• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Ана Чучкова / Хипноза и хипнотерапија (2)

Хипноза и хипнотерапија (2)

03.11.2010 Категории: Ана Чучкова, Психологија

ХИПНОЗА И ХИПНОТЕРАПИЈА (2)

За да открие човек колку е подложен на хипноза постојат одредени тестови. Нај популарниот тест е сликовитиот тест. Постои слика црно-бела така наречена карта 12М која се дава на човекот кој сака да биде хипнотизиран. Зависно од кажаното од него за ова карта се одредува податливоста.

Тестот за податливост во будна состојба и 12М карта од тематичниот аперцептивен тест (ТАТ) се основните алатки за одредување колку една личност е податлива на хипноза. Тематичниот аперцептивен тест (ТАТ) е разработен од Murray во 30 тите години и е објавен во 1943 година. White (1943) и Rosenzweig and Sarason (1942) утврдуваат дека картата 12M може да се употреби за оваа цел. Во оваа карта луѓето податливите на хипноза почесто гледаат како еден човек хипнотизира една девојка. Оние што потешко влегуваат во хипноза во оваа карта гледаат различни приказни: Како девојката е почината, како човекот сака да ја удри девојката и слично.

Дали еден човек има позитивен или негативен однос кон хипнозата исто така е многу важен факт за податливоста во хипноза, како што истото важи за другите психотерапии и методи. Доколку човекот има негативен став кон одреден метод тогаш тој метод кај него едноставно не работи.

Ќе се потрудам подолу да доловам како се одвива една сеанса во која се употребува и хипноза.

Како и кај секоја друга сеанса со клиентот се разговара за конкретниот проблем, за неговите доживувања и чувства. Зависно од проблемот на кој се работи му се објаснува каков тип на хипноза ќе се спроведе. Доколку се работи на одредена зависност хипнозата треба да е површна. Клиентот има чувство дека не е во хипноза , тој е свесен за се околу него , за гласот на хипнотизерот за секој звук околу него, но, најбитното е што тој сепак слуша и исполнува се што кажува хипнотизерот.

Откако заедно со клиентот ќе се одреди точно на што сакаат да се работи и што ќе зборуваат за време на хипнозата клиентот треба да се намести во положба удобна за него. Хипнозата може да се спроведе и во легната и во седната положба, за тоа одлучува клиентот.

Хипнозата започнува со опуштање на сите мускули на телото . Се насочуваат мислите кон секој мускул од телото од нозете па се до мускулите на лицето. На клиентот му велиме дека со секое издишување влегува во хипноза се подлабоко и подлабоко. Откако клиентот е во хипноза се започнува со избраниот текст за кој што претходно е разговарано со клиентот.

Зависно од проблемот се одредува колку долго клиентот ке биде во хипноза. Но сепак хипнозата не треба да биде подолга од 60 минути. Потоа настапува излегувањето од хипноза. Излегувањето е на ист начин како влегувањето но во обратна насока. Ако клиентот е внесен во хипноза со секое вдишување сега мора да биде изваден од хипноза пак со вдишувањето но сега му кажуваме со секое вдишување да станува по буден и да излегува од хипнозата. Ако воведувањето е направено со броење и излегувањето мора да биде со броење во обратен редослед на бројките, доколку е со вдишување мора да биде и излегувањето со вдишување. Ова е многу важно за хипнотизираниот затоа што му овозможуваме еден редослед т.е. една прегледна патека по која неможе да се загуби. Откако клиентот ќе излезе од хипноза се разговара пак за неговите доживувања додека бил во хипнозата , за чувствата , за реакциите и слично.

Многу е важно да напоменам дека она за што зборуваме за време на хипноза на клиентот е најважното нешто. Мора темата да биде избрана многу внимателно. Неможеме ако работиме на анорексија да му зборуваме за тело, за огледало, место каде што се храни или готви. За точно определен проблем постојат точно определени теми кој што се зборува во хипнозата. Додека хипнотизираниот го слуша говорот на хипнотизерот неговата интелектуалност не работи. Тој секој кажан збор го разбира буквално. Затоа се зборува точно и конкретно без употребување на метафори, метаморфозаи и слично.

Регресијата во хипноза

Еден интересен феномен за хипнозата е регресијата во возраста.

Првото нешто што треба да знаеме е сегашната возраст на клиентот кој сака да биде хипнотизиран. Откако ќе биде во хипноза се започнува од неговата сегашна возраст. Регресијата најдобро се работи во средна или длабока хипноза. По дваесетата минута откако започнала хипнозата клиентот се насочува да се врати постепено на порана возраст. Му се кажуваат детали од неговата по рана возраст на пример како седел во училишната клупа, како сега си ги погледнува неговите обувки кога бил на таа возраст. Може во кабинетот каде што се спроведува хипнозата да се постават и играчки што можат да побудат спомени. Кога клиентот ке покаже знаци на хипнозна регресија подобро е да му се зборува како на мало дете. Можеме да го прашаме на пример во која клупа седи во училиште. Интересно е тоа што кога ќе ни одговори неговиот глас ќе биде по детски, ќе забележиме голема промена во неговиот глас. Исто така може да се направи и цртеж. Откако ќе му подадеме молив и лист на клиентот го замолуваме да си го напише името . Ќе видиме дека неговото пишување ќе биде како на дете. Интересно е да се види дека човек во хипнозна регресија кога пишува не обрнува внимание за поле. Тој пишува на средината на листот што е многу карактеристично за децата, бидејки таа навика за поле се стекнува во училиште.

За време на хипнозната регресија моториката, мимиките и движењата се менуваат во карактеристичните за соодветната возраст.

Враќањето на клиентот од регресијата се случува пак постепено до секашната дата т.е. реалната дата а може да му нагласиме и точно колку е часот во моментот кога излегува од хипнозата.

Хипнозната регресија може да се употреби на пример и за зависноста од цигарите. Со воведувањето во хипнозна регресија клиентот се враќа на таа возраст кога не бил пушач. Тогаш тој започнува да се доживува како непушач и се присетува на неговото дишење, го чувствува телото посилно и има повеќе енергија. Во ваков случај кога клиентот се враќа во будна состојба му се кажува да го задржи тоа чувство и тој начин на дишење и кога ќе се разбуди. Со повеќе вакви сеанси успехот за откажување од цигарите е голем.

Иако во повеќето случаи хипнозната регресија протекува без проблеми и е ефективен метод сепак за да се спроведе хипноза треба да се почитуваат одредни правила и услови. Секој не може да спроведува хипноза, за тоа постојат школи и секој што ќе реши да биде хипнотизиран мора претходно да биде сигурен дека хипнотизерот има соодветна обука за тоа.

Постојат многу шпекулации кои што ни даваат многу погрешна претстава за хипнозата. Во Изрел заради тие грешни претстави е забранета употребата на хипноза за забава, за шоу и за секакво сценско настапување.

Согласно законот во повеќето држави хипноза можат да користат само психолози , лекари и стоматолози. Во нашата држава ваков закон сеуште не постои а со тоа е овозможена злоупотреба со хипноза.

Aвтор: М-р Ана Чучкова е главен уредник на првиот весник за психологија и психотерапија Психолог. Спроведува и организира групи за личен раст и развој. За да видите што ќе добиете со психотерапија и учество во групи видете повеќе информации или јавете се: http://www.psiholog.com.mk/?page=sorabotka

Категории: Ана Чучкова, Психологија Тагови: клиент, сеанса, тест

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·