• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Флексибилност – NLP

Флексибилност – NLP

18.10.2011 Категории: Автори, Ана Салтирова Давидовски, Личен развој

Флексибилноста како еден од столбовите на Невро-Лингвистичкото Програмирање (NLP) е преплетена во неговата целокупна филозофија. Тоа подразбира дека на секоја промена, ситуација, личност треба да ѝ се пријде отворено и со спремност да се разбере, а според тоа и да се прилагоди однесувањето на конкретната промена, ситуација, личност. Флексибилноста е една од клучните разлики кои NLP-то го прави единствено и на кое му дава моќ, како што и дава моќ и на личноста која флексибилноста ќе ја интегрира во својата филозофија на живот.

Флексибилноста подучува на:
• Способност да се истражува што е она што носи и што е она што не носи резултати;
• Да се отворат сетилата и да се примат информациите преку сите сетила за комплетирање на сликата;
• На отвореност за менување на активноста кога не се добива посакуваниот резултат;
• На отвореност за повеќе можности;
• Отвореност за промени и учење.

Сè зависи од тоа од која страна се гледа работата и сигурно е дека штом ќе се измени стојалиштето се менува и тоа што се гледа. Ова значи дека сите би можеле да погледнат низ леќата на успехот доколку за тоа покажат спремност. Избор секогаш постои е највеличествената мисла на сите времиња.

За развивање на флексибилноста како вештина и пресретнување на мапата на светот (статија Носечката аксиома од NLP која прави разлика) на соговорникот во NLP-то познати се три различни позиции на гледање на некоја промена, ситуација, личност, и тоа:

Прва позиција. Во оваа позиција се гледаат работите од лична гледна точка. Преку личната мапа за светот, личните вредности, убедувања, претпоставки. Оваа позиција на гледање на работите е значајна за да се разбере личниот став за промената, ситуацијата, личноста. Да се направи проверката за личната екологија и како промената, ситуацијата, личноста влијае врз вас, како таа се вклопува во личната мапа за светот.

Втора позиција. Во оваа позиција се гледаат работите од позицијата на соговорникот. Доколку предолго се остане во првата позиција и не се обрне внимание за втората позиција – погледот со очите на соговорникот, комуникацијата е осиромашена од значителни информации. Доколку не се разберат вредностите, убедувањата и претпоставките со кои соговорникот пристапува во конверзацијата, мала е веројатноста дека исходот ќе биде на обострано задоволство на подолг рок. Како што и посочува индијанската мудрост „Не суди за никој човек доколку барем еден месец не поминеш во неговите мокасини“ значајноста на втората позиција се гледа во тоа да се разбере мапата за светот на соговорникот. Во оваа позиција треба да се погледне од очите на соговорникот за да се разбере мапата за светот на соговорникот, без притоа да има лично внесување во позицијата на соговорникот. Разбирање на што е тоа што тој/таа го прави, а не што вие би направиле да сте на негово/нејзино место.

Трета позиција. Во оваа позиција се гледаат работите од трета, неутрална гледна точка. Во оваа позиција треба на промената, ситуацијата, личноста да се погледне како неутрален, независен набљудувач кој ги има двете (првата и втората) позиција пред себе. Метафора која се користи за оваа позиција е филмски режисер или позицијата мува на ѕидот. Оваа трета позиција овозможува да се набљудува непристрасно, логично, рационално и објективно ситуацијата, промената, личноста. Од оваа позиција појасно може да се види што е она што соговорниците би можеле поинаку да го направат, кажат за да го достигнат посакуваниот резултат.

Спремноста да се погледне од трите позиции овозможува да се разбере соговорникот и да се разбере неговата мапа за светот преку искажување на почитувањето кое е неизоставен дел од добрата комуникација. Сите три позиции се подеднакво важни за водење на конструктивен разговор, како и владеење со промената, ситуацијата. Оваа вежба ја има развиено Роберт Дилц 1988 година, со нејзино активно практикување доаѓа до унапредување на разбирањето на соговорниците, развивање на нови начини на размислување, а преку тоа и до побрзо решавање на проблемите и полесно снаоѓање во нови ситуации. Како што зад сите техники на NLP-то, така и зад оваа техника стои посветеноста и вистинската грижа за соговорникот.

Во продолжение е претставена една приказна која ја преставува крутоста на личниот став и неспремноста да се напушти првата позиција и да се погледне од втората и/или трета позиција на гледање на окружувањето. Ваквиот став сериозно го оштетува комуникацискиот процес и резултира со големи недоразбирања и конфликти во комуникацијата.

Тројца слепи луѓе сретнале слон и почнале да го опипуваат да видат што претставува тоа големо здание пред нив.
„Тоа е нешто големо и широко како тепих“ – рекол првиот држејќи го слонот за уво.
„Јас располагам со докази дека станува збор за рамна и влакнеста цевка“ – рекол вториот слеп човек, кој што го држел слонот за сурлата.
А третиот слеп човек, кој што го држел слонот за ногата извикал „Не, моќен е и цврст како столб“.

Дали овие слепи луѓе барем малку се разликуваат од директорот за производство, маркетинг и развој во голем број од организациите?

Aвтор: м-р Ана Салтирова Давидовски, раководител на секторот за човечки ресурси во АМСМ www.amsm.mk, во својот фокус го има развојот/унапредувањето на вработените како и NLP-то.

Категории: Автори, Ана Салтирова Давидовски, Личен развој

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·