Дали работа V.S. кариера е исто што и 40 работни часа неделно V.S. 60 работни часа неделно
Пред некој ден прочитав еден статус на еден мој пријател на Facebook кој гласеше: Разликата помеѓу работа и кариера е еднаква на разликата од 40 до 60 работни часа во неделата!
Ми беше интересен статусот и ме натера да размислувам! Дали навистина треба некој да работи 60 часа неделно за да направи некаква кариера? Се согласував со статусот па се предомислував, си вадев на парче хартија аргументи зошто да, а зошто не! Би почнал со ред! Општо познато кај нас е дека ако сакаш да се здобиеш со статус „добар работник“ дека треба да остануваш некогаш и после работно време на работа и секако да дел од работите ги работиш дури и од дома. Внимавајте, статусот „добар работник“ не значи подобрување во кариерата. За жал, не значи! Моите искуства велат вака, ако „работиш“ повеќе од предвиденото работно време единствени што ќе „те сакаат“ се твоите менаџери и сопствениците на компанијата, меѓутоа и овде би додал едно големо внимавајте, ова ќе биде вака доколку имате менаџери и сопственици кои не знаат да менаџираат со Вас и со себе а уште помалку со компанијата. Истото е ако работиш попладне кога истите тие менаџери и сопственици незнаат што да прават со себе и со сопствената фамилија па им се качуваат на врат на своите вработени.
Еве ја мојата математика споредена со статусот од Facebook, 40 часа неделна работа значат 8 часа дневна работа и тоа по следниот редослед, излегуваш од дома во 8:30, почнуваш со работа во 9:00 часот, имаш пауза за доручек од 30 минути во 10:30 која треба да ја искористиш за нешто да к’снеш ама по можност тоа да биде на биро пред тастатура со отворен меил да не случајно дојде некој многу итен меил од твојот менаџер за кој што не може да се почека и на работа си до 17:00 часот. Дома стигнуваш во 17:30 часот, ручаш до 18:00 и треба да си легнеш најдоцна до 23 часот за да можеш утре да бидеш одморен за на работа. Значи само со 8 часа работни во текот на денот, значи редовни 8 а не повеќе од тоа, за себе и семејството и пријателите и роднините ти преостануваат само 5 часа. И добро еве да прашам, и во овие 5 часа треба да работиме од дома за да имаме кариера? Јас искрено не се сложувам, а уште помалку се согласувам на ова кога треба да работам за истата плата, без бонуси, всушност без ништо. Зошто?
Добро! Еве се повлекувам и се самопрогласувам за бунтовник и за премногу контраверзен во однос на овие работи, но, јавно ги замолувам сите, барем еден да ми даде пример од било која книга, учебник можеби за на факултет, напишана од било кој успешен менаџер, сопственик, милијардер, гуру за менаџмент или кој и да е каде што истиот тој вели дека треба вработените да работат повеќе од 40 часа неделно и каде што вели дека треба да ги терате вработените да работат повеќе од 40 часа неделно. Јас до сега не сум сретнал такво нешто.
Еве што е тоа што често се среќава во книги за менаџмент, во менаџерски искуства и ќе споменам дека ме израдува фактот што и овде кај нас го сретнав истото, тоа и ме поттикна да пишувам за оваа проблематика.
