Обраќање од авторот:
Еве за да не биде дека сум некултурен би сакал на самиот почеток да им се заблагодарам на сите оние кои ја прочитаа претходната т.е. првата моја статија објавена на www.statija.mk, а посебно на сите оние кои за истата искоментираа позитивно и негативно на било кој од медиумите каде што се најде статијата.
Дел од коментарите кои јас лично ги добив беа и дека сум бил дури и престрог, убава е статијата ама малку си строг? Велам строг сум и нешто е преувеличено или само сум строг? Одговорот беше, сè е тоа така како што си пишал, сè е тоа точно, ама малку строго е кажано. Велам кога ги карате сопствените деца дома каков Ви е тонот? Дали насмеани ги карате или сте строги? И дали на крај на ден кога ги карате имате лоша намера или сте комплетно добронамерни?
Така е јас сум родител само на сопственото дете, и немам право да карам никого и затоа и никого не искарав во мојата статија но сепак сакав да им укажам на некои работи на оние кои што се пронајдоа во истата. Јас најискрено се извинувам ако некој се почувствува непријатно читајќи ја статијата и ако во истата се пронашол, но се надевам дека тоа чувство ќе предизвика конструктивно размислување за постапките понатаму. Статијата беше мноооооогу добронамерна!
Ајде сега да го свртиме листот и да ја видиме онаа другата страна од нашето опкружување.
Page brake
New page
Ете така. Нова страна. Нови лица. Нови искуства.
Не е се така црно околу нас, ќе говориме за истата тема гледана од другата страна. Ќе говориме за менаџерите кои го прават она спротивното од оние од претходната статија и секако за вработените кои имаат самоиницијатива и таа самоиницијатива е со драго срце прифатена од нивните менаџери и секако конструктивно обврзана и искористена.
Да, има такви менаџери и такви вработени и замислете, воопшто не се чудат зошто од ден на ден нивните бизниси се сè подобри и подобри, зошто од ден на ден на нивните веб страни стигаат сè повеќе и повеќе апликации за работа и зошто од ден на ден нивните вработени се сè позадоволни и позадоволни.
Колку ли само тие менаџери трошат време на своите вработени? Па работат ли тие нешто освен што се грижат за своите вработени?
Еве го одговорот: работат многу и секако многу се грижат за задоволството на своите вработени!
Моето досегашно искуство вели вака.
Јас лично сум имал опкружување од менаџер кој што за секој успех на било кој од своите вработени превземал некаква акција. Пр. Транспарентна пофалба за која била кажана причината и достигнувањето, организација на деловен неформален колегијален ручек поради достигнувања на тимот, отворање шише виски на крај на работно време како пофалба за одреден вработен за некое негово достигнување, промовирање на својот успешен тим на разни настани, и неформални дружби за без причина онака поттикнати од добрата воља на менаџерот се разбира со позадинска намера за добро расположение во тимот итн итн. Да има и такви менаџери, јас лично ги познавам дел од нив а за многумина од нив сум слушнал.
Во моето скоро 4 годишно опкружување во светот на неформалното бизнис образование среќавам одлични менаџери од чии што примери многу може да се научи и не ми е срам да кажам дека она што го научив од многумина од нив вреди многу повеќе од сите пари кои досега сум ги заработил. Зошто? Затоа што таквите менаџери континуирано ми го зголемуваат капиталот на знаење, капиталот на способности како и финансиите се разбира.
Како функционираат успешните менаџери? Неколку од примерите кои би сакал да ги споменам и на кои сум посебно горд се примери на менаџери кои континуирано имаат раст во својата компанија, имаат континуиран раст во бројот на вработени (внимавајте, имаат раст во бројот на вработени, а не раст во динамиката на менување на вработените. Има огромна разлика од едно до друго!), имаат континуиран раст на задоволството на своите вработени и секако на крај на ден она што најмногу треба да го има, имаат континуиран раст во зголемувањето на задоволството на своите клиенти. Еден од примерите е дека сопственикот на една мала компанија од пред отприлика три години почна да вложува во себе, почна да посетува обуки за менаџери, почна истите да ги применува и се тоа се случуваше кога неговата компанија имаше само четиринаесет вработени и кога не знаеја што да прават со себе. Денес истиот тој менаџер ја има истата таа компанија но сега со над четириесет вработени, има круг на менаџери околу себе кои континуирано се обучуваат, има раст на компанијата во уделот на работни активности на македонскиот ни пазар и секако компанија која е основана во овој истиот период од три години која делува на пазарот на Косово и Албанија. Истиот тој менаџер денес прераскажува со гордост за практичноста на менаџерските обуки, истиот тој менаџер денес е посакуван како член на неколку управни одбори на успешни компании и стручни здруженија и истиот тој менаџер и ден денес се труди да се надградува себе и секако своите вработени. Е да, има и такви.
