• Skip to main content
  • Skip to secondary menu
  • Skip to primary sidebar
  • Напиши статија
  • Регистрација
  • Контакт
  • Сервис
  • Услови за користење
  • Превземање

Статија

експерти на различни теми

  • Деловни вештини
    • Бизнис
    • Деловна комуникација
    • Лидерство
    • Маркетинг
    • Менаџмент
    • Мотивација на вработени
    • Мрежен маркетинг
    • Организациска култура
    • Претприемништво
    • Продажба
    • Тимска Работа
    • Финансии
    • Човечки ресурси
  • Личен развој
    • Биографија
    • Време
    • Емоционална интелигенција
    • Интелигенција
    • Кариера
    • Коучинг
    • Личен менаџмент
    • Лични финансии
    • Невербална комуникација
    • Невро-лингвистичко програмирање
    • Образование
    • Пензија
    • Пишување и говор
    • Психологија
    • Стрес
    • Уметност
  • Живот
    • Јога
    • Љубов
    • Алкохолизам
    • Вино
    • Деца
    • Диета
    • Здравје
    • Исхрана
    • Семејство
    • Фитнес
  • Разно
You are here: Home / Автори / Драган Шутевски / Подобар маркетинг план – Пет прашања

Подобар маркетинг план – Пет прашања

20.09.2023 Категории: Драган Шутевски, Маркетинг

Се најдов себеси повеќепати заглавен во формализација на еден маркетинг план што ми се чинеше како една вечност. Пишување на еден маркетинг плaн според мое искуство не претставува прекрасен документ кој изобилува со графици и дијаграми, туку едноставно еден патоказ кој ќе ве води во исполнување на поставените маркетинг цели. Повеќе за Eден процес на бизнис планирање пишував во Опасности во стилот планирај го твојот бизнис план. Добар маркетинг план е базиран на севкупните бизнис цели кои се трансформирани во една маркетинг стратегија, а не на наслови и приказни во тие наслови.

Заради поедноставување и нормално подобрување на квалитетот на еден маркетинг план би извлекол процес кој е составен во одговарање на 5 прашања и изработка на една табела.

1. Кој е Вашиот целен пазар?
Започнете со барање на специфичностите во подрачјата каде што сакате да биде присутен Вашиот бизнис. Секој пазар е составен од повеќе подрачја, односно може да биде разделен во сегменти. Кога зборувам за подрачја не мислам за подрачја како геометриски површини, туку подрачја во вид на индикатори кои го разликувaат еден дел од пазарот од другиот. И да, прашањето е: Кој е Вашиот целен пазар?

• Мојот целен пазар е подрачје каде што постои проблем кој што мојот бизнис може да го реши.
• Мојот целен пазар е подрачје со потенцијални купувачи кои ќе сакаат да ги купуваат моите производи и/или услуги.
• Мојот целен пазар е подрачје со луѓе кои се спремни да платат за моите производи и/или услуги.
• Мојот целен пазар е подрачје доволно големо да го поддржи постоењето и развојот на мојот бизнис.

Ова се четири одговори кои мора дa бидат дадени пред да го изберете Вашиот целен пазар. Забележувате дека тука станува збор за пет елементи:

• Проблем
• Желба
• Спремност
• Капацитет, и секако можеби најважното нешто
• Да, јас и мојот бизнис можеме.

Ова значи дека целниот пазар мора да има проблем доволно голем да постои желба за решение кое нашиот бизнис може да го понуди за цена која пазарот е спремен да ја плати и со доволно голем капацитет да ги поддржи нашите планови за раст на бизнисот.

2. Кои се твоите маркетинг цели?
Сега кога знаеме кој е нашиот целен пазар, ќе мораме да ги формулираме целите на нашиот маркетинг. Што сакаме да постигнеме со нашите маркетинг активности? Овој дел претставува специфични 3 до 4 реченици со кои ќе опишеме што сакаме да постигнеме. Забележувам дека често имаме потреба да дефинираме повеќе цели. Тоа е голема грешка. Доколку поставите премногу цели, ќе го загубите фокусот и ќе биде многу потешко постигнувањето на тие цели.

Поставете мерливи цели бидејќи имплементацијата ќе зависи од Вашата способност да го следите прогресот и да ги мерите резултатите. Доколку Вашите цели се генерални без опипливи елементи, обидете се да најдете начин да ги направите поспецифични. На пример:

• 30% учество на целниот пазар во првата година на плaнот и 45% во втората година.
• зголемување на стaпката на конверзија од 5% на 10% во првата година и на 15% во втората година.
• зголемен влез во продажната инка за 10% во првата година и 20% во втората година.

Со вакви цели вие ќе имате конкретни бројки кои ќе треба да ги исполните и лесно можете да тргнете од тие бројки наназад за да дојдете до определени активности. На крајот, имате мерливи индикатори за тоа да утврдите дали тоа нешто е остварено или не, и доколку не е остварено да барате одговори зошто не е остварено кои ќе ги имплементирате во наредниот процес на планирање на маркетинг активности.

3. Кои ќе бидат Вашите маркетинг стратегии?
Сега кога го знаеме целниот пазар, ги знаеме целите, време е да ги развиеме стратегиите кои ќе го поддржат исполнувањето на тие цели како дел од нашиот маркетинг план.

Стратегија претставува план на акции за остварување на група цели кои нашиот бизнис ги има поставено, а во овој случај тоа се маркетинг цели. Ќе мора да одговорите на следниве прашања:

• Како ќе ги оствариме поставените маркетинг цели?
• Што ќе треба да преземеме во генерални термини за да тие цели постанат реалност?