Пред некое време, не беше воопшто одамна, беше месецов, седев со еден познаник кој го познавам службено и седевме за да разговараме за бизнис. Велам бизнис и мислам на сплет на заеднички интереси. Така говорејќи стигнавме до секакви муабети врзани за работата, за фирмата негова со која што тој менаџира, за фирмите одоколу и кога дојдовме до моментот за колку треба да се работи ми вели вака, цитирам: Јас не сакам никој од моите вработени да ми седи на работа по завршување на работното време затоа што секоја минута после работното време, тој мене ми е трошок. Велам каков трошок? Трошок на струја, клима, кафе и сè останато. Велам колку може да потроши? Не е колку може да потроши, туку колку е способен да си ја сработи работата во текот на работното време и зошто да ги потроши. И продолжува, „трошок“ ми е и кога ќе ја сработи на време работата и кога ќе го наградам со таа разлика што тогаш ми е конструктивен трошокот. И концизно цитирам: Има две работи, првата е дека има многу работа која што сум му ја натрупал или му ја натрупал некој друг од која што работа треба да биде ослободен бидејќи ќе се пробијат рокови ако тој не ја заврши на време, затоа што тоа не е изводливо. И второ, во текот на работното време не е продуктивен т.е. не дава максимум од себе! Со било која од двете работи јас како менаџер на компанијата имам проблем.
За да не должам, после разговорот на оваа тема заклучокот беше следниот. Ниту еден мој вработен не смее да има обврски и работа повеќе од тоа што може и треба да сработи за 8 часа и не сакам да имам вработен кој не е кадарен да си ја сработи работата во работното време. Сите вработени кои остануваат после работа за да ги видам и дознаам дека останале, а со тоа мислат дека ќе ми остават добар впечаток грешат! Нормално, чест на ретките ситуации кои се инцидентни во кои што ситуации и јас заедно со оние кои што треба да останат останувам.
Да бидам искрен, не ми се веруваше дека слушам такво нешто. Па јас секој еден што го познавам во Македонијава има проблем со прекувремена работа на барање на својот претпоставен па дури и до степен на малтретирање.
И сега кога ќе се навратам на Facebook статусот убеден сум дека не мора да е точен. Менаџерот со кој што јас разговарав и говорам погоре, е и тоа како успешен менаџер, а не е за потценување и неговата компанија со која што тој менаџира, компанија која е позната во пошироката јавност како одлична компанија, со одлични бизниси и секако со големи плати за вработените. Разликата помеѓу работа и кариера треба да биде исполнителноста, квалитетот на сработената работа, вештините кои ги поседуваме, навременоста на извршување на работните обврски, почитувањето на соработниците, степенот на задоволство кој го имаат вашите соработници и клиенти од Вас итн итн.
А гледано од друг аспект треба секако да нè засега задоволството на вработените во компанијата и секако задоволството на менаџерите и сопствениците на компанијата.
И да не се лажеме, не е ова единствената работа која треба да се промени во нашите бизниси за да се биде како што треба ама е сигурно една од важните работи од каде што можеби треба да се почне! Она што јас успеав да го научам барем теоретски, а знам веќе и компании каде што истото се применува и практично е една од моите омилени лекции од Адижес методологијата каде што Др. Исак Адижес вели: За да функционира една компанија мора во истата да има меѓусебна доверба и почит. Целиот процес е опишан како приготвување на гурманско јадење каде што вели: можете да имате одлични состојки кои што одговараат за да приготвите прекрасно гурманско јадење но да го немате рецептот. Или, можете да имате одлични состојки, можете да го имате рецептот со Вас, но доколку шпоретот не Ви работи исправно или доколку постојано ја менува температурата горе доле, тогаш бидете сигурни дека ништо од состојките нема да излезе ништо, без разлика колку се тие добри и квалитетни, без разлика колку е прецизен рецептот, итн. Во истата таа лекција Др. Исак Адижес дава и една шема која е многу јасна и која е одлична појдовна точка за да во било која компанија се спроведе стекнувањето на меѓусебна доверба и почит. Но, за тоа потоа, во некоја друга прилика т.е. веќе во следната прилика!
Бидете исполнителни, користете го максимално рационално работното време, земајте работа онолку колку што можете да сработите, користете ги сите вештини и доблести за добро да се заврши било која работа и верувам дека со тек на време ќе се менуваат работите и секој ќе го добие она што го заслужува. Искрено се надевам дека ќе биде возвратено од страна на Вашите менаџери доколку сте вработен или од Вашите вработени доколку сте менаџер.
