Магнетизам, месмеризам, хипноза
Поимот хипноза произлегува од грчкиот збор “хипно” што значи сон. Во 1842 година англискиот лекар Ј.Барид наместо термините што се употребувале до тогаш “магнетизам” и “месмеризам” го употребува зборот “хипнотизам” и последниот добива популарност. Подоцна Ј.Барид доаѓа до заклучок дека основните феномени на хипнозата како што се каталепсија, анестезија и амнезија, можат да бидат постигнати и без да се влева сон. Тој исто така пробува да го замени називот “хипнотизам” со “моноидеизам” (концентрирање врз една идеја, слика), но овој термин не добива популарност. Обично хипнозата се сврзува со името на Ј.Барид, многу малку е познато дека овој термин се споменува во 19 век во некои француски речници како и во публикациите на еден од следбениците на Ф.Месмер – Ettienne Felix d Thenin de Cuvillers.
Теории за хипнозата
Во традиционалните теории хипнозата најчесто се разгледува како променета состојба на сознанието, карактеристично со фокусирано внимание, рапорт помеѓу хипнотизерот и хипнотизираниот и зголемена сугестија кон хипнотизираниот.
Во шеесетите години се разработени и други теории од кои има и радикално различни теории и методи (non-state theories). Во овие теории хипнозата се разгледува како научено однесување, навика, одговор на очекување, влегување во улога. Има и други – хипноанализа, его- и нео-теории, еклектични методи. Интересното е дека во Македонија сеуште нема закон како што има во многу држави каде што законот хипнозата ја разгледува како “повремено променување на сознанието на човекот од страна на друг човек (специјалист)”.
Феномени на хипнозата
Има различни феномени на хипнозата. Во однос на моториката и говорна активност за време на хипноза, филмовите и популарните пишани книги и слично, создаваат претстава за целосно исклучување на свесноста, за полна обездвиженост. Всушност во хипнозата се забележува фиксиран поглед со затварање на очите, мала забавеност на движењата, каталепсија на екстремитетите, отсуство на спонтаност, иницијатива и желба за зборување. Се случува и хипнотизираниот човек да биде со отворени очи, да чекори, да црта, да прави различни движења. Од унгарски специјалисти на пример е разработен метод активна – будна хипноза. Интересното за овој метод е што тие имаат поставено статичен велосипед на кој хипнотизираниот човек врти и постепено влегува во хипноза.
Обично поретко се зборува за феномените како што се регресија во хипнозата, соништа, промена во свесноста за времето, автоматичното цртање и пишување.
Хипнозните соништа се употребуваат за задлабочување на хипнозата, за проучување на конфликти и причини за болеста, за достигнување до ниво каде што преживеаните случки нема да бидат поправени со рационалните доживувања.
Регресијата во возраста е повторно преживување на случки од минатото и емоционално целосно се доживува случката. Хипнотизираното лице може да има осет дека е помало и во исто време да знае точно на колку години е, но може исто така и целосно да има чувство дека е во порана возраст. Подолу ставив еден цртеж (Нацртај човек) и е направена од 32 годишен маж во регресија на 6 години.
Во хипноза се менува чувството за време. Обично времето не се оценува реално, може да има осет за подолго или пократко од реалното.
За хипнозата се карактеристични процеси на дисоцирање, спонтани и предизвикани. Дисоцирањето може да се изразува со оддалечување од реалната ситуација и насочување кон сопствените преживувања, различен осет на деловите на телото, појава на скриен набљудувач “друго ЈАС”, автоматично пишување и цртање.
Каде може да се употреби хипнозата?
Најтрадиционално хипнозата се употребува во медицината за намалување или целосно отстранување на болка и осет за болка, на одредени симптоми – кај невроза и кај зависностите. Ова се области каде што хипнозата покажува 100% успех. Инаку има уште многу области каде специјалистите по хипноза го применуваат овој метод, како на пример: работа со алергии, астма, солзење на едното око, слабеење, патологично коцкање, работа со личноста и симптоматиката кај ХИВ-позитивни личности. Многу малку се знае за хипнозата кај деца.
Ефективноста на хипнозата
Иако за хипнозата повеќе се мисли дека е опасна, сепак опасноста може да биде иста како и кај другите терапии. Обично стравовите се: можеш да бидеш смешен, да ја изгубиш контролата, да не се разбудиш, да се разбудиш со променето мислење.
Ова мислење го создаваат филмовите и сценичните настапи. Секако дека кога еден човек изрази желба да се подложи на хипноза кај својот хипнотерапевт му се објаснува точно што ќе се прави, какви разговори ќе се спроведат за време на хипнозата и која е нивната цел. Ништо не се случува без согласност на хипнотизираниот.
Како се влегува во хипноза?
Постојат повеќе методи: фиксирање на погледот во определена светла точка проследено со инструкции на хипнотерапевтот, различни начини на броење, редење на определени зборчиња. Можат да се употребат различни техники за релаксација, со слегување по скали и уште многу други.
Длабочината на хипнозата може да биде површна, средна и длабока хипноза. Постојат луѓе кои не влегуваат во хипноза и можат да влезат само во површна хипноза. Интересното за површната хипноза е дека хипнотизираниот мисли дека не е во хипноза, свесен е за се околу него, но ги слуша инструкциите на хипнотерапевтот. Чувството кога човек е во површна хипноза е “не сум во никаква хипноза, сега можам да станам и да прекинам се”, но ова никако да го направи и сепак човек останува на столот. Оваа длабочина на хипноза се употребува кај одредени зависности, најмногу кај пушачите.
За да открие човек колку е податлив на хипноза постојат одредени тестови. Најпопуларниот тест е сликовитиот тест. Постои црно-бела слика таканаречена карта 12М која се дава на човекот кој сака да биде хипнотизиран. Зависно од кажаното од него за ова карта се одредува податливоста.
Aвтор: М-р Ана Чучкова е главен уредник на првиот весник за психологија и психотерапија Психолог. Спроведува и организира групи за личен раст и развој. За да видите што ќе добиете со психотерапија и учество во групи видете повеќе информации или јавете се: http://www.psiholog.com.mk/?page=sorabotka
Остави коментар