Фактот кој радува е дека и покрај тоа што доцниме со неколку години после светот сепак свесноста за потребата од континуирана едукација на човечките ресурси во компаниите кај нас има убав пораст во однос на изминатите неколку години. Еве една работа која со гордост ја споменувам кога говорам за тоа како се одвиваат работите околу неформалната бизнис едукација во Македонија. До пред отприлика две и пол години сè уште се формираа групи за обука со тоа што се прибираа по еден, двајца или максимум тројца вработени од една компанија за да собереме група од 12 (дванаесет) учесници и да се одржи обука за продажба. И замислете каква била обуката? Обука за продажба која е комплетно општа затоа што сите учесници на обуката се од различни компании и различни бизниси.
Денес таквата ситуација ја нема, денес имаме ситуација кога се јавуваат менаџерите и велат: Ние сме 8 вработени во компанијата, ние сме 30 вработени, јас имам оддел за продажба од 17 одлични продажни лица и сакаме да се креира обука за сите нас која што обука ќе биде на тема продажба, на тема комуникациски вештини или која и да е друга тема и ќе обработува ситуации и проблематика со која ние лично се занимаваме. Wow, каков напредок е тоа? Одлично! На наше огромно задоволство се креира програма која е комплетно прилагодена и која нуди конкретни бенефити за секој поединец на обуката, за менаџерот лично и за компанијата. И да не заборавиме, креира бенефит и за клиентите на конкретната компанија.
Еве да се навратам на позитивните ситуации кога говориме за менаџери! Би сакал да споделам уште едно искуство кое си дозволив да го проверам бидејќи имав можност за истото т.е. лично се познавам со менаџерот кој беше „оговаран“ дека неговиот оддел функционирал како часовник и дека сите вработени кај него биле презадоволни од комплетниот третман. Како да не проверам? Морав! Бев импресиониран од гласините и бев „принуден“ да проверам што од сето она што го слушнав е вистина!
Прво се прашував што е тоа што ги прави задоволни вработените во одделот финансии? Замислете, оддел за финансии! И тоа оддел за финансии во еден од мобилните оператори. Си велам тие гарант имаат работа преку глава.
Слушам од едно место муабет дека сите биле среќни, дека си го почитувале менаџерот, дека менаџерот нив ги почитувал, дека немале заостанати обврски на работа, дека не ја носеле работата дома и дека и покрај тоа што имаат толку многу работа секогаш имале време за шеги со колегите, секогаш имале време за дружба итн итн. Велам не е можно ова, и не е можно да се случува во Македонија. Ај ќе препрашам. Ајде велам сега друг извор за информации ќе искористам. Не можам да поверувам! Истиот муабет и згора на тоа менаџерот организирал за своите вработени барем еднаш месечно дружба со колегите и таа дружба секогаш завршувала продуктивно и не само тоа, до кога и да се „заглават“ со дружбата другиот ден на работа сите се свежи и насмеани и расположени за работа.
Нееееееее. Не е можно.
Си велам, што ќе си трошам муабет ќе му идам на човеков и ќе видам дали е така, а и ќе го распрашам за рецепт! Така и сторив! Му се јавив на пријателот, му отидов во канцеларија и си седнавме на кафенце и на муабет.
Супер канцеларииче, не многу големо а сепак скоцкано, да не речам финансиско канцеларииче! Спроти него стакло и сите вработени од неговиот оддел во една поголема канцеларија. Гледам си работат луѓето, па се смеат, па пак си работат, па стануваат да размрдаат нозе, па пак си работат и му викам на пријателов: вака и вака работава. Како успеваш да го постигнеш тоа?
Вели вака, јас работам во финансии откако почнав да работам, и нормално почнав да работам од најниско ниво за да сега стигнам до овде. Бидејќи сум отсекогаш во финансии знам и што се работи и колку се работи и на крај на ден знам колку еден вработен може да сработи во обем на работа и тоа што ќе го сработи да биде со одличен квалитет и добра концентрација. Секое форсирање за повеќе најчесто резултира со грешка која некогаш знае да „тежи“ многу. И тука си правиш математија и си викаш, сакаш да биде сработено оптимално колку што треба да биде сработено и тоа да биде цакум пакум или сакаш да сработат повеќе од возможното и после да изгубиш 10 пати повеќе време за исправање на настанатата грешка? Многу е едноставноа математиката, нека биде сработено колку што е возможно и тоа нека биде скоцкано како што треба.
