ка или продавач/ка преку ден а да посетувате училиште навечер за да станете успешен адвокат

• Три? Вие сте можеби помалку сонувачи и кога си поставувате цели тие се големи и високи цели. Тоа е затоа што сте целосно уверени дека ќе постигнете се што ќе посакате!

Дали вашата куќа има патека?

• Ако патеката е широка вие сте екстровертен тип. Вие сте отворен тип и многу лесно се спријателувате со другите луѓе.

• Ако патеката е тесна вие сте позатворен тип и имате неколку блиски пријатели и сакате поголемиот дел од времето да го поминувате со нив и дома со семејството отколку да го трошите времето на ноќни излегувања.

• Ако патеката е крива вие дозволувате луѓето да влезат во вашиот живот но како и патеката тие не можат веднаш да ви се приближат напротив мора прво да ја стекнете довербата во нив.

• Ако немате нацртано патека вие не сте многу пријателски настроена личност. Недостаток на патека симболизира дека луѓето неможат лесно да ви се приближат, Вие повеќе сакате приватност и поголемиот дел од времето сакате да го поминувате сами.
Дали вашата куќа е дводимензионална или тродимензионална

• Ако вашата куќа е дводимензионална вие сте „црно-бела“ личност. Преферирате детални инструкции, на пример, од вашиот шеф кој ви ги задава задолженијата и работните задачи. Ова е токму така затоа што работите најдобро кога знаете што се очекува од вас.

• Ако е 3-Д, вие продирате длабоко за да ги увидите суштинските значења на нештата, уживате во концептуализацијата на нови идеи и изнаоѓање на нови начини за делување и кога од вас ќе биде побарано да направите нешто вие целите и одите и подалеку од очекуваното затоа што имате способност за визуелизација и предвидување на та што е потребно за во целина работата да биде завршена.

Дали вашата куќа има прозорци?

• Ако прозорците на вашата куќа се мали вие сте повлечена личност, не сакате вистински да ве запознаат веројатно затоа што се плашите дека нема да ве прифатат такви кавки што сте.

• Ако тие се големи, вие сакате многу луѓе околу вас. Тоа е затоа што многу брзо ви се здосадува кога сте сами и ви е потребна стимулација која другите ја обезбедуваат. Вие најдобро работите кога сте дел од тимот и најверојатно доаѓате од големо семејство или имате повеќе деца.

• Ако воопшто не сте нацртале прозорци тоа може да е знак дека не сте многу отворени и не сакате другите луѓе да знаат за вашиот живот. Тоа е затоа што прозорите посочуваат колку сакате луѓето да знаат за вас и вашиот живот.

Дали вашата куќа има ограда?

• Ако околу вашата куќа има ограда тоа значи дека сакате да бидете бебедни, да бидете чувани. Вие сте тип кој сака многу личен простор и сака да има само неколку блиски пријатели, не премногу.

• Ако нема ограда вие сте отворен и комуникативен тип. Вие исто сакате да се придружувате на групи и да бидете дел од многу социјални и општествени активности.

Дали вашата куќа има шилест (остар) покрив?

• Ако е шилест, вие премногу расмислувате, покривот го претставува вашиот мозок. Вие имате бујна и богата фантазија и често размислувате за тешки и сложени прашања.

• Ако покривот е низок имате тенденција да размислувате за конкретни теми. Вие размислуавате за она што се случува во сегашноста и не се грижите многу за минатото и за тоа што ке се случи во иднина.

• Ако покривот виси (одделен е од основата на куќата), вие сте аналитични и поставувате многу прашања пред да го прифатите тоа што сте го прочитале или слушнале за вистина. Вие веројатно се сомневате во договори кои звучат премногу добро за да бидат вистина и темелно истражувате пред да прифатите нешто.

• Ако имате прозорци на таванот или светилки на покривот или вашиот покрив е значително поголем од куќата тоа значи дека вие многу им откривате на другите за себеси, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Вие сте тип на личност кој го носи срцето на ракав. Вие ништо не криете оставате другите да ја видат целосната слика за вашата личност.

Дали вашата куќа има оџак?

• Ако се крева многу чад од вашиот оџак, вие можеби сте лути за нешто. И вашиот извор на лутина може да доаѓа од некоја личност која ви е блиска бидејќи куќата исто така го претствува вашето опкружување.

• Ако се крева малку чад, вие се чувствувате сте задоволни и исполнети од вашиот семен живот, чадот посочува дека во куќата има огниште и самата куќа е топла и пријатна.

• Ако нема чад, вие не сте темпераментна личност или моментално ништо не ве загрижува.

• Ако вашиот оџак е на левата страна на скицата, вие имате грижи и тензии од минатото со кои сеуште се борите бидејќи левата страна на хартијата го означува минатото.

• Ако оџакот се наоѓа на десната страна на покривот вие секогаш сакате да планирате нанапред и веројатно сте загрижени за иднината

• Ако не сте нацртале оџак, вие можеби не сакате да привлекувате внимание. Се држите за себе си и се движите со темпото на толпата

На кој дел од листот ја нацртавте куќата?

• Ако куќата е на врвот на листот Вие имате високи цели и не сакате да работите според однапред утврдена програма. Вие не сакате да планирате, сакате работите да се одвиваат спонтано.

• Ако куќата се наоѓа на дното на листот вам ви треба емоционална подршка и сакате да бидете опкружени со луѓе и предмети кои ви се познати.

• Ако е на левата страна вие сте преокупирани со минатото и исто така се плашите

• Ако е на десната страна вие сте фокусирани на иднината.

• Ако куќата се наоѓа на средината на листот вие сте приземни и се соочувате со нештата веднаш.

Aвтор: Автор: Афродита Кермичиева Пановска е основач и сопственик на тренинг центарот ЦС Глобал. За повеќе информации посетете го веб порталот http://www.csglobal.com.mk/.

Категории: Aфродита Кермичиева Пановска, Психологија Тагови: психологија, тест, цртање

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·