А за успешна кариера во вакви услови како што преовладуваат денес и со вакви менаџери со кои секојдневно сме опкружени некогаш не ви треба многу, доволно е да си добиете прекар во фирмата и сите да ве викаат УШКО (доушник)! Познавам и такви многу блиску до мене! Само што во ваква ситуација кариерата ја имате само додека сте во компанијата каде што можете да функционирате така и додека имаат корист од вас а потоа сè што ви останува е клоца во задник и намален број на friends на Facebook! А да, и нема да можете да си најдете работа, никаде иако сте биле „успешен“ и сте направиле „кариера“ во претходната фирма!
И? Што мислите сега? Дали навистина разликата помеѓу работа и кариера е исто што и разликата помеѓу 40 и 60 работни часа во неделата?
Славчо Бујароски says
Dane says:
31/08/2011 at 15:11
Pofalbi za statijava.. ali jas sepak mislam deka so 40 casa nema kariera.. od onie pette sto se za po doma mora da se zrtvuva neshto 🙁
Славчо Бујароски says
Pavlina says:
31/08/2011 at 16:06
Ovaa statija odi cekor podaleku od konceptot na pisuvanje koj go imav prethodno zabelezano kaj vas a toa e osven dijagnoza na problemot da ne objasnite nacin kako toa da se nadmine osven nekoi opsti zabeleski bez konkretni cekori. Vo posledniov tekst davate resenie za problemot potkrepeno so prakticno iskustvo i teorija pa zatoa spored mene se izdvojuva kako najdobro cetivo dosega, vo koj poveke ne ja gledam samo hrabrosta, iskrenosta i vistinitosta od prethodnite statii tuku osven gorenavedenoto dobivam bonus sovet – na koj nacin da se deluva za da se reshi konkreten problem.
Славчо Бујароски says
Славчо Бујароски says:
01/09/2011 at 00:04
Читајќи ја статијава доаѓам до следново размислување
За какви работни часови се зборува:
А: работни часови поминати само да се завршат работните задачи
Б: работни часови поминати во учење и размислување за сопствените цели – личен развој
Најверојатно Павле мисли на А: работни часови поминати за да се завршат работните задачи
На таа тема (работни часови поминати за да се завршат работните задачи) еве некои мои лични ставови:
Кариера е невозможно да се гради во компанија каде менаџерите не знаат да менаџираат и каде тие се качуваат на “врат” на своите вработени.
Доколку менаџерите го користат периодот вон работно време за да направат состаноци со вработените, таму работата „смрди„ – или бизнисот не е добар, или менаџерот е скаран дома со семејството. Во двата случаи тоа мора да се разреши или ќе заврши со напуштање на работното место. (Дали на вработениот ќе му дојде преку глава или бизнисот сосема ќе загалави).
Повеќе од 40 часови треба да се работи само во случаи кога има проекти со рокови каде заради објективни причини роковите е можно да се пробијат доколку не се работи прекувремено – нагласувам ПРЕКУВРЕМЕНО. Ова ПРЕКУВРЕМЕНО значи дека дополнителната работа треба да биде платена и тоа со коефициент на зголемување во зависност од тоа кога таа работа се извршува. Законот предвидел и колку часови таа работа може да биде.
Останување после работно време значи дека планот не е исполнет, а тоа води до две можности – тој што планирал ги “мрази” тие што треба да работат, или тој што извршува не е дораснат на задачата која му е доделена.
Во овој случај, во бизниси каде секојдневната работе е реализација на проекти, тешко може да се утврди каде е причината бидејќи најголем број од задачите се уникатни и никогаш повторно нема да се појават.
Но не е невозможно – доколку компанијата воспостави систем за мерење, каде ќе се мери ефикасноста на вработените и ќе може да се споредуваат слични задачи.
