• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Весна Алексовска / Чудесните пораки на водата

Чудесните пораки на водата

14.07.2017 Категории: Весна Алексовска, Живот, Психологија

Светот во кој живееме е чудесен. Штета што сме наштимани да го гледаме обично, како веќе да го знаеме. Покрај духовните практики, кои ни ги отвораат очите и ни ја подигнуваат свеста за да се видиме себеси и постоењето потполно, и работата на научниците и истражувачите оди во прилог на тоа да се спознае светот подобро.

Како што кажуваат научниците од областа на квантната физика, целиот материјален свет, сето она што гледаме, целиот Космос во основата е вибрација. Нашите мисли, зборовите, чувствата, искажани или напишани се вибрација, кои како такви лесно се пренесуваат во околината. Правени се многу експерименти од оваа област. Посебно внимание заслужуваат истражувањата на руските научници и д-р Масару Емото, чија преокупација е водата и влијанието на околината, мислите и однесувањето на луѓето врз неа.

Водата реагира на мислите
Д-р Емото на светот му покажа дека водата има уникатна улога да прими информации од околината и да ги пренесе. Тој ја истражува важноста на зборовите и нивното потекло, и нивното влијание врз водата.

Неговите интересни сознанија можеме да ги искористиме во своите животи за да имаме придобивка од позитивната вибрација, која може да ни ги подобри односите, комуникацијата и здравјето.

Делото на Емото обезбедува научни докази засновани врз факти дека вибрирањето на човечката енергија во мислите, зборовите, идеите и музиката, влијае врз молекуларната структура на водата која сочинува повеќе од 70 проценти од телото на еден возрасен човек и која во истиот тој процент ја покрива нашата планета.

Водата е изворот на севкупниот живот на оваа планета и нејзиниот квалитет и интегритет се суштински значајни за сите форми на живот. Нашето тело кое личи на сунѓер е составено од трилиони единици наречени клетки. Тие во себе содржат течност, а квалитетот на нашиот живот е директно поврзан со квалитетот на таа вода.

Водата е супстанција која лесно ја менува својата форма. Таа ја зазема физичката форма на средината во која се наоѓа, но, како што покажуваат истражувањата на Емото, енергијата или вибрациите од околината можат да ја променат молекуларната структура на водата. Значи, водата не само што има својство визуелно да ја одрази околината туку ја одразува и молекуларно, преку својата структура.

Кристалите на Емото
Д-р Емото има направено илјадници фотографии на кристали од замрзната вода. Тој открил фасцинантни разлики во кристалната структура на водата земена од различни извори и состојби во кои таа се наоѓа на планетава. Водата од чистите планински потоци и извори има убаво формирани геометриски кристални форми. Загадената и токсична вода од индустриските и населените места и застојаната вода од водоводната мрежа и браните формира кристали чија структура е видоизменета.

Но тој не фотографира кристали само од примероци на вода од различни извори. Тој со соработниците на стаклени шишиња ставале налепници со печатени зборови, за да видат како влијаат мислите и зборовите врз формирањето на водните кристали. Водата од различните шишиња била замрзната и фотографирана. Кристалите што ги забележал потоа ни откриваат чудесни разлики.

Овие фотографии ја покажуваат неверојатната природа на водата, која има висок степен на одговор на секоја наша емоција и мисла. Прилично е јасно дека водата лесно ги прима вибрациите и енергијата од својата средина, без разлика дали е токсична, загадена или природно чиста.

Д-р Емото ни покажа дека нашите мисли и чувства се совршена алатка. Ни даде докази дека можеме да се лекуваме и трансформираме себеси и нашата планета на позитивен начин со помош на мислите кои избираме да ги мислиме и да ги насочуваме.

Кога одредена вода ќе биде изложена на позитивен збор како што е Благодарам, и примерок од истата вода изложена на негативен збор како Глупав, двата примерока на вода ќе формираат различни кристали. Кристалот на Благодарам е правилен и убаво формиран, додека на кристалот на Глупав е деформиран и скршен. Енергијата на зборовите се рефлектира на формирањето на кристалите, и тие се прекрасни или неугледни и грди.

