• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Милан Новковски / Доживотно учење – животна перспектива

Доживотно учење – животна перспектива

20.09.2023 Категории: Милан Новковски, Образование

Вистинското патување кон откривањето не е во потрагата по нови земји, туку во гледањето со нови очи – Marcel Proust

Дали и како се одвојувате од толпата? Тоа е прашање на кое вреди да се посвети време за да се дојде до позитивен одговор. Минуваме голем дел од нашиот живот посветени на формалната едукација која ни ја диктира образовниот систем. Огромни книги напишани од професори кои бараат да се знае материјата на памет, затоа што за нив тоа е таа вредност која ни ја дава преодната оценка, да го положиме испитот или да го завршиме факултетот. На крајот од ова патешествие, младите луѓе добиваат диплома, а со неа во комплет доаѓа и нагласена одбивност кон образовниот систем.

Дали ќе се задоволите со минимумот или ќе се обидете да го достигнете својот максимум и навистина да се одвоите од толпата? Дали фирмата во која работите Ви овозможува дополнително учење преку посета на семинари, обуки или тренинг сесии? Дали вие самостојно одвојувате средства од Вашата плата за да ги инвестирате во вашата професионална надградба? Дали имате желба да го користите вашето слободно време да научите нови вредности, да спознаете нови погледи или да се опкружите со луѓе кои ќе ве насочат на вистинскиот пат?

Не плашете се ако одговоривте негативно на овие прашања. Има една добра вест: никогаш не е предоцна да започнете да учите. Имаме среќа да живееме во време кога информациите ни се на дофат на раце, доколку имаме желба за тоа. Доволно е да направите неколку мали чекори кои суштински може да ви го променат животот.

Неколку совети за процесот на доживотно учење:

Прочитајте книга на тема која навистина Ве интересира. Сигурно имате страст кон одредена тематика која постојано сте ја одложувале за подоцна. Вистинскиот момент е сега. Книжарницата е многу поблиску до Вас отколку што сте мислеле, само треба да одлучите да ја посетите.

Научете нов јазик и откријте го вистинското значење на мислата: Колку јазици зборувам, толку луѓе познавам. Сè што треба е да одвоите два дена во неделата, по два часа за слушање на предавањата и по уште еден час за повторување.

Посетете семинар или обука која не е организирана или платена од фирмата во која работите. Ако вие лично сте платиле, тогаш ќе се потрудите повеќе и подобро да научите. Постојат одлични семинари кои може да ги посетите на разни тематики. Одберете ги оние од кои Вие лично ќе имате најголема корист. Воедно, тоа е одлична прилика да запознаете нови луѓе со слични интереси.

Опкружете се со луѓе кои се подобри од Вас и не плашете се да го признаете тоа. Веројатно познавате некоја личност која ја сметате за успешен пример, обидете се да се зближите со неа. Луѓето кои претходно го чекореле патот по кој сте тргнати можат да Ви дадат добри патокази како полесно да стигнете до Вашата сакана цел.

Користете го интернетот за да научите повеќе. Постојат одлични бесплатни веб сајтови за учење од далечина (long-distance learning). Запишете се и следете ги предавањата. Доколку Ви стане привлечен ваквиот начин на учење, појдете чекор понатаму и разгледајте кои факултети од странство нудат програми за учење од далечина и ако можете да си дозволите од финансиски аспект, запишете се. Ќе добиете светско образование.

Започнете некој проект и завршете го до крај. Еден едноставен пример кој ќе Ви даде повеќе корист е освежување на домот. Време е за молерисување по дома, зошто тоа да не го направите сами? Одберете боја, купете си четка и започнете, бидете креативни. И да згрешите, лесно ќе ја исправите грешката. На крајот од проектот ќе имате освежен дом и чувство на исполнување дека самите сте направиле нешто сосема ново за себе.

Поминувајте помалку време пред телевизорот. Ако немате волја да се откажете така лесно од магичната кутија, тогаш избришете ги програмите кои никогаш не ги гледате и одберете 10 до 15 омилени програми. Потоа, следниот пат кога ќе се најдете пред телевизорот, поминете еднаш низ програмите, па ако нема ништо интересно, исклучете го телевизорот и најдете си некоја друга активност.

Тоа беа само неколку совети кои можеби ќе Ве поттикнат да размислите за себе си. Не плашете се да дознаете нешто повеќе, да ги проширите Вашите видици и да станете поотворени за нови искуства. Учете, а потоа и пренесете го Вашето знаење, применете го во секојдневниот живот. Креирајте позитивни промени за себе и за луѓето околу Вас и ќе ги почувствувате резултатите кои со тек на време неминовно ќе пристигнат. Побарајте инспирација од секојдневието, онаму каде другите грешат, обидете се да се подобрите себе за потоа да влијаете и на околината. Надминете ги стравовите од непознатото, направете ги првите чекори кон процесот на доживотно учење и сигурно ќе бидете наградени.

Aвтор: Милан Новковски е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

Категории: Милан Новковски, Образование

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·