Една од најлошите практики е да се впише називот на вашата фирма во полето за наслов на пораката. Кога примателите ќе прочитаат назив на компанија во полето за назив на пораката, скоро без исклучок ја бришат пораката без да ја прочитаат. Прво што помислуваат е дека вашата главна намера е да им го продадете вашиот продукт.
Ваша цел може да биде продажба на вашиот продукт или услуга. Претходно, на вашите читатели и потенцијални купувачи треба да им покажете дека се грижите за нив, а не дека мислите само на продажба. Она што треба да стои во полето за назив е кратка порака која асоцира на нешто со што Вие би можеле да им помогнете на читателите.
Лице зад електронскиот весник
Треба да внимавате секогаш да постои личност која стои зад електронскиот весник. Целта на секој сопственик на бизнис е да создаде врска со потенцијалните купувачи. Ова може да се постигне со директно обраќање кон нив. Кај електронски весници лесно се избегнува контактот со другите лица бидејќи не се чувствува притисокот да се одговори на обраќањето.
Дополнително, поради фактот што не постои конверзација, вашите читатели ќе го избегнат притисокот за купување. Тоа е еден од елементите што луѓето ги прави да се чувствуваат непријатно, како на пример продажба преку телефон.
Додавањето потпис со вашето лично име и презиме претставува и добар начин да се промовирате самите себе. Можете во електронскиот весник да вметнете и малку лични коментари зад кои ќе стојат вашето име и презиме.
Обраќање
Во електронските весници треба да се избегнуваат одредени фрази или термини кои може да ги одвратат вашите потенцијални купувачи. Двата термини кои навистина треба да ги заборавите се “Јас” и “Ние”.
Со овие термини ќе звучите како да ви е единствено важно да го продадете вашиот продукт, а не да ги задоволите потребите на читателите. Наместо тоа, обидете се да започнете дискусија. Обидете се да го погодите интересот на вашите потенцијални купувачи пред да се обидете да им го продадете вашиот продукт.
Структура на содржини
Испраќање на предолги содржини и весници води кон губење читатели. Користете што повеќе параграфи со помала содржина. Така читањето на содржините лесно и интересно. Откако ќе ги напишете, проверете ги уште најмалку еднаш и проценете дали Вие би ги прочитале доколку вам ви ги испратиле. Доколку содржините се здодевни, примателот ќе ја избрише пораката. Ова треба постојано да го имате предвид.
Пример: Како тест испратете еден ваков весник на неколку ваши пријатели и побарајте го нивното мислење.
Скенирање на содржината
Во одредени електронски весници, текстот е краток и сместен е во колона на левата страна. Оваа конструкција е навистина лесна за читање. Притоа со цел да се нагласат побитните делови од весникот може да се користат болд, италик, или подвлечени фонтови. Луѓето не обрнуваат толку внимание на деталите во содржините, колку што ги скенираат со поглед. Па така, доколку не ги нагласите битните делови, тие може да останат незабележани од читателите.
Заглавие од веб сајт
Добра практика е да го ископирате заглавието од вашиот блог или вашиот веб сајт и да го вметнете на почетокот на вашиот електронски весник. На читателите ќе им биде полесно да се сетат што читаат и од кого читаат.
Aвтор: Дејан Спасески
Остави коментар