Прекрасни кристали се формираат кога на водата ќе и се стави налепница со позитивни зборови како љубов, вистина, хармонија, ангел, сочувство, среќа, пријател, вечен, надеж. Или кога тие зборови ќе и се кажуваат на водата.

Или Ти си прекрасен, Ти си убава, Добро направи. Потоа кога и се упатуваат молитви, кога и се читаат будистички сутри и сл. Кога користеле исти зборови на различни јазици, бидејќи зборовите имаат различна вибрација, формираат различни убави кристали. Прекрасни кристали се формираат кога и се ставаат налепници со имиња на свети луѓе. Потоа, кога водата била изложена на музика од Бах и Моцарт, на пример.

Истражувал дали постои разлика во случаите кога едно лице се моли за водата и кога се моли цела група. Забележал дека кристалната структура на водата ја одразува вкупната вибрација на групата, а кога едно лице се моли, се одразува енергијата или намерата само на тоа лице.

Ефектот може да биде помоќен ако едно лице се моли со длабоко чувство на јасност и чистота, отколку група луѓе кои во својата намера не покажуваат кохезивност. За разлика од нив, негативните зборови, деструктивните личности низ историјата, некои агресивни правци во музиката не формираат кристали, или пак формираат разбиени кристали или некои форми кои делуваат грдо и непријатно, исто како што звучат.

Шестаголна структура
Она што паѓа во очи е тоа што позитивните зборови формираат кристални структури, кои сите во својата основа имаат шестаголна структура. Д-р Емото смета дека во текот на нашата еволуција сме научиле кои звуци се опасни, кои се смирувачки и значат сигурност, а кои звуци означувааат задоволство, и така натаму. Ова сме го научиле со помош на инстинктите и низ искуството.

Тој објаснува дека структурата на целата еволуција во природата, од информативна гледна точка, се засновува врз шестаголната форма. Причината за формирањето на шестаголната форма бездруго е поврзана со хемиските реакции на прстените на бензенот. Верува дека сите нешта на кои им недостига шестаголната структура (нештата кои се вештачки создадени), не се во согласност со законите на природата и содржат деструктивни вибрации.

Љубов и благодарност
Во своите истражувања д-р Емото открил кои зборови даваат најголем ефект при чистењето на природните води во светот – Постои посебна комбинација која изгледа како да е совршена за ова, тоа е љубов плус комбинација од благодарност и разбирање.

Не е доволно само едното од нив. Љубовта треба да се засновува врз благодарност, а благодарноста врз љубов. Овие два збора заедно ја создаваат најважната вибрација. Знаеме дека водата се опишува како H2О. Ако љубовта и благодарноста ги гледаме како пар, благодарноста е H а љубовта е О.

Водата е основата која не само што го поддржува туку и го овозможува постоењето на животот. Според моето разбирање на концептот на јин и јанг, на истиот начин како што постојат едното О и двете H, нам исто така ни треба еден дел од јанг/љубов и два дела од јин/благодарност, со цел да постигнеме еднаквост на равенката. Љубовта е активен збор, а благодарноста пасивен. Кога помислувате на благодарност, комбинација од почитување и заблагодарување, постои еден извинувачки квалитет

Јапонскиот збор за благодарност е кан-сха, и се состои од два кинески знака: кан, што значи чувствување и сха што значи извинување. Ако одам чекор или два наназад, можам да речам дека тој потекнува од почит и восхит. Верувам дека љубовта што доаѓа на ваков начин е најдобрата љубов, и дури може да води до крај на војните и конфликтите во светот.

Затоа веруваме дека луѓето што одат по спиритуалниот пат, промовираат мир кај другите луѓе и на планетава. Кога би можеле да се обединиме на тоа ниво на свесност, тогаш би успеале. Чувствувам дека мојата книга му даде на целиот свет една убедлива порака затоа што знам дека таа се роди преку кан-сха за човештвото.

Aвтор: Весна Алексовска е оснoвач и претседател на Центарот за јога и личен развој, во кој работи на примена на јогата како систем кој им помага на луѓето во нивното лично спознавање и во достигнувањето на внатрешен мир и благосостојба. За повеќе информации посетете ја веб страната http://www.yogacentar.org.mk

Категории: Весна Алексовска, Живот, Психологија Тагови: љубов, вода, живот, мисли, пораки

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·