На пример, доколку ја земеме првата маркетинг цел ќе имаме нешто слично како следново:

• 30% учество на пазарот
– Стратегија 1: Подобрување на перцепцијата
– Стратегија 2: Зајакнување на маркетинг кампањи
– Стратегија 3: Додавање на поголема вредност во понудата.

4. Кои маркетинг тактики ќе ги користиме?
Стратегиите имаат потреба од тактики заради процесот на имплементацијата. Тактиките ќе претставуват група на акции кои ќе треба да се спроведат заради ефективна имплементација на стратегиите. На пример, доколку продолжиме со стратегијата 1 ќе имаме:

• Стратегија 1: Подобрување на перцепција
– Тактика 1: Зголемување на онлајн присутност на бизнисот.
– Тактика 2: Развој и имплементација на нова политика за услужување на потрошувачи.
– Тактика 3: Тренирање на вработените за системот за водење на грижа за корисниците.

5. Кои ќе бидат маркетинг активностите?
Секоја тактика се имплементира преку вистинска акција, или активности од страна на персоналот на бизнисот. Сега кога Вашиот маркетинг план веќе го има дефинирано целниот пазар, целите, стратегиите и тактиките време е да се конвертираат тие тактики во опипливи активности. На пример доколку продолжиме со првата тактика ќе имаме:

• Тактика 1: Зголемување на онлајн присутноста на бизнисот
– Редизајн на веб страната
– Изработка на бизнис блог
– Отворање на бизнис профили на социјални медиуми
– Комуникација со потенцијални клиенти
…

Последната работа – Табела

табела за маркетинг план

Доколку сакате да останете фокусирани на имплементацијата на овој маркетинг план, табелата како оваа е нешто што ќе ви помогне во реализацијата на планот.

Aвтор: М-р Драган Шутевски е основач и уредникот на блог порталот Претприемач. За повеќе информации посетете го порталот Pretpriemac.com.

Категории: Драган Шутевски, Маркетинг

За авторот:

Reader Interactions

Остави коментар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Primary Sidebar

Последни Постови

  • Светските компании ги чуваат своите најскапи ресурси
  • Дали на компаниите им е потребен психолог и зошто?
  • Жените – најмалку искористен светски ресурс
  • Војна за таленти
  • Компаниите сè поагресивни во привлекувањето таленти

Категории

  • Автори (184)
    • Aфродита Кермичиева Пановска (5)
    • Јована Петровска (2)
    • Александар Делев (5)
    • Александра Марковска (1)
    • Алма Хот (12)
    • Ана Салтирова Давидовски (19)
    • Ана Чучкова (5)
    • Благица Ризоска (5)
    • Благоја Грубор (9)
    • Борис Ефтимовски (2)
    • Брајан Трејси (3)
    • Валентин Јуриќ (2)
    • Весна Алексовска (9)
    • Виктор Куновски (7)
    • Гордана Андоновска (6)
    • Гордана Гоџо (3)
    • Дејан Спасевски (18)
    • Дијана Клекар (1)
    • Драган Шутевски (6)
    • Емилија Али (2)
    • Жарко Конески (2)
    • Зоран Лукач (1)
    • Коста Мицковски (6)
    • Лидија Зорба (1)
    • Маја Смилевска (3)
    • Марија Мојсоска (3)
    • Марина Анчевска (3)
    • Матеј Томажин (2)
    • Милан Новковски (6)
    • Мирослав Драганов (1)
    • Митко Керамитчиев (1)
    • Наташа Ивановска (4)
    • Нела Јолеска (2)
    • Павле Зимбаков (4)
    • Роберт Проданоски (4)
    • Славчо Бујароски (1)
    • Снежана Какуринова (4)
    • Тања Николова Маневска (5)
    • Тања Чачорова Илиевска (2)
    • Теодор Алексов (2)
    • Томислав Трајков (5)
  • Преземено од (88)
    • Global HR (2)
    • Web Marketing Today (1)
    • Јошевски Консалтинг (2)
    • Вработување NEWS (29)
    • Неделен магазин Капитал (52)
    • Таргет списание (2)
  • Теми (257)
    • Деловни вештини (172)
      • e-mail маркетинг (9)
      • Бизнис (17)
      • Деловна комуникација (6)
      • Лидерство (8)
      • Маркетинг (27)
      • Менаџмент (32)
      • Мотивација на вработени (6)
      • Мрежен маркетинг (1)
      • Организациска култура (6)
      • Претприемништво (9)
      • Продажба (20)
      • Тимска Работа (17)
      • Финансии (2)
      • Човечки ресурси (24)
    • Живот (22)
      • Јога (7)
      • Љубов (2)
      • Деца (4)
      • Здравје (3)
      • Исхрана (4)
      • Семејство (1)
      • Фитнес (1)
    • Личен развој (62)
      • Емоционална интелигенција (2)
      • Интелигенција (3)
      • Кариера (12)
      • Коучинг (1)
      • Личен раст и развој (2)
      • Лични финансии (8)
      • Образование (5)
      • Пензија (1)
      • Психологија (9)
      • Стрес (1)
      • Финансии и Инвестиции (5)
    • Разно (2)

Последни Коментари

  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите
  • Славчо Бујароски on Промени – основа за успешен развој на бизнисите

Архива

  • September 2023
  • April 2018
  • March 2018
  • August 2017
  • July 2017
  • May 2012
  • March 2012
  • February 2012
  • January 2012
  • December 2011
  • November 2011
  • October 2011
  • September 2011
  • August 2011
  • July 2011
  • June 2011
  • March 2011
  • February 2011
  • January 2011
  • December 2010
  • November 2010
  • October 2010

Statija.mk © 2025 ·