• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тим
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
    • Енергетска ефикасност
  • Автори
    • Весна Алексовска
    • Виктор Куновски
    • Гордана Андоновска
    • Гордана Гоџо
You are here: Home / Автори / Aфродита Кермичиева Пановска / Професија Аниматор

Професија Аниматор

24.04.2018 By Данка Дамјанов Leave a Comment

Многу млади лица го користат летниот период за да поминат одмор и при тоа да заработат. Најчестите коментари зошто младите лица одат да работат во туристички места, хотели и слично е да се стекнат со работни навики и да добијат платено летување.

Кои квалитети треба да ги поседува лице кое сака да работи како аниматор?

Позитивен став и размислување
Ова е многу важно, бидејќи има контакт со секаков тип на гости, различни возрасти и треба да умее да се справи со секакви ситуации. Позитивниот став придонесува полесно да стапи во контакт и да ги забавува гостите. Една од најчестите поплаки на гостите во формулари за повратна информација во однос на услугата на тимот на аниматори е „не се смеат, како да ги мрзи да бидат со нас (гостите)„, „како роботи играат„, „многу се ладни и непристапни„ „децата не ги сакаат, бидејќи не им се интересни„.

Одлично познавање на англиски јазик
Секако во најголем дел од хотелите се бара познавање на англискиот јазик или друг, на пример грчки, германски или француски. Сепак тоа треба да биде на високо разговорно ниво, да може да се разберат желбите на гостите и да се остварува непречена комуникација.

Корисничка ориентираност
Секако дека голем дел од гостите се нетрпеливи и сакаат веднаш да добијат информација и да им се одговори на прашањето. Трпението и желбата да се услужи е секако голема вредност за секој аниматор. Замислете тие гости кои доаѓаат работеле напорно цела година и сега сакаат навистина да бидат во центарот на вашето внимание. Чувството дека сте тука да ги задоволите потребите, да им биде забавно, да вежбаат на плажа аеробик или да ги занимавате нивните деца е прекрасно и со сигурност ќе добиете одлична евалуација од секој гостин ако сте посветени.

Дали сте свесни колку работи учите во периодот додека работите како аниматор?

Вредноста на стекнатото искуство не се мери на никој начин. Тоа е нешто кое лично вам ќе ви помогне понатаму во градење на кариерата. Работните навики кои ги стекнувате, меѓу-културното разбирање и свеста за разлики и сличности, работа во тим и индивидуално докажување на професионално поле се дел од работите за кои вреди да одвоите едно лето и да се стекнете со дополнително искуство.

Aвтор: Автор: Афродита Кермичиева Пановска е основач и сопственик на тренинг центарот ЦС Глобал. За повеќе информации посетете го веб порталот http://www.csglobal.com.mk/.

Filed Under: Aфродита Кермичиева Пановска Tagged With: деца, искуство, навики

Avatar

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

е-newsletter

Најновите експертски статии директно на вашата е-mail адреса...

Најнови статии

Професија Аниматор

Од Данка Дамјанов
на 24.04.2018

Од незадоволни до лојални купувачи

Од Славчо Бујароски
на 06.03.2018

Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас

Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас!

Од admin.statija
на 14.08.2017

Како да ја зголемиме емоционалната интелигенција

Како да ја зголемиме емоционалната интелигенција

Од Ivan Pushev
на 14.08.2017

Коучирањето како моќна алатка

Коучирањето како моќна алатка

Од Ivan Pushev
на 14.08.2017

Архива на статии

Теми

Јога Вработени Емоции Интелегенција Медитација Тимска работа вода деца дисциплина енергија живот инвестирање исхрана капитал клиент компанија комуникација контрола култура лидер менаџер мир мисли мозок организација пензија портфолио претприемништво продажба производ производство психологија работа развој ритам родители семејство содржина стратегија тест успех финансии фокус човечки ресурси љубов

Статија.мк © 2023 · Magazine Pro On Genesis Framework · WordPress · Log in