• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Менторскиот процес за работно воведување на новите членови во организацијата (1)

Менторскиот процес за работно воведување на новите членови во организацијата (1)

23.06.2011 Категории: Автори, Ана Салтирова Давидовски, Личен развој

Работното воведување е многу значајно за активно вклучување на нововработените во организацијата затоа на истото треба да му се даде заслуженото внимание. Во неколку продолженија на овој текст ќе бидат обработени дел од темите за кои верувам дека е значајно да се имаат предвид кога се воведуваат нововработените во нивните обврски како и замките во кои може да се падне.

Што е менторство, ментор, менториран?

Потеклото на зборот ментор (грчки mentor) е од старогрчката митологија, историскиот осврт упатува на Хомеровата „Одисеја“ во која главениот лик Одисеј се обраќа кон Ментор – неговиот близок пријател и човек од доверба, мудар и искусен, за да се грижи за неговата жена Пенелопа и неговиот син Телемах на кого исто така му ја доверил на чување и својата куќа пред заминувањето за Троја.

Менторството е термин кој денес широко се употребува во многу професии, најчесто во контекст да се опише комбинација од подучување, советување и проценување. Тоа преставува врска помеѓу две индивидуи во која се споделува знаење, вештини и искуство. Менторираниот е оној кој е воден кон развивање на специфични способности и вештини. Тоа се практично луѓе кои свесно се надградуваат и учат и кои сакаат да работат со одредена личност, сè со цел да добијат специјализирано знаење, да бидат водени во развојот на сопствен приод кон идентификација на целите и вредносните системи или од таа личност да добијат поддршка околу подготовките на нивното презентирање на своите вештини и стекнатите придобивки од учењето со кои треба да се престават. Менторираните треба и самите да се подготвени да примаат подучување за да се оспособат за повратен одговор (feedback) и да можат да прифаќаат задачи од својот ментор. Менторот пак е личност која е експерт во областа идентификувана како потреба од страна на менторираниот и е способен да го сподели своето знаење на несебичен начин. Во оваа врска менторираниот има можност да поставува прашања, да споделува мислење и да набљудува поискусен професионалец во рамките на една безбедна и заштитена околина.

Тоа треба да ги деблокира патиштата за промена со тоа што ќе изгради самодоверба и подготвеност да дејствува кај менторираниот, односно ќе го продолжи неговиот личен и професионален развој. Преку рефлексија и соработка помеѓу менторот и менторираниот, менторираниот добива поголема доверба во себе и станува комплетен за да го интегрира и примени своето знаење и вештина. Добрата менторска врска е таа кога менторот и менторираниот имаат взаемно почитување, ја препознаваат нивната потреба за понатамошен личен развој и двајцата имаат идеја каде сакаат да одат. Повеќето успешни менторства прераснуваат во пријателства кои продолжуваат да траат и откако ќе заврши потребата од формално менторство. За да се биде опишан како успешен, менторот треба да поседува разбирање, склоност и способности поврзани со тоа што се менторира.

Зошто работно воведување?
Потребата за обука на ново примениот кадар во организацијата е евидентна. Овој кадар треба да ги совлада вештините кои му се неопходни за извршување на новите работни задачи. Обично обуката оди брзо и лесно затоа што на нововработените не им недостасува мотивација. Воведувањето и насочувањето се креирани за нововработените да ги обезбедат со информации потребни за побрзо вклопување во работната средина. Генерално постоја три типа на информации:

– Општи, што се однесуваат на секојдневната работа;
– Информации за историјата на организацијата, нејзините цели и мисија, постоечките служби и местото на нивната работа (се мисли на новите вработени) во организациските цели;
– Детализирана презентација, можеби во вид на брошура за бенефициите, правилата и политиката на организацијата.

Многу студии покажале дека со влегувањето во организацијата по прифаќањето на понудата за работа, расте и загриженоста на нововработените. Тие се грижат за тоа како ќе ја извршат работата, се чувствуваат помалку способни од оние кои веќе работат и се грижат за тоа колку ќе соработуваат со своите колеги. Воведувањето и ориентацијата се насочени кон намалување на оваа загриженост преку запознавање со колегите и давање на сите потребни информации за кои нововработените се заинтересирани.

Првото искуство игра многу важна улога во подоцнежната кариера на секој поединец. Пред сè се конфронтираат очекувањата на поединецот и очекувањата на организацијата која го вработила. Некомпактибилноста на истите ќе резултира со обострано незадоволство.

Aвтор: м-р Ана Салтирова Давидовски, раководител на секторот за човечки ресурси во АМСМ www.amsm.com.mk, во својот фокус го има развојот/унапредувањето на вработените како и NLP-то.

Категории: Автори, Ана Салтирова Давидовски, Личен развој

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·