Проблемот може да се лоцира и на друго место – неправилно користење на работното време: муабетење со колегите, читање на постови на социјалните мрежи, пратење на весници или спортски кладилници (мислам на вработени кои на работно место користат компјутер)
До тука се согласувам со ставовите на Павле.
Сега за вториот случај: работни часови поминати во учење и размислување за сопствените цели – личен развој
Кога се работи за кариера, 40 часови поминати за потребите за кариера не се доволни – повторувам: НЕ СЕ ДОВОЛНИ. Каде има работно место, т .е. каде има работодавач кој ќе овозможи некој да изгради кариера посветувајќи се на тоа само во работното време од 40 часа, за да може кога ќе ја напушти зградата каде работи, таму да го остави делот од мозокот кој е наменет за на работа и дома да си отиде насмеан бидејќи покрај редовните обврски за семејството (наавки, деца, школо, ..) ќе има време да гледа спортски натпревари, да пие кафе со комшијата и да го проветри автомобилот, …? Каде е возможно на име на кариерата некој да даде празен простор во работно време за да се стекнат нови персонални знаење и рутини? На работа има време и место само за посетување на курсеви и тренинзи за работни процедури. А со тоа не се гради кариера – туку се задржува работното место кое веќе е стекнато! За да се изгради кариера потребен е поголем влог.
Имено, личните и професионалните вештини не се стекнуваат на работно место. Додека сме на работа нема време кога нешто ќе забележиме дека не штима, или ќе ни текне дека можеби може и поинаку да се направи, да се застане да се земе здив, да се побара литература да се тестира и да се утврди дали има напредок или не. Тоа не се прави во 40-те работни часа неделно, бидејќи тие работни часа се потребни да се заработи платата за која и се оди на работа. Тоа се прави во останатите 20 часа, кои се влог во личната иднина.
Од друга страна овие 20 часа никако не смее да се користат за завршување на задачата – туку за изнаоѓање на некакво подобрување поврзано со задачата.
Доколку пак кариерата значи стекнување на вештини кои не се поврзани со конкретното работно место (курсеви за менаџмент, за водење на проекти) работодавачот со задоволство ќе дозволи курсевите со еден дел или целосно да бидат во работно време (инвестиција во вработените) но никако нема да дозволи, додека сите останати работат работникот да ги отвори материјалите од курсевите и на работа во оние 40 часови, наместо да работи да чита тоа што не го запомнил на курсот.
Заклучок:
За градење на кариера не се доволни 40-те работни часа, во кои всушност треба да се заработи платата. Потребно е повеќе вложување. Доколку би било поинаку, бидејќи според закон сите треба да завршат средно образование, по завршувањето ќе си се вработат, па факултет ќе си завршуваат и ќе градат кариера додека се на работа – во оние 40 работни часови неделно. Апсурдно!
ПС.
Некој бил прашан: Како успеа преку ноќ да ги постигнеш овој успех? Одговорил: После долгогодишна работа преку цел ден.
Не мислел на осумчасовна работа дневно, сигурно!
Славчо Бујароски says
Павле says:
01/09/2011 at 02:00
Почитуван Г-дин Славчо, Ви се обраќам со почитуван бидејќи сте навистина таков за мене лично а тоа сте го стекнале со познанството кое го имаме и секако со сè она што сте го стекнале досега. Апсолутно се согласувам со сите аспекти кои сте ги споменале во коментарот а посебно дека состаноците кои се закажуваат надвор од работното време се последица или на лош менаџмент или на тоа дека некој е скаран дома или не се интересира за сопственото семејство.
Во контекст на Вашето резимирање на градење кариера се согласувам дури и со 102,5% како што љуби да каже еден наш политичар и секако, кариерата не е прекувременото останување на работа туку надоградбата на самите себе.
