• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Брајан Трејси / Креативна продажба – Брајан Трејси

Креативна продажба – Брајан Трејси

21.10.2011 Категории: Брајан Трејси, Продажба

Сите врвни продажни менаџери се исклучително креативни индивидуи. Оваа нивна креативност ја проектира вербата во својата способност и желба за остварување на поставените цели. Многумина себеси не се сметаат за креативни. Меѓутоа, единствено доколку веруваме во себе и континуирано се трудиме да ја поттикнеме нашата креативност, ќе генерираме креативни решенија. Креативноста е стимулирана преку фокусирани прашања, од барање на решенија на постојните проблеми и од желба за остварување на посакуваните цели.

Креативната продажба започнува со детално познавање на сопствениот производ или услуга. Колку подобро ги познавате Вашите производи и услуги и колку потемелно ги совладате деталите за нив, толку покреативни ќе бидете во продажбата.

Успешниот продавач ги идентификува најпрофитабилните пазарни сегменти и се фокусира исклучиво на нив. Сите проспекти немаат еднаква вредност за Вашата компанија. Вредноста на еден проспект може да биде дури стопати поголема од вредноста на сите останати проспекти заедно. Ова претставува една од најголемите грешки кои многубројни продажни менаџери ја прават. Од огромно значење за успешното работење на секој бизнис е способноста на продажните менаџери да ги идентификуваат најдобрите потенцијални клиенти. Прашања кои треба да си ги поставуваат продажните менаџери за успешно да ги идентификуваат вистинските проспекти се следниве: Кој навистина е мој купувач? Кој во моментот ги купува моите производи и услуги? Кој можеби во иднина би ги купувал истите? Кој во минатото ги купувал? Зошто ги купува? Кои се моите конкурентски предности? Што е она што ме издвојува од останатите? Најпрво, продажниот менаџер мора да ја идентификува клучната карактеристика на производот која претставува конкурентска предност и го издвојува од конкуренцијата. Потоа врз основа на оваа карактеристика треба да го презентирате производот и услугата потенцирајќи ја неговата вредност.

Луѓето кои не купуваат производи и услуги ниту од Вас, ниту од конкуренција, се потенцијален извор на нови корисници. Ваквите потенцијални клиенти не купуваат производи и услуги сè додека не добијат препорака од некој кој го почитуваат. Токму поради тоа препораките се со огромна вредност. Препораката вреди колку еден час убедување на потенцијалниот клиент колку навистина е добар Вашиот производ.

Методот наречен Дваесет идеи, претставува еден креативен начин кои ќе Ви помогне да го дуплирате својот приход. Дефинирајте го клучниот проблем и во форма на прашање напишете го во горниот дел од листот. На пример: Како да ја дуплирам мојата плата оваа година? Како да го зголемам процентот на затворени телефонски продажби? Потоа напишете 20 одговори на Вашето прашање. Доколку го правите ова повеќепати неделно, ќе добиете многу нови идеи и многу нови начини да го развиете Вашиот бизнис. Доколку го примените овој метод на генерирани нови идеи, ќе станете еден од најкреативните продавачи и еден од највисоко платените продавачи во Вашата професија.

Категории: Брајан Трејси, Продажба Тагови: менаџер, продажба, производ

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·