И да не должам, еве ги неколкуте работи во кратки црти кои сметам дека треба да бидат почетна, појдовна точка за секој менаџер.
1. На вработените им се даваат толку обврски колку сто можат да сработат и тоа да биде најдобро сработено.
2. Никогаш во пет до дванаесет не им се даваат обврски.
3. Секогаш кога имаат потреба имаат право да дојдат кај мене.
4. Секогаш се дружиме сите заедно, одделот е како еден човек, тоа придонесува да секој од секого може да побара совет или помош без да се почувствува несигурен дали ќе му биде замерено за било што.
5. Јас како менаџер стојам позади сите вработени.
6. Цела одговорност за сè што е сработено ја сносам јас, а сите пофалби за сè што е сработено ги добиваат моите вработени.
7. Јас немам проблем да моите вработени прават што сакаат во текот на работниот ден, имам проблем да не бидат извршени работните обврски предвидени за тој ден а до сега такво нешто не ми се случило. Сè што е распоредено за денес е скоцкано најдоцна до крај на работно време.
8. И најважно од сè, тоа што јас ги имам моите вработени насмеани ми значи повеќе од било што друго. Јас до сега сум бил многу пати отсутен од работа поради службени патувања, поради приватни патувања итн но никогаш не се случило да било што од работата заостане а тоа е заслуга само на моите вработени!
9. Итн итн!
Епа секоја чест пријателе! Посакувам да има менаџери како тебе на секој чекор и искрено се надевам дека во твојот правец ќе се упатат многумина! Не за друго, нема да ти биде интересно да бидеш најдобар без конкуренција!
Е па драги мои, има и во наша близина менаџери кои вредат да бидат споменати само ние веројатно имаме проблем да си го признаеме тоа. И да се навратам на еден дел од претходната статија, цитирам: Но, секако многу е поголем предизвик да купите BMW како сопственикот на конкурентската компанија отколку да имате задоволни вработени како во конкурентската компанија! Ајде да се обидеме да го бркаме задоволството на вработените од конкурентската фирма и истотот да го достигнеме кај нас, во нашата фирма, во нашиот оддел, наместо да го бркаме BMW-то на газдата од истата таа конкурентска фирма, верувајте ако во компанијата работите ви се скоцкани BMW-то само ќе дојде а така е уште послатко!
Славчо Бујароски says
Ani Markic says:
14/07/2011 at 14:18
Jas kako verna drugarka i citatelka ja procitav i prvata i ovaa statija. Dvete mi se dopadnaa.Ti me poznavas i znaes deka jas sekogas povekje sakam koga se gleda pozitivnata strana na zivotnite tekovi..I zatoa sega za ovoj tekst so uste pogolema gordost Ti cestitam za sodrzinata na napisanoto..:)
Славчо Бујароски says
Павле says:
14/07/2011 at 14:32
Фала Ани. Имено јас сум личност која е љубител на позитивните работи но сепак останувам реален и свесен дека не е сè така розево околу нас. Така да она што најмногу ме иритира е тоа што оние од првата статија ги има многу повеќе она што уште повеќе ме иритира е тоа дека истите тие се убедени дека не се такви. Овие од оваа статиија кои не само што вредат да бидат спомнати туку и заслужуваат да бидат спомнати и зборувани тие се скромни и си го знаат она што си го знаат за себе, од друга страна сакаат да го пренесат нивното позитивно искуство ама сите ги прават луди. Како и да е, мене ми е потврдено дека ваквите како овие од денешната статија финкционират тип топ! Секоја чест за нив! Јас им подавам рака и сум среќен што ги имам како пријатели и соработници!
Славчо Бујароски says
Ani Markic says:
14/07/2011 at 14:36
Sledniot pat poveli kaj mene vo kancelarijata na IFC, statijata sto kje proizleze od tamu kje bide uste po/pozitivna:))
Славчо Бујароски says
Павле says:
14/07/2011 at 14:58
Искрено се надевам дека таквите менаџери кои што се опишани во оваа статија ќе ги има се повеќе и повеќе!
