• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Весна Алексовска / Хармоничен почеток за животно патување

Хармоничен почеток за животно патување

04.02.2011 Категории: Јога, Весна Алексовска

Сите луѓе на овој свет се дојдени преку деветмесечното патешествие во утробата на нашата мајка. Зачнувањето и развојот на новото суштество веројатно е највосхитувачкото и најмагичното нешто во космосот. Од две клетки да се развие така совршено суштество! Вистинска магија на Творецот.

Периодот на бременоста е важен и за мајката и за бебето. Во својот внатрешен свет, во стомакот на мама, малото бебенце добива сè што му е потребно за да порасне и се подготви за напуштање на својата прва „детска соба”. За мајката не е само важно бременоста да протече безбедно и без компликации, туку и да биде во позитивна психичка состојба за да може со чиста љубов и потполно прифаќање да го дочека новодојденото. И науката докажала дека бебињата уште во утробата слушаат и ја чувствуваат состојбата на мајката. Замислете што сè може да се регистрира во свеста на тие ангели што понатаму ќе биде темел за нивниот психички развој! Затоа идната мајка треба да си посвети соодветно внимание за време на целата бременост за да се одржува во телесна и психичка хармонија.

Идеална подготовка со јогата
Бременоста е посебен период за секоја жена. Тогаш и се будат сите квалитети на женственоста и ги искусува најблагородните форми на радост и љубов. Овој период на блаженство знае да биде пропратен со очекување, неизвесност и страв од болка при породувањето, што како мит се шири меѓу младите идни мајки.

Но може да биде поинаку. Јогата се покажала како идеална подготовка за породувањето. Искуството покажало дека жените што практикувале јога за време на целата бременост или дел од бременоста се чувствувале многу подобро, ја уживале бременоста, се ослободувале од вообичаените тегоби, и со позитивни мисли и чувства го очекувале чинот на породувањето.

Како јогата помага во бременоста?
Атмосферата во која се одвиваат часовите по јога е смирена и поддржувачка, и на жената и го обезбедува она што и е најпотребно: да не биде вознемирувана, и во потполн мир и сосредоточеност да биде во контакт со своето тело и плодот. Одбраните техники се групирани така, што се погодни за трите тримесечја на бременоста.

Вежбите даваат подобра подвижност и цврстина, подобра циркулација низ целото тело, чувство на рамнотежа и исполнетост со енергија. За време на бременоста тие се „добар пријател” на идната мајка, тие ќе и помогнат да си ги намали тегобите што ја следат, како: болката во половината и грбот, отоците на стапалата, несоницата, мачнината, променливото расположение. Ако мајката се чувствува добро, и на плодот ќе му биде добро. Длабокото јогиско дишење и другите смирувачки дишни техники ја опуштаат жената, и и донесуваат повеќе кислород нејзе и на плодот. Со релаксацијата и медитацијата мајката учи да се одмора ефикасно, да ги сврти мислите во позитивен правец, и со своето бебе да развие однос полн со љубов и прифаќање.

Позитивните ефекти доаѓаат од самите техники, но и најмногу поради начинот на кој се практикуваат. Жената е целосно вклучена во вежбањето и свесно ги хармонизира активноста на телото, умот и дишењето. Кога таа ги изведува вежбите, своето внимание и дишење ги насочува и приспособува на движењата на телото.

Имање свест за дишењето и контролата на дишењето за време на раѓањето се предуслови за безболно и пократкотрајно раѓање.
Фокусираноста на телото за време на вежбите и дава сеопфатно чувство за нејзиното тело, за тоа каде има затегнување, крутост, болка, напнатост кои со помош на дишењето може да ги смали и ослободи. Кога жената е извежбана да забележи што е она што се случува во нејзиното тело, тогаш спонтано за време на породувањето соодветно ќе одговори на контракциите, а ќе има и добра соработка со акушерот и докторот, кои ќе ја водат во процесот.

Изведувањето на положбите со присутност, со свесност, создава состојба на смиреност. Кога бремената чувствува внатрешна бистрина, нејзината самодоверба расте. Кога се чувствува мирна, нејзината вознемиреност во врска со породувањето се смалува.

Големо внимание се обрнува на нејзиното психичко смирување и насочување на умот да мисли и очекува позитивно. Свесната подготовка дека сè ќе биде добро, дека детето што ќе се добие вреди извесна болка, која мајката како благодарност и влог ќе ги даде, ќе и го подготви и телото и умот за предизвикот да стане мајка и на породување да помине поподготвено и полесно.

Да се биде родител е голема мисија за возрасните, а мајката треба да биде „добра почва” на која може да се развие и израсне нов плод, која понатаму трудејќи се да го даде најдоброто за своето дете, и самата ќе продолжи да расте.

Aвтор: Весна Алексовска е оснoвач и претседател на Центарот за јога и личен развој, во кој работи на примена на јогата како систем кој им помага на луѓето во нивното лично спознавање и во достигнувањето на внатрешен мир и благосостојба. За повеќе информации посетете ја веб страната http://www.yogacentar.org.mk

Категории: Јога, Весна Алексовска Тагови: Јога, бебе, бременост

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·