Како безболно да се прилагодите на нова работна средина? Дали треба да се прилагодувате или веднаш на почетокот да ги поставите правилата на игра ако сте вработени на нова висока менаџерска функција?
Да се прилагодите или „да изгинете“? Или “да поставите правила“ па на сите од старт да им е јасно како се игра играта? „Мек“ или „строг“ пристап? Како да не згрешите? И што е најважно, сè треба да биде безболно, секако, за сите вклучени лица.
Нов почеток, на ново работно место е предизвик, без разлика на функцијата – не мислете дека на менаџер на висока позиција му е полесно од „обичните“ работници. Првите денови и недели кога го остава првиот впечаток и ги поставува темелите за понатамошно работење можат да бидат прилично тешки. На ова може да гледа од две перспективи: како нешто што мора да го „издржи“, или позитивна перспектива, како нешто што претставува прилика за да се претстави и да ги претстави своите идеи на тимот, на колегите и на управата. Можеби тоа што мисли дека ќе биде најбезболно за него, може да биде многу болно за оние со кои менаџира: ова не е добар почетен пристап, зарем не? А ова е слично со оставање на прв впечаток: впечатокот го остава за краток период, а последиците се долготрајни и тешко може да се поправат.
Да започнеме по некој редослед: кога внимателно се планира и се развива патот на нечија кариера, тогаш доаѓањето на ново работно место значи дека лицето внимателно го проучило својот нов работодавач, стиловите на управување со луѓе во рамки на фирмата, вредностите кои се застапени, мисијата и визијата, како и културата на фирмата: и тоа не само преку прибирање на јавни информации, туку и од неофицијални извори, преку „вмрежување“. Потоа, „прибирање знаење“: со што се намалуваат шансите за непријатни изненадувања. Ако ова не е направено пред да се дојде на новото работно место, потребно е лицето веднаш да се зафати со истражувачка работа. Подготовката е половина завршена работа.
Но, важно е лицето да биде свесно за својот личен стил на управување, за себе како менаџер. Каков менаџер сте Вие? Генерално, ќе разгледаме три основни типа: автократски, консултативни или демократски? Која е Вашата мотивација за управување со луѓе?
Ви предлагаме најпрвин да се запознаете себеси како менаџер. Ова е една од оние чести ситуации на подучување, во кои треба да го препознаете преклопувањето на личните и корпоративните вредности, цели, стратегии и приоритети – со цел да ги дефинирате своите сили, а и областа на можен развој. „Прилагодување“ или „поставување на правилата на игра“? Би реклe, ниту едното, ниту другото: Вие како менаџер треба да ја препознаете ситуацијата и формата на однесување со која најдобро би се оствариле целите и резултатите. Покажете почит кон членовите на Вашиот тим, кон нивното искуство, не двоумете се да поставувате прашања и да воспоставите однос со луѓето кои работат со Вас – и вам ви е потребна нивната почит.
Да не го заборавиме и аспектот на „наследување“ – без разлика дали личноста „пред Вас“ била обожавана или мразена, Вие ќе се соочите со „наследството“: дознајте ги изворот и причините зад сето тоа. Никогаш не заборавајте да ги слушате „своите“ луѓе – со слушање може да дознаете многу за тоа како е најдобро да го водите и мотивирате Вашиот тим.
Во оваа фаза на стапување на ново работно место, при размислување за Вашата улога како менаџер и за околината во која сте се нашле, немојте да ги менувате приоритетите: со стапување на раководна функција сигурно сте добиле и цели кои треба да ги остварите, програма за работење или за продажба, обврски за остварување на годишниот план и подготовка на нов, итн. Секојдневните детали околу новото работно место не смеат да ве оддалечат од итните и важните работи – следете се себеси и напредокот на Вашиот тим, со преиспитување на приоритетите.
Како инструктор работам со нови менаџери и нивна интеграција на ново работно место: фазите на заеднички труд главно се поклопуваат со нивните први 100 дена на новото работно место, а тука спаѓа и поставување на основа за понатамошен личен развој: ви препорачувам да не заборавате дека и понатаму треба и мора да го „острите“ своето оружје, да работете на себе, на Вашето знаење и вештини – одговорноста за интегрирање во нова работна средина е Ваша и само Ваша – од помнење на имињата на луѓето со кои работите (звучи едноставно, но навистина е важно), квалитетна интеракција со тимот, давање и добивање на повратни информации, достапност, објективен и јасен увид во работната состојба и одбегнување да донесете ваш личен „наследник“ во новото опкружување – се разбира обидете се да ја избегнете желбата да создадете идентична работна клима (а беше толку добро) со онаа која што сте ја напуштиле.
За Вас настапил период на промени: прифатете ги промените, бидете активен учесник во истите и управувајте со промените.
Секогаш кажувам дека секоја ситуација е посебна и различна – тука можам само да ви дадам материјал за размислување и самопреиспитување, а не и „готови решенија“. Доколку ви треба „огледало“ во кое сакате да проверите, „бунар“ во кој сигурно ќе може да викате или патоказ за можности за понатамошно напредување – разговарајте со инструктор за бизнис, верувам дека ќе ги препознаете моментите во кои помошта на инструкторот ќе ви го олесни овој почетен период на работење на нова и одговорна работна позиција.
Преземено од: Вработување NEWS www.vrabotuvanje.com.mk
Остави коментар