Дали ги соборувате вашите рекорди? На колку повици одговоривте денес? Колку високо квалитетни договори закажавте за овој месец? Колку нови зделки склучивте овој месец?
Овие прашања упорно ни се врежуваат во глава, и тоа со добра причина. Голем број професионалци за продажба, често се притиснати да достигнат норма или да се здобијат со одредено ниво на професионалност. Месечните продажби го насочуваат вниманието кон премијата и крајниот резултат, но тие исто така можат да нанесат повеќе штета отколку да донесат благодат.
Често ги слушаме продавачите како велат, “Резултатите не се остваруваат доволно брзо.” На крајот од секоја месечна продажба, стресот и фрустрацијата се тие кои преовладуваат, а продавачите се обидуваат најдобро што можат да ја заокружат продажбата и да ги добијат очекуваните резултати.
Ако продажбата е, во еден дел, пренос на чувства, помислете на чувствата кои им ги пренесувате на вашите потенцијални клиенти. Стресот и вознемиреноста кои се јавуваат при желбата да се оствари што поголема продажба, ненамерно ставаат уште поголем притисок врз вашите клиенти и уште од стартот создаваат една нездрава врска.
Иронично е тоа што постојаната навала за постигнување на добра продажба ве држи фокусирани на целта и го одвлекува вложувањето напор подалеку од усовршувањето на процесот на продажба кој е неопходен за создавање на бизнис.
За да се постигнат подобри резултати, мора да го промените она што досега сте го правеле или да го промените начинот на размислување. За и понатаму да ги надминувате вашите цели за подобра продажба и подобро да си ја контролирате умствената состојба, променете го вашето мислење да стане водено од процесот, а не водено од резултатот.
Одвоете време за развој на вашиот процес за постигнување на секоја ваша замисла, со цел да имате јасна слика пред вас. За почеток, направете преглед на вашите претходни успешни зделки. На пример, ако сакате да склучите одреден број зделки секој месец, кои секојдневни активности ќе ви помогнат да ја постигнете таа цел? Кои вештини и средства треба да се подобрат? На пример, работете на подобрувањето на вашето пропратно писмо или e-mail, направете добар образец за апликација на идните клиенти и подобар пристап кон говорните пораки, и почесто праќајте повратни информации. Самото размислување и извршување на овие задачи, ви го насочува вниманието на процесот.
Преземено од: Неделен магазин Капитал
Остави коментар