• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Благица Ризоска / Љубов во канцеларија

Љубов во канцеларија

05.11.2010 Категории: Благица Ризоска, Кариера

Зошто компаниите не одобруваат љубовна врска на работното место

Љубовта и работата се две подрачја, кои имаат исклучително позитивно влијание во човеквото живеење. Но, љубовта на работа не е толку исклучителна и, дефинитивно, не е толку позитивна, барем не во мозокот на претпоставениот. Најчесто, претпоставените во која било корпорација, во која било индустрија со сета своја сила се обидуваат да спречат каква било форма на привлекување користејќи најразлични формални и неформални казнени мерки.

Постојат неколку причини поради кои се појавува потребата од вакво однесување. Првата се однесува на можноста за различни видови злоупотреба од кои на највисоко ниво е злоупотребат на моќ на работното место. Потенцијалот за злоупотреба од позиција на моќ произлегува од многу добро познатото сексуално прашање: Кој е на врвот? Како се чувствува тој што не е на врвот?

Сведено на ниво на корпорација, најчесто ТОЈ е на врвот, ТАА репортира и никогаш не е доволно јасно колку и каква моќ користи ТОЈ за да ја задржи на местото под него. Во прилог на ова се поставува и прашањето за објективноста на годишниот извештај за нејзината работа. Дали оцените ќе останат исти доколку ТАА донесе друг избор и престане да ги нуди задоволствата што ТОЈ ги очекува?

Многу девојки би се омажиле со шефот без да се двоумат, но реакциите во канцеларијата нема да престанат дури и кога се ставени венчалните прстени на нивните прсти. Дури и кога нема официјална забрана, кога момче од одделот за финансии и девојка што менаџира тим во одделот за продажба спијат заедно, буквално сите вработени во финансии и во продажба (дел од маркетинг, дел од одделот за човекови ресурси итн.) ќе забележат и ќе реагираат. Реакцијата не е секогаш негативна. Видлива е и забележлива е поради фактот што дури и платонска романса носи емоционална возбуда, која не е лесно да се прикрие. Исто така, врските на работно место ја созреваат корпоративната политика и тоа може да влијае лично на секој вработен. Двајца вработени што станале двојка, во истиот момент ја уриваат рамнотежата на моќ во тимот за развој на продукти. Веќе се знае дека тие двајца имаат поголем и различен потенцијал од другите да се поддржуваат меѓусебно и доколку сакаат да го саботираат тимот.

Во прилог на ова, може да се додаде фактот дека во корпоративното семејство, сексуалните врски, метафорички, можат да се дефинираат како инцест. Сексуалната возбуда ги потсетува сите вработени за нивната сексуалност скриена веднаш под нивните костуми. Свесноста за сексуалноста не оди в прилог на корпоративните интереси во кои се претпочита да има „несексуални“ колеги.

Која било сексуална врска на работно место ги разголува длабоко скриените сексуални потреби кај сите вработени во корпорацијата. Сепак, двајцата љубовници, најчесто, не сакаат да веруваат дека некој знае за нивната врска. На ваков начин наоѓаат оправдување да продолжат и понатаму да бидат во врска под изговор дека таа нема никакво влијание на нивната работа. Ваквото психолошко одбивање да се соочат со реалноста им овозможува емоционално да профитираат, а тоа е да продолжат да го прават само тоа што им е убаво, без да размислуваат за последиците.

Всушност, вљубените на ист ваков начин ја отфрлаат и преостаната одговорност за работата во тимот, професионалното усовршување, корпоративната култура, која и тоа како носи негативни последици за организацијата.

Сепак, не секоја романса има негативно влијание. Има колеги што се во зрели долгорочни врски и во исто време се двојно попосветени на организацијата, која им служи како идеално окружување за нивната длабока привлечност. Некои врски завршуваат со брак, кој уште подобро функционира поради разбирањето и почитта што се раѓа од сознанието што точно работи партнерот.

Речиси и не постои начин да се превенира љубов во канцеларија. Факт е дека канцеларијата може да биде многу „сексуално“ место и дека тоа е една општо прифатена, но ретко освестена причина зошто вреди да се оди таму секој ден. Ако решите за себе да практикувате љубов во канцеларија имајте ги предвид следниве совети:

• Апсолутно никаква романса во текот на работното време. Корпоративната е-пошта не служи за „сексуални“ пораки, прекувременото останување не служи за љубење во работен простор, затворената врата не значи дека нема да ве забележат.

• Не одете на непотребни деловни патувања. Резервирајте посебни соби. Не трошете корпорациски пари за да ја продолжите вашата афера.

• Не зборувајте. Никому. Не озборувајте, дискутирајте, објаснувајте за вашиот „нов“ љубовен интерес.

• Не однесувајте се спротивно на корпорациската култура. Ако одите сосема спротивно од корпорациските правила, на крај ќе мора да изберете само една опција љубов или работа. Решете што е повредно за вас.

Aвтор: Автор: М-р Благица Ризоска e предавач и консултант, главен и одговорен уредник на Global HR. За повеќе информации посетете го веб порталот http://www.globalhr.mk/.

Категории: Благица Ризоска, Кариера Тагови: љубов, Вработени, врска, компанија, работа

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·