• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тим
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
    • Енергетска ефикасност
  • Автори
    • Весна Алексовска
    • Виктор Куновски
    • Гордана Андоновска
    • Гордана Гоџо
You are here: Home / Автори / Александра Марковска / ШТО Е HACCP?

ШТО Е HACCP?

14.08.2017 By Ivan Pushev Leave a Comment

Приближувањето кон европската унија, донесе промени во различни аспекти од македонското општество. Меѓу нив е внесувањето на реформи во системот на производство на храна, односно т.н. HACCP систем. Најкратко кажано, HACCP означува
превентивен систем на контрола на производството на храна, кој ги проверува и отстранува опасностите по човековото здравје за време на произведувањето, преработката или складирањето на прехрамбените производи. Оваа реформа настапува како резултат на неефикасното функционирање на претходните начини на контрола на сигурноста и квалитетот на храната, каде се тестираа само финалните производи. Доколку беше забележана грешка, сите производи од таа производствена линија се фрлаа, а сето тоа
резултираше со големи загуби. HACCP како систем, во Македонија е една од најактуелните теми, која ги засега сите граѓани, а најмногу хранопроизводителите.

Тоа што пред 30 години беше далеку од производствените процеси во прехрамбената индустрија, кога се бараше начин како да се произведе квалитетна и сигурна храна за учесниците на вселенските мисии, денес станува секојдневна пракса. Традиционално во прехрамбената индустрија квалитетот се испитуваше врз база на случајно земени примероци од финалните производи. Овој начин се покажа недоволно ефикасен и реактивен наместо превентивен. Реактивниот систем значеше да се направи загуба, да се фрли финалниот производ затоа што проблемот беше евидентиран на крај откако ќе се произведе…

Доколку сте сопственик, директор, раководител или вработен во претпријатие кое произведува или манипулира со прехрамбени производи – имаме неколку информации кои би го задржале вашето внимание.

Што е HACCP?

H – Hazard – ОПАСНОСТ
A – Analysis – АНАЛИЗА
C – Crytical – КРИТИЧНИ
C – Control – КОНТРОЛНИ
P – Points – ТОЧКИ

HACCP е систем на работа (самоконтрола) кој е превентивен и кој служи сите опасни ситуации по здравјето на консуматорот да се отстранат или да се сведат на прифатливо ниво за време на производството, преработката или складирањето на прехрамбените
производи.

HACCP – зошто е потребен ?

• Со воведување на HACCP системот се намалуваат конечните трошоци на производството, се зголемува безбедноста на вработените и на потрошувачите, се намалуваат рекламациите а со тоа се зголемува репутацијата на производителот
или давачот на услугите

• HACCP е законска обврска како во Е.У. така и во Република Македонија

• Го зголемува квалитетот и продуктивноста

• Неопходен е за пласман на интернационалниот пазар

HACCP – кому е потребен?

HACCP им е потребен на сите кои работат со храна без разлика дали е во прашање производство, увоз, извоз, складирање или директно служење на прехрамбените производи. Според сектори можат да се набројат:

• Месопроизводство, преработка и продажба на месо и месни производи

• Производство и продажба на производи од житарици

• Рибници, преработка и продажба на риба и рибни производи

• Подготовка на свежа и смрзната храна

• Производство на свежо, преработено и смрзнато овошје и зеленчук

• Пакување на вода и производство на освежителни пијалоци

• Трговци со храна и угостителски објекти

• Мензи во детски градинки, училишта, претпријатија како и пензионерски домови

• Секаде каде што се врши транспорт и складирање на храна.

Aвтор: Aвтор: М-р Александра Марковска е сопственик на друштвото за консултантски услуги Фуд Консалтинг, чија главна дејност е имплементација на меѓународни стандарди и системи. За повеќе детали за услугите кои ги нуди ова друштво, посетете ја нивната веб страница: www.fc.com.mk.

Filed Under: Александра Марковска, Претприемништво, Продажба Tagged With: haccp, исхрана, производство, Трговци

Avatar

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

е-newsletter

Најновите експертски статии директно на вашата е-mail адреса...

Најнови статии

Професија Аниматор

Од Данка Дамјанов
на 24.04.2018

Од незадоволни до лојални купувачи

Од Славчо Бујароски
на 06.03.2018

Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас

Не можете да потрошите толку многу на своите вработени колку што тие можат да заработат за Вас!

Од admin.statija
на 14.08.2017

Како да ја зголемиме емоционалната интелигенција

Како да ја зголемиме емоционалната интелигенција

Од Ivan Pushev
на 14.08.2017

Коучирањето како моќна алатка

Коучирањето како моќна алатка

Од Ivan Pushev
на 14.08.2017

Архива на статии

Теми

Јога Вработени Емоции Интелегенција Медитација Тимска работа вода деца дисциплина енергија живот инвестирање исхрана капитал клиент компанија комуникација контрола култура лидер менаџер мир мисли мозок организација пензија портфолио претприемништво продажба производ производство психологија работа развој ритам родители семејство содржина стратегија тест успех финансии фокус човечки ресурси љубов

Статија.мк © 2023 · Magazine Pro On Genesis Framework · WordPress · Log in