Email маркетингот е одличен начин за да се изгради одреден бренд. Доколку се користи правилно за маркетиншка промоција, со задоволство ќе ги читате повратните информации од читателите. Ова важи само доколку стратегијата за градење листа се користи правилно. Потребно е да се избегнува лажење или изигрување на луѓето, зашто во спротивно, тоа може само да го уништи брендот.
Одржување листа со email адреси
Најдобрата алатка во стратегијата за email маркетинг е одржување листа со email адреси. Листата на email адреси ќе служи за наоѓање на нови и потенцијални купувачи. Најголемиот пропуст на голем број веб сајтови е грешката што постојано не прибираат нови членови на листата. Со користење email маркетинг, со стратегија за градење листи и зачленување нови членови, се создава можност за зголемување на бројот на потенцијални купувачи. Во просек, потребни се седум гледања на одреден продукт или услуга за да купувачот се одлучи за купување.
Опција за зачленување од вашиот веб сајт
Ова изгледа прилично едноставно. Постојат многу веб страници кои воопшто немаат опција за заинтересираните посетители да ја остават нивната адреса. Доколку се има намера да се изгради добра листа на членови, потребно е што порано од посетителите да се побара да ја остават нивната адреса.
Предноста на опцијата за зачленување е да се добијат неговото име, презиме и email адресата. Откако ќе ги внесат, тие веќе се членови на вашата email листа. Во спротивно трошите вреден ресурс како што е вашиот веб сајт.
Понудете бесплатни продукти
Ова е далеку најпродуктивната стратегија за најголемиот дел на email маркетинг кампањи. Дел од маркетинг стратегијата би требало да нуди подарок или некаква друга награда. Не може да се привлечат луѓето да се запишат на вашата email листа едноставно само поради вашите убави зборови или модерни слики. Треба да се настапи професионално и да ги убедите за да Ви ја остават нивната email адреса. Давањето подарок ќе привлече дел од нив да се зачленат на вашата листа. Ќе помогне во вашиот напор за маркетиншка промоција и издигнувањето на брендот.
Пример: Освен подарок можете да понудите бесплатен извештај за анализа на вашиот пазар, попуст за купување ваши продукти, бесплатни консултации, учество во наградна игра, одредена корисна алатка, бесплатен трач или интервју со позната личност.
Социјални медиуми
Користењето на алатки како социјалните мрежи Facebook и Twitter може многу да Ви помогне при привлекувањето на нови посетители и читатели. Соопштете им на сите во вашата социјална мрежа за вашиот електронски весник или извештај и каква корист тие може да имаат од него. Луѓето веднаш ќе се зачленат на вашата листа.
Регрутирање пријатели на членовите
Ова е одлична стратегија за да ја проширите листата на адреси. Во вашиот весник кој го праќате до членовите на листата, напоменете дека е во ред весникот да го проследат до своите пријатели. Доколку им се допаѓаат содржините, најверојатно имаат уште некој пријател или познаник на кого би му се допаѓале истите содржини.
Средби за ширење контакти
Средби за вмрежување и саеми се одржуваат многу често. Локални организации постојано организираат настани како дебати, конференции или трибини. Скоро секогаш имаат потреба од говорници или учесници. Редовно посетувајте ги настаните од кои можете да имате корист. Нема подобра замена од лично запознавање и претставување. Имајте подготвени визит карти за да си размените. Заинтересираните лица уште веднаш додадете ги на листата. Доколку сте во можност овозможете им на лице место да се регистрираат на листата.
Организирање вебинари
Испраќање на известување за бесплатен воведен вебинар за вашиот продукт, услуга или друга ваша понуда е одличен начин за привлекување нови купувачи и прибирање информации. Ова ви дава можност да ставите лице зад брендот. Штом ќе ја завршите. лесно можете вашата презентација да ја качите на YouTube, во која ќе бидат наведени вашата email и интернет адреса.
Блогерај
Луѓето блогираат 24/7. Пребарувајте по блоговите врзани за вашиот пазар. Проверете какви релевантни информации можете да им понудите. Вклучете ги луѓето во вашата комуникација. Како потпис на пораките вклучете ги вашите email и интернет адреса.
Aвтор: Дејан Спасески
Остави коментар