Размислувањата на тема самоорганизирање може да одат во недоглед. Секојдневно може да прибирате совети и да учите трикови за тоа како може подобро да ги организирате Вашите секојдневни активности. Еве дел од тие размислувања.
Едноставно треба да почнете
Многумина се откажуваат од подобро организирање бидејќи мислат дека за тоа ќе им бидат потребни часови и часови. И размислуваат кога е најдобриот момент за да започнат, па дали во понеделник или не, па дали се подготвени или не, итн, итн… Но наместо да се фокусираат на тоа што ќе им биде потребно за да го организираат целокупниот живот, потребно е да започнат еден мал едноставен проект – проект во кој целта ќе биде да подобро си ги организираат своите дневни обврски. Сепак, реално гледано самоорганизирањето не е е наука за лансирање ракети и секој може да си го организира животот. Потребно е тоа да го прави чекор по чекор.
Да не се заборави целта на организирањето
Станувањето поорганизиран не е врзано со расчистување. Организирањето на обврските е потребно за да можете да живеете живот во кој ќе немате пречки за напредување, живот кој ќе Ви дозволи да правите работи кои Вие ги сакате, без оглед дали тоа е хоби или нешто друго, да го поминувате времето со своите сакани, да играте забавни игри или било што друго што сакате да правите. Без оглед кои се Вашите цели во животот, подоброто организирање ќе Ви помогне да го постигнете сето ова.
На нерамномерноста гледајте поинаку
Забележете каква нерамномерност се јавува при извршување на секојдневните активности и колку многу може таа да одземе од Вашето време, Вашата енергија и Вашето уживање. Кога ќе го увидите ова, ќе бидете многу помотивирани да превземете нови активности.
Нерамномерноста не го подобрува, ниту го напреднува Вашиот живот. Нерамномерноста претставува резултат на низа одложени одлуки. Некогаш се задлабочувам и верувам во ова, бидејќи многу често менталната нерамномерност која ја имаме, физичката нерамномерност која ја имаме дома, на работа или во било која друга средина претставува резултат на одлуки кои не сеуште сме ги донеле или работи кои што ги држиме во нас и кои иако не ни користат, сепак од нив не можеме лесно да се откажеме. Потоа, оваа нерамномерност и неусогласеност резултира со нарушени емоционални чувства, можен страв, недостаток на самодоверба, чувство на вина или други сфери проблеми од Вашиот живот кои можат да влијаат и да резултираат со нерамномерност. На истиот начин многу други работи го исполнуваат и влијаат на останатиот дел од времето во Вашиот живот.
Проблемот кој го создава нерамномерноста е многу поочигледен на реални ситуации. На пример кога ќе посетите нечиј дом, веднаш можете да воочите со какви потешкотии се соочува домаќинот и тоа да го заклучите преку видот на нередот кој е манифестиран токму во неговиот дом. Забележете ја физичката неуредност која се забележува на телото или на изгледот на одредени луѓе и поврзете ја со неуредноста во нивниот дом. Едното е огледало на другото и обратно.
Станете посвесни за емоционалните кочници за да бидете поорганизирани
Може да постојат емоционални кочници за да се организирате. Некои од нив се срамење, страв од пресудување на околината, страв дека некои постапки ќе внесат неред и забуна, или едноставно незнаење од каде да почнат. Исто така постојат и подлабоки точки како загуба на некој сакан или близок, депресија, неред поради невнимание, ниска самодоверба. Сите овие работи играат улога или може да играат улога во обидувањето да станете поорганизирани.
Размислете за придобивките од подоброто организирање
Некои од придобивките од подоброто организирање се чувството на олеснување, чувството за ужување, елиминирање на чувството на заробеност, постоењето на чувство за моќ и контрола и поголема фокусираност. Лицата кои не се организирани, чувствуваат како да не можат да ја контролираат околината, а со тоа не можат да го контролираат и нивниот живот. На овие лица им е потребна помош за да можат да се соочат со неспособноста да се организираат.
Понекогаш од луѓето на ваква обука, можеби ќе слушнете: “Ова го барав целиот мој живот” или “Навистина не знаев дека постои ова или ова” или “Не знаев дека има толку многу од ова или ова.” Малку е потребно за да луѓето се консолидираат и што е потребно да направат, од каде да започнат. На тоа може да гледате како на средство за чистење со кое треба да го поминете Вашиот тепих, а кое го имате во Вашата остава. Како на мало кутивче кое сеуште не сте го отвориле и стои во Вашиот подрум. Или нешто што е сеуште не сте го купиле од најблиската продавница. На тоа гледајте како на нешто што го имате, а не сте знаеле дека го имате. Значи се работи за консолидирање на самите себеси, осознавање и разбирање на се она што го поседувате.
Или замислете ја следнава ситуација: некои одвреме навреме се обидуваат да си го средат својот плакар. Можеби имаат повеќе пара фармерки кои не им се потребни и треба да одлучат кои од нив ќе ги задржат. Во таа прилика, при пробувањето на старите фармерки ќе брцнете во џебот и можеби ќе најдете заборавени пари. Придобивките од средувањето се големи и можеби некогаш при средувањето ќе најдете работи кои поодамна сте ги изгубиле или заборавиле. И не сте знаеле дека сеуште ги имате.
Aвтор: Дејан Спасески
Остави коментар