Не е изненадување ако се каже дека сите ние располагаме со ограничено ниво на енергија, нели? Колку и да е големо нивото на енергија што го поседува и најенергичниот човек, сепак и неговото ниво на енергија не е неограничено.
Која е тајната што тој/таа ја знае и која му/и овозможува да ги заврши сите тековни работи, да започне нови, да остане насмеан/а, да води богат социјален живот… Која е тајната која може да ја сподели со колегите како и тие да би уживале повеќе во работата и животот?
Кај успешниот урбан човек забележан е тренд на организирање на животната енергијата и време како и нејзино распределување во три клучни полиња, полето на фокус, влијание и грижа (прикажани на сликата, а објаснети подолу во текстот).
Првото поле е полето на фокус или полето на сопствените предизвици (проблеми). На нив најголемото влијание има вработениот и истите може да ги реши сам со постојните ресурси со кои располага. Успешните вработени, успешните луѓе најголемото ниво на енергија и време го посветуваат на ова поле. Придобивките од постигнатите резултати дополнително ги енергизираат и им ја даваат онаа животна енергија на кои колегите и луѓето од окружувањето им „завидуваат“.
Второто поле е полето на влијание или полето на здружено дејствување со средината, каде за да се постигне нешто треба да се здружи енергијата со луѓето од средината. Во ова поле се преговорите, убедувањето, влијанието на колегите, пријателите и здружено дејствување за постигнување на успех. Успешните вработени преостанатата енергија и време ја вложуваат во ова поле.
Третото поле е поле на грижи или поле на кое што не може да се влијае. Единствено нешто што е умно да се преземе во ова поле е да се биде запознат со она што се случува како и да се направи стратегија за заштита. Успешните вработени во ова поле поминуваат многу малку време т.е. поминуваат онолку време колку што е доволно за да ги предвидат и превенираат можните штети, а не доволно долго да се затрујат со лошата енергија.
Една од разликите на среќните и несреќните вработени е во работите кои што ги перципираат во нивното окружување, едните ги гледаат убавите работи, другите ги гледаат не толку убавите. Ако се земе фактот дека човековиот мозок за време од 1 секунда е бомбардиран од 2.000.000 бити на информации и од друга страна неговата спремност да обработи само симболичен дел од тие информации 7±2%, станува јасно дека се зависи од тоа на што ќе се насочи енергијата која што се поседува.
На што ја насочуваат вашите вработени? Како можете да им помогнете помудро да ја насочуваат ограничената енергија? На што би сакале да ја насочуваат? Што е она што ги спречува, ако ги спречува, за да го направат првиот чекор?
Причината поради која ова е многу важно е тоа што со ваквиот однос кон окружувањето ќе се подобри работниот живот на вработените, а клиентите ќе ја почувствуваат позитивната енергија која го обвиткува просторот.
Aвтор: м-р Ана Салтирова Давидовски, раководител на секторот за човечки ресурси во АМСМ www.amsm.com.mk, во својот фокус го има развојот/унапредувањето на вработените како и NLP-то.
Остави коментар