• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Марина Анчевска / Формула за успех

Формула за успех

20.09.2023 Категории: Кариера, Марина Анчевска

Која е тајната на најуспешните и највлијателните луѓе во светот? Дали постои формула која што може да ни донесе успех?
Што е всушност успехот?
Дали материјалното богатство укажува на тоа дека сме успешни?

Највлијателните луѓе не се оние кои што имаат само високи позиции во материјалниот свет, туку оние кои што и покрај стекнатото материјално богатство, останале доследни на себе.

Нивната формула за успех е:
Живеј во сегашноста.
Насмевни му се на минатото.
Свесно креирај ја иднината.

Да се живее во сегашноста е еден од најголемите предизвици на човештвото. Да се биде буден и свесен значи да се живее сегашниот миг. Сега и овде завршува минатото и започнува иднината.

Само со разбудена свест поразите доживеани во минатото ја дефинираат моќта на човекот. Благодарение на минатото можеме да уживаме во сегашноста и да ѝ се радуваме на иднината.

Дали сте се прашале себе си или пак сте забележале колку од вашите пријатели и колеги имаат јасно поставени животни цели?
Дали компанијата во која што работите има јасно одредена компаниска цел и дали вие навистина верувате во неа и правите сè што можете за да придонесете таа цел навистина да биде остварена?
Дали вие како менаџер успешно ги мотивирате вработените за да веруваат во јасно поставените компаниски цели?

За да може свесно да ја креираме иднината и да ги мотивираме другите, потребна ни е голема количина на самосвесност.
“Кога еднаш ќе станеме самосвесни, ние мора да ги избереме целите и принципите според кои ќе живееме; инаку ќе се појави вакум, ќе ја загубиме нашата самосвест и ќе станеме како примитивни животни кои живеат само за да опстанат и да се размножуваат. Оние кои живеат на ова ниво, всушност не живеат, туку некој друг ги одржува во живот. Тие реагираат несвесни за уникатните неискористени и неразвиени способности кои ги поседуваат”, Стивен Ковеј.

Разбуди го победникот во себе
7 чекори до самосвесност

Прв чекор
Промената започнува со човекот во огледалото

Многумина од нас сакаат промена но им недостасува самодисциплина, верба и мотивација за да навистина го направат првиот чекор кон промената.
Ништо нема да се промени сè додека не почнете да дејствувате поинаку. Животот наградува дејствување, а не намери, мудрости и разбирање.
За да ја направиме промената прво треба точно да знаеме што сакаме, а не што посакуваме.
Треба да сме свесни дека ние сме креатори на нашата иднина. Одговорноста е во наши раце. Секоја испратена добра или лоша енергија секогаш се враќа со ист интензитет. Но само позитивни мисли не се доволни за промена, потребна е и акција.

Втор чекор
Активирај го телото

Кога има недостаток на виталност нема движечка енергија и потенцијал за промена. Кога си здрав, животот е пред тебе и му се радуваш. Твоето ниво на животна енергија ја определува издржливоста, решеноста и концентрацијата кои што ти се потребни да ги надминеш предизвиците кои што те очекуваат на патот кон целта.
Свесноста за тоа како се однесуваш со твоето тело и здравје укажуваат на тоа колку си навистина мотивиран да постигнеш било каква цел во животот.

Не чекај додека имаш време за физичка активност и здрав животен стил, туку направи време!

Трет чекор
Диши, концентрирај се и визуелизирај

Да се дише свесно значи да се биде во сегашниот момент. Ако правилното дишење е клучот за долг живот, тогаш смиреноста е клучот за животна енергија.

Доколку не сте концентрирани, не можете да се фокусирате кон целта.
“Капките дожд, додека паѓаат низ воздухот – секоја посебно и хаотично – во себе кријат огромна енергија, но таа енергија може да се нарече реална моќ само кога тие капки ќе се здружат во река или во вештачка акумулација и кога на организиран начин ќе ја истурат својата енергија врз тркалото; или пак кога ќе бидат здружени во котел и претворени во водена пареа.
Без оглед на тоа во која форма се среќава моќта, таа секогаш се развива преку концентрирана енергија. Какво и да е вашето секојдневно занимање, вршете го со сето внимание, со сето срце и сета душа фокусирани на таа единствена и точно определена работа” Наполеон Хил

Тоа што сакате да го постигнете мора прво да го визуелизирате со сите свои сетила, да го доживеете и почувствувате како да е веќе остварено. Моќта на визуелизацијата содржи огромна движечка енергија и овозможува јасно креирање и поставување на целта.

