• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тим
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
    • Енергетска ефикасност
  • Автори
    • Весна Алексовска
    • Виктор Куновски
    • Гордана Андоновска
    • Гордана Гоџо
You are here: Home / Автори / Новогодишен завет за саморазвој

Новогодишен завет за саморазвој

13.01.2012 By Данка Дамјанов Leave a Comment

„Големината на човекот лежи во неговата одговорност кон сопствените мисли.“ Винстон Черчил

Животот не е само работа. Животот не е само дружење. Животот не е само љубов. Животот не е само здравје. Животот не е само потрага по смислата на постоењето… Животот е сето тоа добро помешано и балансирано. За да можеме да живееме исполнет и успешен живот неопходно е да ги балансираме овие работи. Понекогаш и не е така лесно да се балансираат затоа што ни фали време, но не ни работиме на некој проект од кој што не ни е важен исходот. Работиме на проектот „Успех во развојот на личниот живот“, а за тоа кога на разумно ниво размислуваме секогаш е оправдано да се вложи потребната енергија. Со менување на зборот време со зборот живот во мислите и речениците кои ги изговараме може да се направи крупна промена во квалитетот на живеењето. Тогаш на приоритетно место доаѓаат работите кои се важни, не задолжително и итни, за разлика од работите кои се помалку важни, а итни. Ова може да помогне во потрагата да се живее балансирано и да се размислува во кои работи се вложува времето т.е. животот како и „Зошто е тоа важно?“.

Дали познаваме некој кој од прекумерна работа ги има заборавено фамилијата, пријателите па и сопственото здравје? Ако познаваме сигурно знаеме кои се резултатите. Нема на кого да му се јави ни за добро ни за лошо, од семејството во најдобар случај не го прашуваат за никакви значајни работи, нема кондиција, има 20 килограми вишок, има чир во желудникот итн. Кој ги сака овие работи за себе? Нормално никој, па ни тој што ги има.

Секој проблем е предизвик кој треба да се реши и надминувањето на истиот од друга страна е работа на личениот развој. Ние самите имаме одговорност сами пред себе, никој во наше име ја нема одговорноста за нашите постапки, а господарењето сам со себе и воспоставената одговорност кон самиот себе е најголемиот дар што можеме да си го дадеме. Успехот секогаш започнува однатре, успехот во надворешниот свет не значи ништо ако се нема успех однатре, тоа е како убаво но црвливо јаболко. Ние не можеме да се грижиме за семејството, пријателите, организацијата… ако пред сè не се грижиме за себе си и ако не воспоставиме рамнотежа и баланс меѓу умот, телото и духот. Константното усовршување на умот, телото и духот е всушност развивање на тројството на човековите потенцијали.

Развивањето на безграничните потенцијалите започнува во вежбањето на умот во воспоставување на продуктивни навики кои го олеснуваат и забрзуваат патот до посакуваното. А тоа започнува пред сè со бришењето на навиката за секојдневно грижење и секојдневно труење на мозокот со вознемиреност, самокреирани стравови и глупости само го трујат мозокот и ѝ оневозможуваат на енергијата да тече. Нашето можам е многу повеќе од нашиот коефициент на интелигенција, а границите што ги имаме се оние кои што сами си ги имаме поставено, ние сме единствените кои имаме моќ да ги поместиме самокреираните граници, а моќта за тоа лежи само во нас и на ниедно друго место. Факт е дека штом посакуваме нешто во нас е интегрирана и силата тоа да го оствариме, доколку ги немаме потребните капацитети нема да се појават ни желбите.

Исполнувањето на она што го посакуваме започнува во нашите мисли, она што во животот ни недостига, ни недостига ѝ во нашите мисли, а само со неколку минутно визионирање може да се постигнат посакуваните резултати. Мозокот работи по принципот на слики и за да може да постигне нешто мора да му бидат преставени слики. Она што е значајно и за што треба да преземеме одговорност е вистината дека во еден момент може да се има само една мисла во мозокот. Која мисла ќе го има доминантното место? Дали позитивната, дали негативната, зависи од кого ако не од самите нас.

За на крај… секој ден да направиме нешто за да бидеме подобри сами од себе, да се натпреваруваме сами со себе, а не со другите.

„Од сите напишани и искажани тажни зборови, најтажни се – би можело да биде.“ Џон Гринлиф Витер

Aвтор: м-р Ана Салтирова Давидовски, раководител на секторот за човечки ресурси во АМСМ www.amsm.mk, во својот фокус го има развојот/унапредувањето на вработените како и NLP-то.

Filed Under: Автори, Ана Салтирова Давидовски, Психологија

Avatar

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

е-newsletter

Најновите експертски статии директно на вашата е-mail адреса...

Најнови статии

Професија Аниматор

Од Данка Дамјанов
на 24.04.2018

Од незадоволни до лојални купувачи

Од Славчо Бујароски
на 06.03.2018

Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас

Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас!

Од admin.statija
на 14.08.2017

Како да ја зголемиме емоционалната интелигенција

Како да ја зголемиме емоционалната интелигенција

Од Ivan Pushev
на 14.08.2017

Коучирањето како моќна алатка

Коучирањето како моќна алатка

Од Ivan Pushev
на 14.08.2017

Архива на статии

Теми

Јога Вработени Емоции Интелегенција Медитација Тимска работа вода деца дисциплина енергија живот инвестирање исхрана капитал клиент компанија комуникација контрола култура лидер менаџер мир мисли мозок организација пензија портфолио претприемништво продажба производ производство психологија работа развој ритам родители семејство содржина стратегија тест успех финансии фокус човечки ресурси љубов

Статија.мк © 2023 · Magazine Pro On Genesis Framework · WordPress · Log in