Преку франшизирањето го намалувате ризикот во работата низ пристап со познат бренд и освојување на веќе разработени стандарди за работа
Секогаш кога сакате да почнете сопствен бизнис, се наоѓате пред голем број на дилеми, двоумења и откажувања… Со кој бизнис да се занимавате, како да го почнете истиот, како да ги привлечете клиентите, кое име да го ставите на вашата компанија, колку ќе треба да вложите….? Постои многу поедноставен начин при што на сите овие прашања ќе ви даде одговор и многу ќе ви ја олесни работата. Станува збор за постапка наречена земање на франшиза. Најголема предност што преку франшизирањето е тоа што го намалувате ризикот во работата низ пристап со познат бренд и освојување на веќе разработени стандарди за работа. Суштината на ваквиот начин на работење е фирмите кои се во развој, или приватниците кои се со ограничен капитал, приклучуваат повеќе системи и стекнуваат сигурност во својата работа.
Трагите на првата франшиза ги наоѓаме во 200 години пред нашата ера во Кинеското царство. На момент ги замислуваме пазарно-економските односи кои владееле на тие територии, во тоа време. Со голема веројатност можеме да претпоставиме дека, покрај економската нестабилност, невработеноста била голема, како и дека можностите за вложување на дел од популацијата кои имале некаков капитал биле многу ограничени и поврзани со голем ризик. исто така, можеме да претпоставиме дека постоеле и нејасни деловни процедури како и целите на работењето во поголемиот број деловни гранки.
Во ваква ситуација лесно е да го замислите претприемачот кој се соочува со овој проблем, полека губи надеж во подобра иднина и се насочува кон трошење на својот скромен капитал. Да напоменеме, секоја сличност со денешните услови како во нашата, така и во големобројната светска економија, е сосема случајна! Секако, за претприемачот во тоа време, би било спас некој да му понуди одредена зделка, веќе докажана на пазарот, која ќе ја извршува по однапред утврдени стандарди, со постојана помош и обука од претходниот сопственик. При тоа ќе мора да одвои одредена сума за да започне со работата, како и мал процент од склучената зделка што нас нè доведува до првата франшиза.
Впрочем, во правната литература, франшизата најчесто се дефинира како систем на соработка и меѓусебни работни односи помеѓу независните т.е. одвоените компании поврзани со договорен однос на основа која еден од нив (носител на франшиза-франшизер) наспроти другиот (корисник на франшизата-франшизант) добива право на користење по точно утврдени/ определени услови, застапување знак, комерцијална формула (заштитен знак или trade mark), како и работен
систем. Така би се осигурала помош и редовна услуга поради олеснување на експлоатација, а за тоа би се наплаќала одредена противвредност во пари – франшиза.
Во нашата правна теорија, можеме да најдеме и дека франшизинг е долгорочен договор на кој едната страна (давачот на франшизата) задолжува да се врши сукцесивна испорака на робата и овозможува одредена услуга, пренесува знаење и искуство во работата на другата страна (примачот на франшизата), а другата страна се обврзува за тоа да плати одреден надомест. Таа, обично се однесува на надоместот за вклучувањето во системот на давачот на франшизата (initial franchise fee), која се плаќа еднократно (не ја наплаќаат сите давачи на франшизата), ројалитетот (royalty fee) кој се плаќа периодично (процент на неделен, месечен или годишен промет) на надомест за заедничко огласување (global marketing fee) која се користи за промоции на примачот на франшизата во пропагандната кампања која на системот ја спроведува давачот на франшизата.
Лесен и сигурен начин на работа
Најголема предност кај овој тип на работење е тоа што го намалувате ризикот во работата низ пристап преку познати брендови и освојување на веќе разработени стандарди за работа. Суштината на ваквиот начин на работење е фирмата да е во развој, или приватниците со ограничен капитал, вклучуваат повеќе системи и стекнуваат сигурност во своето работење.
Франшизното работење е одличен начин за брз раст кој предизвикува поволности за неговата експанзија на пазарот. Со гледиштето на новиот претприемач, му се овозможува сигурен почеток во работењето и значително повлекува шанса за опстанок на многу турбулентниот пазар на денешницата. Тоа е многу битно, особено кај земјите во транзиција, како што е нашата земја. Франшизното работење има значајна улога во секоја земја, бидејќи го олеснува развојот на претприемништвото, го забрзува и го прави посигурен.
Потенцијалното франшизно работење во Македонија, сè уште не е потполно сфатено и за жал претприемачите, како и оние кои сакаат тоа да бидат, сè уште не го препознаваат како најквалитетен начин за влез во претприемништвото. Денес, има голем број на оние кои сакаат да имаат сопствено претприемништво. Некому главен проблем му е недостатокот од пари, но сепак за повеќето кои размислуваат за претприемништво тоа и не е голема бариера.
Од друга страна, недостатокот од знаење, храброст и самоувереност буди реален страв да не изгубат сè. Влезот во претприемништвото, по пат на франшиза, нуди туѓо знаење, искуство и вештина, како и некому кој е секогаш подготвен да научи. Тоа е влез во сопствено работење, но не е препуштање на сам себеси. Франшизата не го одбегнува ризикот во работењето, но овозможува големи шанси за успех на новиот претприемач.
