Во денешно турбулентно бизнис окружување во услови на остра конкуренција и сè попребирливи купувачи кои го сакаат најдоброто за своите пари, маркетингот не е луксуз, туку неопходна алатка на секоја фирма. Маркетинг миксот е еден од најпопуларните поими во маркетингот.
При пласманот на своите производи компаниите мора да креираат успешна комбинација на вистински производ, со прифатлива цена, што ќе биде на вистинско место, претставуван со најдобра промоција.
Ова се компоненти на маркетинг миксот кои се попознати и како четирите “P”:
• Product – производ;
• Price – цена;
• Place – дистрибуција;
• Promotion – промоција.
Секоја од овие компоненти е насочена кон задоволување на потребите на крајниот потрошувач. Во оваа статија би се задржал на промоцијата како инструмент на маркетинг миксот.
Промоцијата ги претставува сите комуникациски и оперативни активности кои имаат за цел информирање, презентација и зголемување на продажбата со што би се остварило позитивно мислење за производите, а со тоа истите би биле купени.
Промоцијата е ефикасна колку и другите инструменти (производ, цена и дистрибуција), ефикасно ја врши својата улога и не може да ги надополни слабостите во ефикасноста на другите инструменти.
Промоцијата е начин на комуницирање на компаниите со клиентите. Комуницирањето се дефинира како пренесување на информации, размена на идеи и процес на воспоставување на заеднички мислења.
Постојат пет основни компоненти на комуникација: испраќач, примач, медиуми, порака и feedback (реагирање на купувачите).
Инструменти на промоцијата:
• Економска пропаганда
• Лична продажба
• Односи со јавност
• Подобрување на продажбата
• Директен маркетинг
Економска пропаганда е секаков облик на платена презентација и промоција на идеи, производи и услуги. Се дефинира како платена форма на комуникација наменета да информира и/или влијае врз повеќе луѓе. Економската пропаганда може да биде ориентирана на зголемување на побарувачката или имиџот.
Економската пропаганда се однесува на:
– Една компанија за да создаде институцијална слика/имиџ (институцијална пропаганда)
– Компании кои пропагираат производ во зависност од типот на активност (примарна пропаганда)
– Бренд компании (селективна пропаганда)
Целта на пропагандата е да:
– Информира
– Убедува
– Потсетува
Лична продажба е усна презентација во разговор со еден или повеќе потенцијални клиенти со цел да се оствари продажба. Тоа е форма на промотивни активности кои најдиректно влијаат во продажбата на производи или услуги. Личната продажба е форма на промоција во која компанијата доаѓа во директен контакт со своите клиенти. Тој контакт се остварува лично, и тоа е главна карактеристика на личната продажба па оттаму е и самото име.
Предности од личниот контакт на продавачите и купувачите се:
– Двонасочен начин на комуникација и способност да се добијат реакции од потрошувачите на производите
– Можност продавачите да ја адаптираат својата презентација кон секој клиент индивидуално
– Голема шанса на лице место да се склучи купопродажен договор
Недостатоци од личната продажба се:
– Високи трошоци за организирање и примена на личната продажба
– Ризик при изборот на продавачот
Односи со јавноста (public relations) е најефикасен инструмент за одржување на лојалност на производите. Активностите на компанијата поврзани за односи со јавноста влијаат врз јавното мислење со цел да се добие позитивен имиџ на компанијата и нејзините производи во јавноста.
Задачи за односи со јавноста се:
– Давање подршка за лансирање на нови производи на пазарот
– Ја стимулира популарноста на производите кога таа опаѓа
– Одбрана на производи кој оствариле неуспех во јавноста
Инструменти за односите со јавност се:
– Новинарски медиуми (интервју, конференции за медиуми)
– Периодични извештаи (стручни публикации, интерни весници, финансиски извешати)
– Посебни печатени средства (брошури, каталози)
– Посебни активности (добротворни организации, натпревари, спонзорства, донации)
– Специјални настани (симпонзиуми, семинари, саеми, изложби)
– Аудиовизуелни медиуми (радио реклама, телевизиска реклама)
– Изложбени медиуми (билборди, тест примероци, летоци)
– Рекламирање
– Унапредување на продажба
– Малопродажба и продажни техники
Подобрување на продажбата e серија од кратки активности за подобрување на продажбата на производи и услуги (купони, специјални попусти, наградни игри).
Мерките за подобрување на продажбата се насочени кон: клиенти, посредници и сопствени продажни сили.
Директен маркетинг е интерактивен систем на маркетингот кој користи еден или повеќе рекламни медиуми за да се добие мерлив одговор на секоја локација.
Одлики на директниот маркетинг се:
– Можност за директна кординација и контрола
– Користење на најнови технички достигнувања
– Обезбедување на податоци за истражување
– Постојана потреба за иновации
– Креативно дизајнирани презентации на клчните аргументи
Постојат бројни канали за привлекување на клиенти преку директен маркетинг, а некои од нив се: директна продажба, директна пошта, каталог маркетинг, телемаркетинг, телевизија, on-line маркетинг итн.
Aвтор: Роберт Проданоски е апсолвент на “Економски факултет” во Прилеп. Раководи со билборди поставени на сопствен плац. За контакт можете да му пишете на неговата адреса r.prodanoski (at) gmail.com
Остави коментар