Мотивот означува внатрешна состојба која движи, дава енергија и побудува кон акција. Тој може да произлезе од стимуланси, било однатре или однадвор на организмот. Мотивите се внатрешни услови на една индивидуа кои создаваат енергија, го насочуваат и определуваат интензитетот на однесувањето. Тие ја поттикнуваат личноста да се зафати со определена акција. Мотивите диктираат луѓето да ги извршуваат работите. Тие определуваат колку напор вработениот ќе ангажира во активноста. Мотивите содржат фактори кои иницираат, интензивираат, одржуваат и го одредуваат однесувањето. Разбирањето на причините за мотивација е главно барање за секој менаџер кој што сака да биде успешен. Организирањето е специфична функција од која многу зависи успешноста и конечниот резултат од работењето на организацијата. Не постои организација која што може добро да работи со несоодветно мотивирање на вработените, и обратно, ниту една организација која има добар систем на мотивирање не може лошо да работи. Знаеме што сме, но не знаеме што можеме да станеме низ процесот на мотивација.
Дали транзиционо-турбулентната средина ни ја скратува можноста да застанеме и да признаеме дека нештата не се такви какви што ние ги преставуваме дека се. Умирајќи по лажно светлиот амбиент и не признавањето на грешките не резултира со нивно исчезнување и нивните симптоми не се намалуваат.
Со цел да се зголеми мотивацијата на сите вработени и тоа да донесе задоволување на индивидуланите потреби на вработените силите треба да се насочат кон подигање на моралот кај вработените за тие да се почувствуваат како дел од организацијата. Затоа што од никој вработен не можеме да го добиеме максимумот ако работната клима не е исполнета со доверба и ако низ организацијата не струи чувство на човечност. Максимумот кој што може да се постигне и кон кој што треба да тежнее секоја организација која што сака да жнее успеси е да успее да воспостави клима во која што вработените ќе се чувствуваат како дома кога се на работа и да работат за други исто како да работат за себе. Луѓето во текот на работата многу често ги искажуваат своите незадоволства во однос на работата, и тие треба внимателно да се слушаат – тишината треба внимателно да се слуша. Никој не знае сè, секој знае по нешто, затоа луѓето се социјални битија кои се обединуваат во со цел да се подржат и надополнат.
Организацијата треба да се оформи на тој начин за да може да ги привлече и задржи добрите работници. На добрите работници, организацијата не им прави услуга кога ги вработува, туку тие луѓе и прават услуга на организацијата. Затоа поттикнувачките системи се многу значајни за мотивацијата, наградите се директно зависни со резултатите од работата. Со тоа што луѓето ќе ги наградите материјално или морално едновремено ги задолжувате да ги одржат и/или зголемат начинот на однесување што бил награден. Целта е вработените да бидат охрабрени да ги докажат нивните исплати со успешна работа.
Како и да е принципите на пазарната економија кон која што се стремиме, бесмислено и сè повеќе условуваат, мотивираат и принудуваат да се практикува промената, особено во сферата на организирање и менување на организациите кои се организирани по гореопишаниот терк. Предизвикот на успехот и императивот на опстојувањето е тесно поврзан со промените. Менаџерите сакале или не, мораат постојано да ги адаптираат организациите. Организациите не претставуваат еднаш и засекогаш оформена непроменлива целина. Напротив се работи за исклучително динамични и вештачки создадени творби кои опстојувајќи кон реализирањето на поставените цели се во постојана промена.
Менаџерите треба да престанат да размислуваат за вработените како за „пар на раце“ кои треба да извршуваат точно определена работна задача. Со тие „пар на раце“ ги добива и другите делови, односно добива цела индивидуа. Вработениот кога ќе се вработи се внесува целиот во организацијата со сите свои способности, потреби, очекувања, надежи, компетенции…
Aвтор: м-р Ана Салтирова Давидовски, раководител на секторот за човечки ресурси во АМСМ www.amsm.com.mk, во својот фокус го има развојот/унапредувањето на вработените како и NLP-то.
Остави коментар