Постојат повеќе начини да се рекламирате преку интернет, но и да трпите критики
„Можете да не се занимавате со интернет, но интернетот се занимава со вас“ и ја опишува моменталната состојба во деловните контакти. Сакале или не, не можете без него (интернет), а не можете ни со него ако не сте доволно упатени. Електронски ПР, онлајн ПР, или на македонски односи со јавноста преку интернет. Да, секој облик на комуникација има одредени правила кои постојат со причина. Многумина тврдат дека водењето бизнис преку интернет во Македонија сè уште не може да донесе задоволителни приходи, дека малкумина користат интернет а уште помалку од нив го користат за „вистинските работи“. Дали навистина малку луѓе користат интернет, и што значи губење време а што се тоа вистински работи?
Замислете ја следнава ситуација ако истуриме третина вода од чаша на тастатурата ќе добиеме ист ефект како да сме ја истуриле целата чаша. Секако, тастатурата и водата немаат многу заедничко со интернетот, но ако во главата го поврзете ова со бројот на домаќинствата кои користат интернет во Македонија, а тоа е третина од нив, ќе сфатите што сакал да каже – дека домаќинството има три члена, доволно е едно лице од семејството да го пренесе на друг она што го видел на интернет и така веста се шири.
Меѓутоа, не треба да претеруваме со пофалните зборови за интернетот, сè уште не е толку моќен како медиумите, но се покажува повеќе од корисен во таргетирање на целните групи што не води до онлајн ПР-от. Постојат повеќе начини да се рекламирате преку интернет, но и да трпите критики. Така на пример во Србија се случил еден повик за бојкот во врска со млечниот монопол (www.bojkotujmonopol.com) кој секавично се ширел по е-пошта во Србија. Во тоа време експерти заедно со своите соработници спровеле истражување со намера да откријат кој стои зад бојкотот, конкуренцијата или потрошувачите. Резултатот бил многу интересен, тоа бил еден студент кој едно утро отишол во продавница и се изнервирал поради зголемувањето на цените на млекото.
Значи, интернетот ви создава можност да се рекламирате, но истовремено и сите останати да го кажат своето мислење за вас, што може да земе голем размер. Овој факт навистина загрижува, но ако имате околу вас стручњаци за ПР може да го ублажите ваквиот впечаток или дури да го свртите во ваша корист. Дополнителен заклучок – немајте работа со студенти, тие се најангажирани во својата област.
Додека пиеме кинеско пиво
Замислете дека имате фирма и се сметате за информатички писмен, веќе размислувате и сами да организирате своја интернет страница. Зошто тогаш постои онлајн ПР? Според некои анкети, 98% од новинарите кога пишуваат текст за некоја фирма одат на нивната страница. Од тој процент, 86% не се задоволни од информациите кои се поставени на таа страница. Замислете колкав публицитет би добила вашата фирма кога новинарите почесто би ја посетувале вашата презентација. И за тоа имаме некои проценти, 92% од новинарите редовно би ги посетувале интернет страниците кои редовно се ажурираат и се прегледни. Со други зборови, тогаш медиумите би доаѓале кај вас, нема вие постојано да ги викате и да организирате ручеци и патувања за новинарите. Така е поефтино. Освен оваа предност, интернетот ви овозможува вирусен ПР. Звучи како некоја болест, и навистина најдобро може да се објасни со една гранка од медицината наречена епидемиологија. Но во виртуелниот живот вирусите се пренесуваат така што едно лице заразува две други, кои пак заразуваат уште две и така натаму, сè додека не помине во епидемија. Меѓутоа, тука не се работи за вируси, туку за тенденцијата на интернет да помогнете за нешто што се рекламира бесплатно, а не за нешто што се плаќа. Како ќе ги заразите луѓето? Многу лесно, со нешто што е интересно.
Главно тоа се смешни работи кои луѓето ги праќаат на нивните контакти кои пак ги праќаат понатаму, за да на крајот тие занимливости заземат голем размер.Колкаво влијание има вирусниот маркетинг, ќе објасниме со примерот „Валтер пиво“. Оваа фотомонтажа настана кога едно момче сакало да го развесели својот другар. Тој го вметнал Валтер во етикетата и ја пратил по е-пошта само на еден пријател. На него ова му се видело интересно па ја пратил на други. За кратко време, сите почнале да ја копираат приказната за тоа како Кинезите го обожаваат Бата Живојновиќ и како пијат пиво со неговиот лик. На никого дури не му било чудно што на чашата стои количина од 0.7литри. Приказните за пивото се објавени во еден хрватски весник. Но тука не застанува лавината од интересирање. По многу блогови и форуми формирани за кинеското пиво, дури едно момче напишало дека видело еден Кинез како пие од тоа пиво. Овој пијалок секако не постои, но се надеваме дека ќе се најде некој паметен и ќе почне да го произведува, најверојатно би се распродало за рекордно време. Без разлика на вкусот.
Всушност, постои тука еден проблем. Вистинскиот и виртуелниот свет се сосема различни. Значи, консументите на традиционалните медиуми и интернетот немаат многу заеднички допирни точки. Тоа не значи дека не треба да се трудите за да ги привлечете, бидејќи сепак ги информираат луѓето за вашето постоење, дури и оној што не се кандидирал за претседател знае за што се работи, или ако повеќе сакате, работите на свеста за брендот.
Стекнување публицитет
На интернет најголем публицитет носат новите идеи. Ова е брз медиум, секогаш подвижен и во секој момент поинаков, за да држите чекор со конкуренција потребна ви е креативност и имагинација. Иновациите се клуч за успехот. Освен интернет страници, постојат и други видови комуникација, како на пример Фејсбук, Мајспејс, блогови итн. Еден од најдобрите начини да се прати порака на сите пријатели на Фејсбук е да закачите линк наместо статус на вашата почетна страна. Тоа ќе го видат многу луѓе. Исто така, можете да додадете и лица кои не ги познавате, и тоа врз основа на некои ваши заеднички интереси, односно врз основа на вашата процена дека тоа лице би било потенцијален консумент или клиент.
Страниците од типот на Фејсбук ви даваат можност за таргетирање, и увид во тоа кој, колку често користи интернет, што нè доведува во ситуација да видиме дали постои одреден дел од денот во кој деловните луѓе користат повеќе интернет (тоа најчесто е наутро, кога пристигаат на работното место и го пијат утринското кафе). Ние, поединците може да го користиме Фејсбук за рекламирање. Тоа е мрежа на хоризонтална организација, опфаќа неодредена популација. Меѓутоа, постојат и вертикални групи, како на пример мрежата на играчите на голф, и нивното рекламирање е уште поисплатливо бидејќи на наједноставен начин ги издвојувате вашите потрошувачи (на пример ако произведувате опрема за голф). Секако, тука постојат многу повеќе можности. Единствено нешто што можеме да направиме е да ве запознаеме со можноста за унапредување на положбата на вашата компанија, но и со потребата да ги пратите технолошките трендови, империјата која е незапирлива и ќе го покори целиот свет.
Преземено од: Вработување NEWS www.vrabotuvanje.com.mk
Остави коментар