Еден од најголемите проблеми со кои постојано се соочуваат бизнис професионалците претставува ефективното менаџирање на сопственото време.
Вашето ефективно работење во текот на денот всушност се сведува на периодот кога разговарате и преговарате лице в лице со потенцијалните или долгогодишните клиенти. Ефективно работење не претставува времето додека пополнувате формулари или предлози.
Најголеми трошачи на времето се континуираното одложување на работните обврски и задоцнување со нивна имплементација. Исто така, трошите време доколку не сте комплетно подготвени за затварање на продажбата или пак доколку не го поттикнете и не му посочите на потенцијалниот клиент за нејзино затворање. Непрецизните, непотполните и неточните информации се големи трошачи на време и поради тоа настојувајте секогаш пред да појдете на состанок со потенцијалните клиенти да имате комплетна, точна и прецизно напишана документација.
Меѓу овие најголеми трошачи на Вашето драгоцено време се и следниве: недоволното и нецелосното познавање на производот; лошо испланираните и непотврдените состаноци; перфекционизмот, односно инсистирањето сите активности да бидат детално испланирани пред да започне продажбата; постојаното одвлекување на внимание и расеаноста; како и заморот и прекумерната работа. Не постои ниту финансиска ниту друг вид на мотивација која може да придонесе да ги постигнете поставените цели доколку имате недостаток на желба, амбиција и енергија.
Можете да ја зголемите Вашата продажна ефективност доколку максимално ефикасно и правилно го користите Вашето време. Планирајте барем еден ден однапред и одмарајте се редовно со цел да бидете помотивирани и поспремни за новите предизвици кои Ве очекуваат. Секое утро посветете околу 20-30 минути од Вашето време да прочитате инспиративни и мотивациски текстови. Закажете го Вашиот прв состанок порано бидејќи непишано правило е дека оние луѓе кои имаат најмалку време да одвојат за Вас, скоро секогаш се најпроспектни клиенти.
Оние кои не заработуваат многу во процесот на продажба, всушност не разговараат со доволно луѓе. Потрошете 75% од Вашето време во процесот на пронаоѓање нови клиенти, сè додека не станете презафатени за да можете да издвоите време за состанување со клиенти.
Потрошете го целиот ден работејќи и користете ја секоја минута. Не гледајте го денот во часови, утра и пладниња, туку во минути. Доколку ги користите кафе паузите и паузите за ручек добро и порано почнувате со работа, можете да заработите два до три пати повеќе секоја година.
Постојано надградувајте ги сопствените продажни вештини со читање на книги и списанија во областите на продажба. Доколку успеете да го зголемите соодносот помеѓу затворените продажби и одржаните состаноци со потенцијални клиенти, ќе успеете максимално да го искористите времето.
Треба да се запамети дека продавате исклучиво кога сте лице в лице со потенцијалниот клиент кој е подготвен да купи.
Aвтор: Живата легенда во светот на бизнисот и број 1 светски бизнис гуру – Брајан Трејси.
Остави коментар