• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Ана Чучкова / Психолошко профилирање

Психолошко профилирање

14.10.2010 Категории: Ана Чучкова, Психологија

Психолошкото профилирање е еден од модерните и успешни методи за помагање на едно криминално истражување што се употребува во многу држави. Ова профилирање е понов метод разработен во 70-те години на минатиот век во ФБР. Прoфилирањето традиционално се употребува во истрагите на тешки престапи на личноста како: убиство, сексуално насилство, грабежи и слично. Овој метод особено важна улога има во случаите во кои има сериозни податоци дека станува збор за сериозно прекршување на законот.

Во нашата држава многу малку се дава важност на овој метод кој помага за:
– Стеснување на кругот на осомничените лица.
– Прогнозирање на идните постапки на извршителот, потенцијалните жртви, како и на местото на извршување на престапот.

Профилирањето може да се употребува и за избирањето и усовршувањето на техники за спроведување на распит на осомничените лица и сведоци од страна на специјалните органи. На кратко ќе се потрудам да прикажам како би изгледало едно психолошко профилирање.

Психолошкиот профил во практика претставува оценка на личноста на евентуалниот престапник. Овој профил содржи информации поврзани со социјалните и психолошките карактеристики на престапникот како на пример: раса, пол, возраст, професионална ангажираност, религиозна припадност, семејна положба и образование. Основните извори на информација коишто ги употребува психологот во подготовката на профилот се:
– Предметни докази
– Местото на престапот
– Изборот на жртвата
– Начинот на извршување на престапот.

Основните прашања на кои психологот треба да одговори за да се добие јасна слика се:
– Што и како е извршено?
– Зошто точно на овој начин е извршено?
– Каков тип на личност би можело да изврши точно ваква престапност?

Одговорот на првото прашање всушност претставува анализа на однесувањето на извршителот, одговорот на второто прашање дава информација за мотивот на престапот, а одговорот на третото прашање ги систематизира психолошките карактеристики и особености на личноста на извршителот.

Каква информација содржи психолошкиот профил?

Обично типичниот профил ги вклучува параметрите како:
– Демографски податоци
– Интелектуален статус и статус на образование
– Претходни апсења и криминално минато
– Семејство и семејни односи
– Социјални интереси и навики
– Карактеристики на личноста и можни психички отстапувања
– Препораки на спроведувањето на распит на евентуалните осомничени.

Процесот на подготовката на еден психолошки профил е една сложена аналитична дејност која што ги вклучува основните стапки:
– Оценка на престапниот акт
– Анализа на местото на престапноста
– Анализа на жртвите или жртвата
– Анализа на целата информација собрана од полицијата
– Анализа на судско-медицинските експертизи
– Разработување на профил кој содржи специфични психолошки карактеристики на извршителот.
– Подготовка на препораки за истрага базирана на разработениот профил.

Психолошкото профилирање идентифицира важни личносни карактеристики на извршувачот на престапот коишто се изведуваат преку анализа на извршеното конкретно престапно дејствие и во оваа смисла игра голема улога во процесот на истражување на тешки и сериски престапи, а неговото интегрирање во полициската практика ја зголемува ефективноста на полициските дејствија.

Како изгледа едено психолошко профилирање?

Убиство со нанесување многубројни удари.

Пол – маж

Возраст – 32-42

Образование и професија: Високо. Во моментот на убиството преживува драстичен пад на професионално поле – останува без работа, неуспешна реализација, недостиг на перспектива, загуба на позиција.

Семејство: има проблеми во бракот, во тек на развод или веќе разведен.

Врска со жртвата: извршителот и жртвата се интимни партнери.

Место на злочинот: домот на жртвата.

Виктимологија, ниво на ризик : ниско. Во блиски или интимни односи со престапникот. Престапникот на некој начин е зависен од жртвата – емоционална или материјална зависност – заради високиот статус на жртвата. Има големи можности престапникот да бил условуван од страна на жртвата.

Криминално минато: ситни кражби

Личност и однесување: Егоцентричен, студени емоции, прагматичен и манипулативен. Добро шпекулира со чувствата на другите за да може да ги задоволи големите нарцисоидни потреби. Има високи претенции и демонстрира голема самоувереност за да ја прекријат внатрешната неувереност и потребата да добиваат постојано одобрување и поткрепа од блиските. Обично прави регресија во однесувањето, ако е ставена под сомневање неговата можност да биде влијателен над другите или е разобличено неговото вистинско “Јас”. Во вакви случаи почнува да се самосожалува, да се доживува како неспособен и да биде во состојба на апатија. За него е карактеристична скриената агресија кон луѓето што го омаловажуваат. Параноидните фантазии кои долго време се скриени под големата љубезност преминуваат во демонстрации на агресивни изблици поради стравот од загуба на контрола и авторитет.

Сексуален статус: атрактивен и привлечен со потреба да им се допадне на сите. Сака постојано да добива потврда за неговата машкост. Склон кон развој на бисексуални и хомосексуални врски.

Модел на злосторот: злосторството е извршено во состојба на афект како крај на еден долг конфликт со интимен карактер започнат со жртвата пред да се случи убиството. Нанесените удари се многу на број што покажува колку е гневен извршителот. После убиството жртвата е покриена без да се направи труд за нејзино криење или за бришење на докази. Преовладуваат елементи на неорганизираност на однесувањето.

Мотивација: ова е убиство од лични побуди – изневерување, љубомора, соперништво. Причината е отфрленоста на престапникот или несакањето на жртвата да го промени своето однесување како што барал престапникот.

Aвтор: М-р Ана Чучкова е главен уредник на првиот весник за психологија и психотерапија Психолог. Спроведува и организира групи за личен раст и развој. За да видите што ќе добиете со психотерапија и учество во групи видете повеќе информации или јавете се: http://www.psiholog.com.mk/?page=sorabotka

 

Категории: Ана Чучкова, Психологија Тагови: жртви, криминал, престап, работа

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·