• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Весна Алексовска / Подарете им ја јогата на своите деца

Подарете им ја јогата на своите деца

28.01.2011 Категории: Јога, Весна Алексовска

Јогата е дисциплина, или подобро, содржина што може да го разубави и продлабочи семејното живеење. Го разубавува затоа што човекот што ја практикува го прави поотпуштен, поведар, попозитивен, подобар, а тие состојби ги пренесува и во кругот на своите најблиски. Го продлабочува затоа што му помага на човекот да се пронајде себеси во себе самиот, го свртува кон самоанализа и проценување на вистинските вредности во животот и во релациите со другите, од што произлегува неговиот стремеж да ги разбира и прифаќа другите, но и да се бори за своето вистинско место во средината. Затоа велиме дека, кога човек практикува јога, позитивните ефекти што ги стекнува за себе ги ползуваат и луѓето во неговата околина, а најмногу членовите на неговото потесно семејство.

Јогата е корисна и приспособлива за сите возрасти, почнувајќи од најмалите до лицата во најдлабока старост. Таа може да одигра особена улога во развојот на децата и во нивното формирање во здрави личности. Но, за нив би било најдобро јога да практикуваат и нивните родители, кои и така се првите духовни учители на своите деца. Во тој случај родителите се тие што ги развиваат љубовта и интересирањето кон овие вежби. Можат да ги поттикнуваат своите деца да вежбаат заедно и да поминат убави заеднички мигови, но и да овозможат јогиските принципи да најдат место во кругот на секојдневното живеење во семејството.

Тинејџерите, како и возрасните, можат да вежбаат секој ден, затоа што и тие се подложни на стрес.

Зошто токму јога?
Јогата може да одигра значајна улога во развојот на децата од најрана возраст, низ пубертетот до стекнување на зрелост ако ја практикуваат организирано во подолг временски период.

Влијанието на јогиските вежби е сестрано, па затоа и пристапот на нивното предавање и практикување внимателно се одредува. Вежбите се одбираат да бидат сигурни, интересни и погодни за возраста на децата и нивните моментални потреби.

Јогата ќе ги научи децата уште од мали да развијат чувство за телото, што е носител на нивното здравје и на нивната среќа во текот на целиот живот. Учат како да се одмораат. Им се зголемуваат еластичноста, имунитетот, силата, издржливоста. Од друга страна, може да им помогне во формирање на одредени ставови важни за изборување за сопственото место во средината, да стекнат стабилност, сигурност, отвореност, верба во себе и во универзалното добро. Учат да бидат пососредоточени и со избистрен и помалку деструктивен ум, а меморијата и креативноста им се зголемуваат.

Јогиските вежби имаат многу предности во однос на другите физички активности, може да ги вежба секој и затоа се погодни за деца од сите возрасти и со различни физички способности. Посебно е значајно тоа што може да вежбаат и деца со физички ограничувања и хендикепи за кои изборот на вежбите се приспособува.

Што не може да вежбаат?
Родителите кои и самите практикуваат јога не смеат да бидат премногу амбициозни со своите деца и да ги поттикнуваат да прават нешто што не одговара на нивната возраст. Во книгите за јогата може да се видат многу тешки и комплицирани техники кои децата не треба да ги вежбаат. Се препорачува екстремните свивања назад, обратните положби (стоење на глава) и други, помалите деца да не ги вежбаат затоа што може да се повредат. Исто така, не треба да практикуваат посложени техники за дишење, банди и техники за прочистување. Поради комплексното дејство на јогата, освен вежбањето дома, со родителите, препорачливо е да посетуваат и специјализирани часови за деца со програма приспособена за нивната возраст. Но треба да се внимава каде децата ќе практикуваат јога, зашто нестручното водење може да штети.

Што може да вежбаат?
Вежбите имаат позитивно влијание врз телото, умот и емоциите.
Тие ја активираат целата мускулатура на телото, ја зајакнуваат и релаксираат. Целото тело станува поцврсто и поотпорно.

Некои положби на телото, одреден начин на дишење и визуелизацијата можат пријатно да им ги истегнат телата и да им го смират умот. Можат многу да им помогнат на оние што имаат искривувања на ‘рбетниот столб (сколиози и кифоза) и да го спречат и намалат искривувањето.

Во повеќето вежби доаѓа до истегнување и ширење на градниот кош, што е одлично за развивање на овој дел на телото, но и за продлабочување на дишењето. Тоа е посебно корисно за децата што имаат астма. Ним им помагаат и одредени нежни техники за дишење кои го смируваат и продлабочуваат дишењето.

Релаксацијата и медитацијата им ги одмораат телата и им ги смируваат умовите барем за кратко, но доволно за да има позитивни промени. Визуелизациите што се прават постепено ја коригираат психичката состојба, создаваат позитивни ставови, ги поттикнуваат позитивните чувства и ја развиваат имагинацијата.

Јогата може да биде и забавно другарување кое по часовите децата ги одмора, ги освежува и орасположува.

Ако родителот го поттикнува своето дете да вежба јога и уште подобро, да вежба заедно со него, му поставува добри основи да се развие во отворена, способна и позитивна личност, а од друга страна, ако родителот е доволно отворен кон своето дете, и тој може да научи од него работи што одамна ги има заборавено.

Aвтор: Весна Алексовска е оснoвач и претседател на Центарот за јога и личен развој, во кој работи на примена на јогата како систем кој им помага на луѓето во нивното лично спознавање и во достигнувањето на внатрешен мир и благосостојба. За повеќе информации посетете ја веб страната http://www.yogacentar.org.mk

Категории: Јога, Весна Алексовска Тагови: вежби, дисциплина, развој

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·