“Неформално Образование претставува било какви организирани и прифатени образовни активности кои не кореспондираат со формалното образование. Неформалното образование може да се одвива и во и надвор од образовните институции, и да е наменета за сите лица без оглед на возраста. Во зависност од случаите, може да покрива образовни програми за образование на возрасни, или основна едукација за деца надвор од училишта, животни навики, работни навики, како и општи културни теми. Неформалното образование не секогаш го следи системот на скалата, може да има различни времетраења, и може но и не мора да биде гарантирана со сертификат за наученото. ”
Wikipedia
Разлика помеѓу формално и неформално образование
Формалното образование е најчесто поврзано со образовните институции Тоа е хиерархиски структуриран и хронолошки подреден образовен систем кој се одвива од основните училишта до универзитетските установи, вклучувајќи ги и академиските студии и разни облици на специјализирани програми од институции за целовременски технички и професионален тренинг.
Неформалното Образование е дефинирано како било каков облик на систематска образована институција (најчесто надвор од традиционалните училишни установи) чија содржина е наменета за уникатните потреби на слушателите со цел да се максимизира учењето и да се минимизираат другите елементи кои најчесто ги окупираат наставниците во формалните образовни институции (како на пример: водење евиденција за присутност, запазување на дисциплина, пишување извештаи и сл.).
Неформалното образование е повеќе насочено кон учење за разлика од најголемиот дел од формалното образование. Слушателите можат да го прекинат неформалното обраование доколку се незаинтересирани. Неформалното образование има тенденција да развие неформален редослед на активности, за разлика од формалното образование кое фукционира според претходно планиран редослед на активности кои се среќаваат во сите училишта. Во Неформалното образование односите помеѓу учесниците се многу повеќе неформални (улогите на предавачите и слушателите не се толку строги и честопати си ги заменуваат улогите). Неформалното образование се фокусира на практични вештини и знаења, додека пак формалното образование се фокусира на информации кои може да имаат различна примена во примена. Се на се, Неформалното Образование има многу пониско ниво на структурираност (и со тоа многу поголема флексибилност) отколку училиштата. flexibility) than schools.
Постои уште еден трет вид на образование чиј оригинален назив е informal-но образование. Овој вид на образование е најмалку структуриран од сите овие три видови и тој се однесува на секојдневните искуства и лекции кое не планирани или организирани (инцидентно учење).
Остави коментар