Четврт чекор
Емоционална метеорологија

Ти не си одговорен за своите чувства, туку за реакциите и твоето однесување кои што произлегуваат од нив.
Прифати ги целосно твоите емоции, остави ги чувствата онакви какви што се. Грижи се само да не влијаат врз твојот живот.

Од каде доаѓаат емоциите?
– Нашата ментална интерпретација на светот околу нас
– Начинот на исхрана
– Стрес и умор
– Хормоните
– Болести и болка
– Околината
– Временските промени

Кога емоциите и чувствата влијаат врз нашето однесување?
– Кога ги негираме
– Кога не ги прифаќаме
– Кога ги анализираме
– Кога ги оправдуваме

Емоциите не треба ниту да се поттиснуваат ниту да се контролираат. Едноставно треба само да се прифатат. Попаметно е да се фокусираме на однесувањето кое што произлегува од нив.

Петти чекор
Модел на комуникација

Комуникацијата е најважната вештина во животот. Повеќето време додека сме будни, го поминуваме во комуникација. Колку сме свесни за тоа како комуницираме и каква реакција предизвикува нашата комуникација кај нашите соговорници?

– Анатомија на мислите
Мислата е најмоќната енергија со која располага човештвото.
Како влијаат нашите мисли врз начинот на кој комуницираме?
93% од комуникацијата е невербална, само 7% е вербална.
За да имаш позитивно влијание врз другите луѓе, да бидеш мотиватор и лидер, не е доволно да научиш комуникациски вештини. Сите тие техники ќе донесат краткорочен успех затоа што не се во согласност со твојот карактер. Да се биде успешен комуникатор значи да ја имаш способноста она што го зборуваш да го усогласиш со твојата физиологија. Твојата комуникација природно произлегува од твојот карактер и луѓето ти веруваат.

– Емпатично слушање
Емпатичното слушање е моќно и подразбира многу повеќе од забележување и разбирање на изречените зборови. Ваквиот начин на слушање овозможува потполно разбирање на вредностите и уверувањата на соговорникот. Го гледате светот како што соговорникот го гледа, разбирате како тој се чувствува и ги вреднувате разликите.

Шести чекор
Соработка и синергија

“Целта на животот е да се живее за добра цел”, Роберт Бајрн.
Ниту една цел не е успешна доколку нема со кого да се сподели.
Секоја поставена цел мора да биде еколошка. Екологијата ја опишува синергијата во природата – сè е поврзано со нешто друго.
Секогаш поставете си ги прашањата:
Што ќе добијам кога ќе ја остварам целта, а што ќе изгубам?
Што ќе добијат, а што ќе изгубат оние луѓе кои ми се важни?

Доколку не сте ги поминале и доживеале претходните пет чекори, тогаш не можете да ја разберете синергијата и поврзаноста со луѓето околу вас, како и взаемната зависност еден од друг.

“Кога гледате само две алтернативи – вашата и “погрешната” – побарајте трета, синергиска алтернатива”, Стивен Ковеј.

Седми чекор
Ентузиjазам и среќа

“Среќата и сосема исполнетиот живот доаѓаат кога со сета своја душа ќе се посветите на тоа да ги потрошите најдобрите човечки таленти на цел која ќе направи промена во животите на другите луѓе,” Робин Шарма.

Во овие времиња кога се справуваме со светска финансиска криза единствена повратна инвестиција е инвестирањето во нашето знаење и надградување како личност.
Усовршувањето на комуникациските вештини, јасно поставување на цели, умешноста за прилагодување во секоја ситуација, креирањето на саканата иднина и освестувањето на емоционалната интелегенција се најпотребните алатки за постигнување на успех во било кое поле од животот, лично или професионално.
Сето тоа е можно и достапно за секој оној кој е подготвен да ја земе одговорноста во свои раце и да го креира својот живот токму така како што сака да биде.

Седумте чекори како формула за успех може да се применат индивидуално за поставување на лични цели; или за цели тимови со цел да се мотивира поединецот во успешното остварување на компаниските цели.

Aвтор: Марина Анчевска е основач и сопственик на Ксантика – Агенција за комуникации. За повеќе информации и ангажирање на сертифициран тренер за личен и професионален развој, посетете ја веб страната http://www.ksantika.com/

Категории: Кариера, Марина Анчевска

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·