Славчо Бујароски says
Blagica says:
01/09/2011 at 03:02
Po amerikanskoto sfakanje rabota i kariera se dve razlicni raboti. Imas rabota koja sto znaci deka pravis nesto za da da zarabotis dovolno za da gi pokries trosocite, a kariera ti e koga rabotis nesto sto te ispolnuva, nesto vo koe sto sakas da napreduvas i nesto sto sekojpat i bez da sakas go mislis! Zatoa ponekogas lugeto sto sakaat da napravat kariera znaat da rabotat i po 80 casa. Da toa e golema brojka i ne e odraz na los menager i nekvalitetno iskoristuvanje na rabotnoto vreme. Za sekoj napredok e potrebno mnogu trud i rabota, taka da ne mozes da pravis kariera( da napreduvas) a da rabotis isto kako i nekoj drug sto toa mu e samo rabota.
Славчо Бујароски says
Павле says:
02/09/2011 at 00:32
Благица,
Сепак мислам дека кариерата не се стекнува со работа која е работа за извршување на тековните работни обврски. Славчо погоре го има истакнато вистинското работење за кариера и апсолутно се сложувам со него, работата е работа за плата, градење кариера е градење кариера со работење на екстра одговорна работа, превземање на екстра одговорности и секако сопствено надоградување во полето кое е сопствен интерес. Во основа не би можел некој кранист да напредува во кариерата ако работи наместо 10 часа наместо 8 часа дневно, не би можела ни благајничка во банка да напредува во кариерата ако се вработила со средно образование и нема намера да го продолжи образованието, ќе напредува во што, во главна благајничка на смена? Тоа и не е кариера.
Така да мислам дека зборуваме за истите работи но сепак да ги појасниме. Да, за да се стекнеш со кариера е потребно да работиш екстра од осумте часа на работа, но тоа екстра не е состанок со менаџерот затоа што тој дошол на работа во 12 часот па немал време до 17 сите да ги види, или затоа што како што рече Славчо не си ја сака фамилијата т.е. не е сигурен ни дали самиот себе си се сака, па незнае што да прави со себе и закажува состанови и активности и ги задржува вработените после осумчасовното работење.
Она што е екстра од осумте часа на работа е посета на обуки, лична надоградба преку читање на литература која може да те напредне во работењето, надоградба со официјални студии, факултет, магистратура, докторати итн итн, милијарда активности кои се валидни за раст во кариерата.
И да, да не се заборави. Кај нас растат во кариерата и оние кои добро знаат да им се умилкуваат на менаџерите, оние кои имаат добро профилиран надимак УШКО (доушник на менаџерот) итн, итн, но тој раст во кариерата за мене не е легитимен и е секако моментален и не е пренослив за во друга компанија.
Славчо Бујароски says
Dane Petrevski says:
04/09/2011 at 15:28
многу ми е мило што моите две реченици поттикнаа вака големи професионалци да дебатираат на истите 🙂
Поздрав до сите.
п.с. Сепак немало кариера со 40 часа 🙂
Павле Зимбаков says
04/09/2011 at 23:52
Дане одлични се твоите 2 реченици и навистина се одлична тема за разговор но сепак не би рекол дека нема кариера со 40 часа бидејќи работата си е работа а кариерата можеби и не е дел од работата, условно кажано. Имено ако некој сака да работи тогаш може да си тера со 40 часа, оние кои сакаат да градат кариера исто така можат и мораат да тераат со 40 часа но сепак треба да вложат во себе пред сè (може и без да вложуваат во работата) за да направат кариера, од друга страна, и оние кои не сакаат да градат кариера се некогаш предмет на дискусија за тоа колку неделно работат бидејќи не се добро изменаџирани! Што со оние кои не сакаат да градат кариера а се „ПРИНУДЕНИ“ во македонски услови да работат повеќе од 40 часа без за тоа да добијат било каква надокнада (слободен ден, платени дополнителни часови, покачување поради пожртвуваност, лојалност итн итн)!
И на крај на ден дали за кариера се потребни повеќе од 40 часа работа на работа или за работа?