Email маркетинг е една од најпопуларните маркетинг алатки достапни за бизниси од кој било тип и големина. Без оглед на тоа како ќе го дефинирате успехот, преку email маркетинг можете да постигнете исклучителни резултати со инвестирање на многу малку време и средства.
Експертите и малите бизнисмени се сложуваат дека 54% oд малите бизниси го избрале email маркетингот како најдобра алатка за online промоција и наведување на интернет корисниците и потрошувачите до нивниот веб сајт и нивните продавници.
Историја
Email маркетингот се појавил пред дваесет години. На почетокот тој претставувал одличен начин за комуникација без трошоци за поштенски марки. Набрзо потоа прераснал во средство за злоупотреба и агресивна маркетиншка форма која почнала да ги полни електронските сандачиња со несакани пораки. Денес работите се изменети и email маркетингот се враќа назад на задоволство и на испраќачите и на примателите.
Електронска пошта
Глобалниот пазар денес се потпира на електронската пошта (email). Многумина признаваат дека првата работа која ја прават наутро е проверка на електронската пошта. Нивното електронско сандаче станува централната точка за комуникација со целиот свет. Поради тоа се повеќе бизниси вклучуваат email маркетинг во нивниот маркетинг микс, и тоа го прават со прилично голем успех.
Email промоциите се моќна и интересна алатка која предизвикува брзи реакции од читателите. Оваа алатка може да се искористи за да се насочат читателите во конкретни продажни места, за создавање интерес за одредени каталози, настани, продажби и промоции. Тие се користат за зајакнување брендови и за зајакнување лојалност на купувачите.
Што претставува Email маркетинг?
Email маркетинг е начин за директно рекламирање или промоција на вашите продукти и услуги. При тоа како средство за комуникација и за испраќање пораки до читателите се користи електронска пошта. Секоја порака испратена до потенцијален или постоечки клиент, може да се смета за email маркетинг. Еmail маркетингот може да работи во полза на вашиот бизнис. Тој ја поттикнува интеракцијата со купувачите. Претставува добар пристап за градење релации и стекнување доверба од купувачите. Преку комуницирање, можете подобро да ги разберете потребите на вашите сегашни и идни купувачи.
Систем кој функционира
Статистиката покажува дека 99% од новородените дистрибутивни листи пропаѓаат во текот на првите две години од своето постоење. Луѓето пропаѓаат, компаниите пропаѓаат, системот функционира!
Видови Еmail маркетинг
Вашите email пораки го реплицираат вашиот бизнис. Со користењето на email маркетингот можете да изградите имиџ на професионална компанија и да ја зголемите брзината на реакција на читателите. Читателите може да се привлечат со едноставна порака за итно пријавување доколку читателот веднаш кликне и го следи вашиот линк. Можете да вклучите и други видови на реклама како на пример купони, попусти или бонуси кои можете да ги нудите на сите кои го следеле линкот.
Постојат два вида на email маркетинг и тоа: email кампањи и електронски весници. Секој од нив има свои предности и обата може да се искористат за да се максимизираат резултатите.
Email кампањи
Email кампањите како средства за промоција може да се користат за:
– Промоција на вашите рекламни кампањи
– Зголемување на продажбата и сообраќајот на веб страната
– Промовирање на вашиот бренд
– Да ги информирате вашите клиенти за вашиот бизнис.
Електронски весници
Електронските весници најдобро е да се скористат за:
– Градење релации со сегашните и потенцијалните купувачи
– Позиционирање на вашата компанија како валиден ресурс
– Добивање или извлекување мислење од вашите купувачи
– Едуцирање и информирање на вашите купувачите
– Градење кредибилитет
Заклучок
Email маркетингот се оформи во последниве неколку години и изгради одреден кредибилитет. Без оглед на тоа дали користите еден сегмент од него или сте примениле поопширна стратегија. Можноста за таргетирање на купувачи и добивање нивна согласност да им испраќате пораки, значи дека email маркетингот ќе станува се посилен во годините што доаѓаат.
Секогаш размислувајте за причината поради која го испраќате електронскиот весник. Преку него, Вие комуницирате со читателите. Доколку читателите имаат чувство дека не им давате одредена вредност, тие никогаш нема да купат од вас. Треба да им понудите помош, совети, трикови, слободен тренинг или нешто друго што ќе има вистинска вредност за нив. Доколку знаете што тие сакаат и им помогнете тоа да го добијат, и вие за нив ќе бидете вредни. Еднаш штом ве запознаат, ве засакаат и започнат да ви веруваат, тие ќе бидат подготвени да соработуваат со вас!
Aвтор: Дејан Спасески
Остави коментар