• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Преземено од / Вработување NEWS / Компаниите и организациската култура

Компаниите и организациската култура

20.09.2023 Категории: Вработување NEWS, Организациска култура

Теоријата на организација како научна дисциплина во текот на својот развој долго време најголемо внимание посветувала на истражување на т.н. “тврди” варијабли на организацијата во кои спаѓаат: стратегијата, стуктурата, технологијата, големината, локацијата и сл. Откако максимално се искористиле можностите на овие тврди варијабли, таа фокусот на својот интерес го насочила кон т.н. “меки” варијабли во кои спаѓаат: организациските промени, конфликтите во организацијата, стресните состојби и особено организациската култура.

Организациската култура се простира и ги опфаќа сите активности на компаниите. Таа влијае на начинот на организирање, степенот на децентрализација, формирање на авторитетот на организацијата, на степенот на формализирање на правилата и процедурите на функционирање и сл.

Со еден збор, организациската култура влијае на вкупното однесување на компаниите. Поимот култура вклучува низа елементи како што се: традиција, обичаи, навики, вредносен систем, верувања, ставови, мерила и норми на однесување. Според овие елементи се разликуваат народите и одделните општества. Слично на тоа и организациите имаат своја култура по која се разликуваат и препознаваат една од друга. Различни автори даваат свои дефиниции за неа:

• Наједноставно одредена, културата е низа на вредности, норми и уверувања.

• Организациската култура е општ модел на однесување на уверување и вредности кои им се заеднички на членовите.

• Културата е збир на верувања, очекувања стекнати и вложени вредности од страна на членовите на организацијата и пренесени од една генерација вработени на друга.

Според ова, организациската култура претставува сложена појава и процес и опфаќа повеќе димензии.

Организациската култура е релативно траен и специфичен систем на основни облици на однесување, вредности, уверување, норми и обичаи кои го одредуваат организациското однесување и ги насочуваат сите активности на поединците и групите кои ги сочинуваат организациите. Културата го изразува специфичниот начин на однесување и стил на живеење на организацијата и на групите внатре во неа, а како битни елементи за разбирање на организациската култура и нејзиниот поим може да се набројат:

1. Содржината
Организациската култура ја сочинуваат забележливи знаци или индикатори или незабележливи сили присутни во организацијата. Во забележливите знаци можат да се вклучат физичките карактеристики на организацијата како: архитектура, цртежи, начин на облекување, јазик, приказни, митови, ритуали, церемонии, формални правила, надворешен изглед на организацијата и сл. Но, овие физички знаци не ја претставуваат самата култура, тие се само индикатори на незабележливите елементи на културата, на верувањата, вредностите, претпоставките, заедничките перцепции и норми на однесување кои ги поседуваат членовите во организацијата.

2. Социјален карактер
Културата претставува категорија која има социјален карактер. Тоа значи дека културата се формира во рамките на одредени социјални групи како што се: организациите, компаниите, социјалните слоеви, професиите, нациите и друго. Така и културата се формира во рамките на организацијата како социјален систем, а не на индивидуално ниво.

3. Ефекти
Организациската култура доведува до тоа да најголем број членови од неа на ист начин да ги сфаќаат, интерпретираат и разбираат појавите, проблемите и процесите во организацијата и средината. На тој начин организациската култура креира систем на правила и норми кој ги насочува секојдневните активности и однесување на членовите во организацијата.

4. Начин на создавање
Организациската култура се создава низ процес на социјални интеракции на членовите на организацијата. Заедничките значења на предметите, појавите и процесите на заедничките вредности, верувања и норми на однесувања како посебни карактеристики на културата, можат да се создаваат единствено со помош на меѓусебни интеракции и комуникации на членовите на организацијата. Тоа значи дека организациската култура се создава со акумулирање на заедничко искуство кое членовите на компанијата го стекнуваат, решавајќи ги проблемите во текот на функционирање на организацијата. Некои автори одредувањето на поимот организациска култура како и нејзиното дефинирање го доведуваат во врска со т.н. имиџ (рејтинг) на претпријатието и компаниите и со посакуваната слика на претпријатието и компаниите. Рејтингот дава одговор на прашањето: како нè гледа и оценува средината, купувачите, конкурентите, деловните партнери.

За разлика од тоа, посакуваната слика дава одговор на прашањето: кои сме ние? Какви сакаме да бидеме? Какви резултати сакаме да оствариме? Како мислиме да управуваме и раководиме со претпријатието? За сметка на тоа, некои организации со долгогодишна традиција имаат препознатлива култура, која го создава и рејтингот на организацијата.

Преземено од: Вработување NEWS

Категории: Вработување NEWS, Организациска култура

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·