Секој почеток е тежок и новото работење во првите години е многу „ранливо“. Нивоата на ранливост варираат во зависност од знаењето, вештините, финансиските извори и личните способности. Многу од оние коишто започнуваат со претприемништво, ги немаат сите потребни ресурси, вештини и знаења, па добар дел работни зафати, за жал завршуваат неуспешно. Со купување на франшизата, овој ризик драстично опаѓа и можеме да кажеме дека процентот кај франшизните единици е 10 пати поголем од новооснованите дејности.
Како да одберете франшиза?
Како би се намалила шансата за погрешен избор на франшиза и како би се олеснил и сфатил сериозно процесот на претприемништво, потребено е да се примени процес кој од самото купување на франшизата ќе направи права квалификациска трка. Пред да се одлучите за купување на одредена франшиза, потребно е да се уверите дека таа вам ви нуди одредени клучни елементи:
• Препознатливо име/бренд – За крајниот купувач или пазар еден од најзначајните елементи на производот или услугата е марката (брендот) кој е препознатлив. Тоа за купувачот значи гаранција за квалитетот на производот (услугата) и овозможува да се чувствува како дома каде било во светот. Затоа, франшизните системи водат посебна сметка на тоа кому ќе ја доверат својата франшиза, бидејќи само една фирма која лошо работи каде било во светот, може да нанесат несогледливи репутациски штети на целиот систем. Од друга страна, една од најважните задачи на давачот на франшизата, е многу битно детално да го пренесе своето знаење и искуство на примачот и му овозможува достојно да го претставува доверениот бренд и не ја изневери довербата на купувачот.
• Едноставен и атрактивен производ или услуга – франшизите можат да бидат најразлични работни можности – Некои се нови додека други се веќе добро познати и увежбани. Во принцип, треба да ги одбегнувате „модерните“ економски дејности кои се краткорочни, како и оние кај кои многу се менуваат периодите на успешно работење и голем губиток. Секоја година се јавуваат нови „помодарства“ во деловниот свет, но во франшизата клучна работа е во проверениот досегашен успех. Уверете се дека франшизата е стабилна, дека има константно и успешно работење и да е финансиски сигурна, така што ќе побарате приказ на работата на давателот на франшизата.
• Проверен Бизнис систем – Една од главните предности на овој метод на работење е тоа што претприемачите купуваат франшиза со дозвола да користат некој бренд, производ или услуга, но го купуваат и неговото искуство во работењето на одредени области. Во почетокот, секој бизнис минува низ голем број „детски болести“ и почетнички грешки. Главната предност на франшизата е тоа што најчесто веќе некој минал низ тие грешки наместо вас и извлекол поука од нив. Така што со купувањето на франшизата, започнувањето на сопствен бизнис доведува до намалување на ризикот на најниско ниво.
• Можност за лесна репродукција – Една од основните претпоставки за успешно франшизно работење е конзистентноста. Целиот систем е базиран на тоа што кога потрошувачот влегува во објектот, или користи производи, или услуги од кои било франшизни единици во една одредена област, секој пат да добие идентичен и квалитетен производ или услуга. Доколку оваа претпоставка би се исполнила, неопходно е овој систем да биде релативно лесно репродуктивен. Тоа секако не значи дека тој мора да биде премногу едноставен и достапен за секого, но дефинитивно мора да биде таков што стотина или илјадници потенцијални приматели/корисници на франшизата низ светот да можат да го репродуцираат.
• Први чекори. Со оглед на тоа дека франшизата е долгорочен деловен однос (затоа и некои го споредуваат и со бракот), се препорачува на примателот/корисникот на франшизата, претходно да набави што повеќе информации од давателот на франшизата и неговиот систем. Кога е во прашање самиот давател на франшизата, тој треба да прибави податоци за тоа колку долго корисникот на франшизата се занимава со таа работа и какви се неговите досегашни успеси, колку е вклучен во системот и на кои локации, какви се постигнатите резултати на корисникот на франшизата, колкави се провизиите и трошоците кои корисникот на франшизата треба да ги плати, колку останатите корисници на франшизата треба да повратат од вложените инвестиции и да остварат задоволителен приход, каква помош нуди давателот на примачот на франшизата, дали се тие задоволни од соработката итн.
• Второ, посебно важно прашање за примачот на франшизата е начинот на кој давателот на франшизата ја спроведува контролата и во кој обем. Ова се јавува во вид на одобрение на локација и продажен простор од давателот на франшизата, контролата на услугата и производот кој се пласира, ограничена палета на производи и услуги кои примателот на франшизата може да ја пласира, ограниченост во поглед на територија и начин на работење на таа територија. Во секој случај, мораме да бидеме подготвени со купувањето на франшизата, во замена за сигурно работење, да се откажеме од делот на својот претприемачки дух.
• Третиот аспект, од посебно значење за примателот/ корисникот на франшизата е теоријата која франшизата ја покрива како и рокот на кој се заснова работниот однос и во кои случаи и под кои услови се склучува договорот за франшиза и какви се можностите за еднострано раскинување, од страна на давателот на франшизата. По правило, сите успешни франшизни системи ги задоволуваат барем основните критериуми. За жал, постојат и т.н. пара-франшизи коишто се создадени со цел да продадат и земат пари на лесноверните претприемачи. Во секој случај, пред да се одлучите да потпишете договор со некој франшизен систем, би ви советувале- внимателно да се консултирате со адвокат и по можност со експерт, за овој вид на работење.
Преземено од: Вработување NEWS www.vrabotuvanje.com.mk
Остави коментар