Зошто се потиме?
Во внатрешноста на нашата кожа, којашто ја покрива површината на целото наше тело, се наоѓаат околу три милиони потни жлезди. Потта што ја излачуваат т.н. eccrine жлезди, претставува безбојна течност без мирис што служи за регулација на телесната температура. Потта што ја произведуваат овие жлезди се состои од 99% вода, сол и од други електролити. Дневно може да се изгуби и до 10 литри пот произведен од eccrine потнитите жлезди. Течноста од apocrine жлездите се излачува на места каде што растат влакна. Овој вид пот е исто така без мирис, но во неа се појавуваат голем број кожни бактерии. Apocrine жлездите произведуваат само неколку милилитри пот дневно. Двата типа пот се без мирис. Мирисот го произведуваат бактериите што се наоѓаат на кожата и што се развиваат на влажни и топли места како што се пазувите и стапалата.
Потењето претставува еден од основните физиолошките механизми за терморегулација (излез на топлината преку испарување на потта). Нашата телесна температура е во рамнотежа, така што исто количество топлина влегува и излегува од нашето тело. Доколку топлината се зголеми, рамнотежата на телесната температура се менува и тогаш чувствуваме дека ни е жешко. Преку потењето телото го зголемува излезот на топлината со цел да се воспостави телесна рамнотежа. Потењето е константно и секојдневно, но постојат моменти кога тоа производството на пот се зголемува. Потењето се зголемува во различни моменти, најчесто поврзани со зголемувањето на надворешната температура и физичката активност. Телото произведува поголемо количество пот кога сме нервозни или се наоѓаме во некоја емотивна или стресна ситуација.
Кога потната жлезда е стимулирана, клетките лачат течност што патува од намотаниот дел од жлездата кон надворешната површина на кожата. Некои луѓе користат дезодоранси за да ја прикријат миризбата под пазувите, но ако се потиме многу, најверојатно ни е потребен антиперспирант за да го намали производството на потта и миризбата.
Што се тоа антиперспиранти?
Антиперспирантите се производи што го намалуваат зголеменото потење под пазувите и на другите делови од нашето тело. Тие се нанесуваат на површината на кожата. По нанесувањето на антиперспирантите, потта под пазувите ги привлекува и разложува антиперспирантните честички, влечејќи ги внатре во порите и формира површен затворач под површината на кожата. Ова помага во редуцирањето на течењето на потта.
Состојките на антиперспирантите и дезодорансите е неопходно да се контролираат. Сите антиперспиранти мора да исполнат строги безбедносни барања пред да се пуштат во широка потрошувачка. Одредени активни состојки кшто се содржани во антиперспирантите мора да бидат одобрени од светската Управа за храна и лекови (FDA) пред да се продаваат.
Од што се составени антиперспиранитите?
Голем број од потрошувачите пред да изберат кој антиперспирант ќе го купат, погледнуваат на декларацијата со цел да прочитаат од кои состојки е составен производот за кој даваат пари.
Тврдите антиперспиранти се направени од неколку состојки, вклучувајќи восок, смирувачка течност и одредени активни состојки. Активните состојки на антиперспирантите им ја даваат моќта на блокирање на потта. Сите антиперспиранти се базирани на алуминиумски соединенија како нивни главни состојки. Доколку погледнеме на листата состојки од кои се составени антиперспиранитите, ќе забележиме дека алуминиумските соединенија се првите на таа листа. Некои од заедничките активни состојки се: алуминиумхлорид, алуминиумциркониум тетрахлорохидроксглицин, алуминиумхлорохидрат, алуминиумхидроксибромид…
Алуминиумските честички продираат во клетките на eccerine жлездите и кога тие веќе се наоѓаат во нив, водата поминува заедно со нив. Колку повеќе вода поминува низ нив, ќелиите продолжуваат да нараснуваат притискајќи го каналот, така што тој останува затворен, а потта не може да излезе надвор.
Секоја ќелија може да привлече само одредено количество вода. Кога се случува ова, водата во ќелиите продолжува да поминува враќајќи се назад, преку осмоза, и отокот на ќелиите се намалува. Токму затоа луѓето треба да го повторуваат нанесувањето на антиперспирантите.
Алуминиумските состојки во комбинација со останатите состојки ја даваат безбедноста и ефикасноста на антиперспирантите од аспект на контролирањето на потта и телесната миризба.
Кај повеќето антиперспиранти и дезодоранси, парфемите и мирисите се користат за да ја прикријат телесната миризба и да обезбедат чувство на свежина на кожата. Во суштина, сите антиперспирантни производи содржат масла за омекнување на кожата што спречуваат губење на водата. Хидратантниот крем во антиперспирантите најчесто е глицерин или растителни масла како што е сончогледовото.
Активните состојки на антиперспирантите најчесто се растворени во алкохол затоа што по нанесувањето на кожата, алкохолот многу бргу се суши и веднаш добиваме чувство на свежина. Токму поради тоа алкохолот е честа состојка во многу антиперспиранти и дезодоранси.
Кога постојано се потиме, понекогаш кожата ја чуствуваме прилично мрсна. Силика е природен минерал што често се користи во антиперспирантите за да се ликвидира таа мрснотија по потењето.
Во некои антиперспирантни производи се користи т.н. PEG-8 Distearate, емулгатор што прави полесно да се измие нанесениот производ од кожата.
Во зависност од тоа за каков производ станува збор, антиперспирантите најчесто содржат соли што, всушност, го намалуваат текот на потењето од кожата. Солите се разложуваат и оставаат тенок слој од гелот над потните жлезди. Овој слој го намалува количеството пот на кожата за неколку часа по нанесувањето на антиперспирантот. Некои од распрскувачите и рол-оните најчесто содржат алуминиумхлорохидрат, додека тврдите антиперспиранти и геловите најчесто содржат антиперспирантен сол наречен алуминиумциркониум тетрахлорохидрекс. Овие соли овозможуваат најбезбедна и најефективна контрола на потењето.
Некои луѓе можат да бидат загрижени за употребата на алуминиумот во антиперспирантите и другите производи што ги користиме секојдневно, бидејќи веруваат дека тие можат да му наштетат на нивното здравје. Како пример беше посочено дека алуминиумот е можен фактор за предизвикување на Алцхајмеровата болест. Меѓутоа, експертите и истражувачите, вклучувајќи ги и оние од Алцхајмеровото здружение, велат дека нема никаква поврзаност помеѓу овие две нешта.
Со цел поефикасно да се нанесуваат на кожата, антиперспиранитите мораат да имаат одредена структура што ќе ги соединува останатите состојки. Најчесто станува збор за течност што е содржана во распрскувачите или во тврдите антиперспиранти.
Водата во антиперспирантите се користи како носител на другите состојки. Таа создава флуидност кај производите како што се рол-оните и кремите и помага производот полесно да се нанесе на кожата. Во распрскувачите, течноста се наоѓа во активните состојки што овозможуваат полесно распрскување на целата површина на кожата. Оваа течност (најпозната е циклометикон) најчесто е комбинирана со незначително густа глина наречена disteardimonium hectorite што на потечките честички во антиперспирантите не им дозволува да потонат на дното.
Повеќето производи содржат безопасен антиоксиданс што гарантира дека останатите состојки се во најповолна состојба во допирот на кожата.
Преземено од: Таргет – специјализирано списание за трговија со стока за широка потрошувачка www.target.com.mk
Остави коментар