• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Павле Зимбаков / Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас!

Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас!

14.08.2017 Категории: Деловни вештини, Мотивација на вработени, Павле Зимбаков

Бизнис тренинг! Бизнис едукација! Обука за вработени! Воспоставување на организациска култура! Менаџмент тренинг! Лидерство! Бизнис план! Кодекс на однесување! Кодекс на облекување! Може да се реди уште многу!

Секојдневно слушаме дел од овие и уште многу други слични на овие изрази, но мене сеуште не ми е јасно што всушност сето ова значи. Еве јас сум скоро четири години во овој бизнис и некои работи сеуште неможам да ги разберам.

Ајде да почнеме од почеток и одозгора. Менаџери на компании т.е фирми. во нашава ни мала државичка најмногу ги има оние кои сами започнале нешто да прават и сега се и менаџери и сопственици на своите компании т.е фирми! Тие менаџери и сопственици на фирми си формирале свои успешни фирмички и секој од нив има свои вработени, некои помалку а некои повеќе. Одлично, така треба, па не можеме сè сами да работиме, а згора на тоа и бизнисот не ни е ист како на почеток. И сега ќе речете што не е јасно тука? Сè е јасно до тука ама од тука натаму некако ми се матни работите.

Истите тие сопственици на фирми постојано се жалат како нивните вработени веќе не работат како на почетокот. Порано повеќе работеа, сега веќе некако не е тоа тоа, имаме повеќе работа а тие наместо повеќе да работат цупкаат во место.

И си седам јас така со повеќето од нив, сите кој од кој по газда и ги прашувам: Добро, вие сигурно вложувате во Вашите вработени! Сигурно посетувале некакви обуки, нема зошто да не работат добро!?

И еве го моментот! Големиот МОМЕНТ НА ВИСТИНАТА! НЕ! Замислете добивам одговор НЕ! Па до сега не сме имале никакви обуки. И си викам: чекај, не е можно! Добро! Смири се, не може да е толку лошо! Пак прашувам: Последнава година не сте имале обуки така? А минатата година какви обуки одржувавте во Вашата фирма? И пак добивам чуден одговор: не, не, воопшто откако постоиме, еве веќе 11 години, никогаш не сме имале никакви обуки! Чудно, ама викам, чекај, не може да е баш така! Сигурно Вие како сопственик имате посетувано некои обуки? Имате одено на некои менаџерски обуки!? И пак исто па и уште пострашно. Одговорот повторно е НЕ! Нее, е што има јас да одам на обуки, јас се знам, што мислиш ти како стигна работава до тука?

Е па пријателе, сега ми е јасно колку е саат! Значи, ти си главен фраер во фирма, ти си знаеш сè, и наместо да ги праќаш вработените на обука ти им кажуваш всушност што треба, и како треба да го сработат! БРАВО ЗА ТЕБЕ! Секоја чест! Биди спокоен! Биди си раат! Играш на сигурна карта, сигурно ќе „пропаднеш“ само не се знае кога!

И од фирма на фирма така, јас сконтав дека сопствениците на повеќето наши фирми се едни од најспособните менаџери во светот! Горд сум што ги познавам!

До кога вака бе луѓе? Кога планирате малку да си ја чукнете главата и да се освестите? Немаат проблем Вашите вработени, имате проблем вие? Кога последен пат сте им дале можност на вработените да покажат колку знаат и колку сакаат да знаат?

Сеуште кај нас, во нашава ни државичка, тренинг и обука се само супер термини за фалење. Нашите менаџери се фалат дека сакаат да ги пратат своите вработени на обука исто како што се фалат дека сакаат да отворат нов дуќан некаде! И кога стигнавме до фалењето, пак имам нешто што ми е нејасно. Како тоа нашите менаџери се фалат дека ќе ги пуштат вработените на обука подеднакво исто колку што се фалат дека ќе отворат дуќан (и едното и другото се одличен напредок), што ми кажува за нивната развиена свест дека тоа е добро, значи знаат дека обуката е добра работа, а сепак не се остварува обуката. Зарем не би требало да се обидете?

Зарем сеуште мислите дека обуките се помодарство? Да се разбереме, не е лошо ако е така но малку доцните, вистински успешните веќе ги имаат задоволните вработени во нивните компании. Но, секако многу е поголем предизвик да купите BMW како сопственикот на конкурентската компанија отколку да имате задоволни вработени како во конкурентската компанија! Така е треба да се има приоритети ама многу е важно и да се добро распределени! Јас искрено се надевам дека брзо ќе се освестат сопствениците на компаниите, не заради тоа што јас сум во тој бизнис туку затоа што едноставно сакам да видам прекрасна бизнис атмосфера, задоволни менаџери, едуцирани кадри и на крај мотивирани и задоволни вработени кои се сигурни во своите способности и квалификации и кои секогаш ќе се борат за да бидат се подобри и подобри.

Важно е да се запамети: Неможете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за вас!

Сега за сега овде ќе застанам и ќе завршам, а ќе завршам со препорака до сите оние наши менаџери и сопственици. Верувајте во можностите на Вашите вработени колку што верувате во вашата фирма која си ја направивте. Но исто така, дајте им шанса на Вашите вработени да Ви покажат и докажат колку многу сакаат подобро да работат а и подобро да заработат. Вашата фирма е веќе преголема за сами да си ја раководите, вработените ви се повеќе од потребни, вложете во нив и дозволете им да Ве издигнат повеќе! Колку повеќе вложувате толку повеќе ви се враќа, ќе ве потсетам на онаа старата народна фрли зад себе за да најдеш пред себе!

Aвтор: Павле Зимбаков

Категории: Деловни вештини, Мотивација на вработени, Павле Зимбаков Тагови: Бизнис, Бизнис план, Вработени, Лидерство, Фирма

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·