Славчо Бујароски says
Сашо says:
15/07/2011 at 06:43
Уште една одлична статија, во што и не се сомневав, познавајќи го авторот и искуството со првата статија. За жал сè уште кај нас ваквите менаџери и работната околина која е опишана во статијата се вистински раритет. Искрено се надевам дека оваа статија позитивно ќе делува психологијата на нашите менаџери дека и со создавање на позитивна атмосфера за работа и вложување во своите вработени се создаваат подобри резултати, отколку со пресија и форсирање. Уште еднаш ти честитам на статијава и со нетрпение ја очекувам следната.
Славчо Бујароски says
Jas says:
18/07/2011 at 15:08
Ne ja procitav minatata statija, no poveli vo megunarodnoto uciliste NOVA za “materijal” za dijametralno razlicna statija od ovaa.
Славчо Бујароски says
Павле says:
19/07/2011 at 10:43
Јас,
Пред се ти благодарам за коментарот, искрено ме интересира што е она што можете да го понудите како материјал за дијаметрално различно од погоре опишаното иако не е тешко и искуствено да е најде лошата страна. претходната статија ја имаш на истиов сајт. Еве ја патеката како пешки да стигнеш до статијата и до сите останати статии.
Еве ти чекори за мојата претходна статија:
1. https://www.statija.mk
2. Имаш копче најгоре на страната АВТОРИ
3. Бираш Павле Зимбаков
и ти се отвараат два наслови, едниот наслов е овој што си го прочитал другиот наслов е претходната статија. Слободно опушти се во читање и коментирање!
Поздрав
Славчо Бујароски says
Jas says:
19/07/2011 at 19:43
Na kratko.
1. Dogovorot e prakticno opis na obvrskite na vraboteniot kon ucilisteto i e napraven taka sto rabotodavacot e maksimalno zastiten, a na vraboteniot moze vo bilo koe vreme, po bilo koj osnov da mu bide prekinat rabotniot odnos. Megu drugoto, i pokraj zakonski propisaniot 1 mesec, profesorot e dolzen da go objavi svoeto zaminuvanje od rabotnoto mesto 4 meseci odnapred.
2. Se potpisuvaat dogovori od septemvri do juni za da se izbegne plata za vreme na dobro zasluzeniot leten odmor na profesorite.
3. Mnogu od vrabotenite ne se prijaveni, a onie koi se, ne se na vistinskata plata.
4. Brojot za poln fond na casovi e 25 casa nedelno, namesto zakonski propisaniot 22.
5. Vo tekot na ucebnata godina brojot na casovi moze da se zgolemi, no platata ostanuva ista.
6. Profesori po edna oblast, predavaat predmet od sosema druga.
7. Na nikakov nacin, znaci pofalba od strana na pretpostavenite, nitu so zgolemuvanje na nadomestok, ne se pocituva akademskiot napredok na vrabotenite.
8. Mnoooooogu se laze!
Славчо Бујароски says
Павле says:
21/07/2011 at 11:29
WOW, ова е веќе страшно иако морам да признаам дека страшното не е и ретко. За жал вакво ни е секојдневието, баш такво какво што и си го опишал/а.
Но се прашувам дали е тоа вина на работодавците или страв на вработените!
Мислам дека има и од едното и од другото т.е. на поочеток на вработување најчесто работодавачите ветуваат брда и долини, оној кој што го интервјуираат прифаќа некогаш и услови кои сметал дека нема да ги прифати затоа што му се ветува дека за 3 месеци ќе има корекции и сè ќе биде како што треба ама во првите 3 месеци да се оди „вака“ како за пробен период.
Арно ама пробниов период трае и трае и после се случуваат разни глупости т.е. се случува се погоре напишано и уште нешто плус. Јасен е муабетот. Другата вина е кај оние кои што се вработуваат, кај работобарачите, кои со сите потребни квалификации прифаќаат секакви глупости што се под нивните вредности. Е и тоа не се зема за грв затоа што ако не они тогаш ќе улета некој со врски и ќе го лапне работното место со сите извртени работи погоре затоа што смета дека треба нешто да се работи иако немора да се дава квалитет во сработеното, иако не е квалификуван за да го работи тоа што го работи итн итн.
Јас, во некоја наредна прилика ќе се обидам да ја разглобиме оваа тема на долго и широко! Ти благодарам за коментарот и ќе те посоветувам, ако мислиш дека те бива за повеќе барај си го тоа повеќе, верувај за среќа на оние кои навистина вредат има и по некоја компанија која што функционира како саат. И уште нешто, ВНИМАВАЈ има компании кои личат дека функционираат како саат!
Славчо Бујароски says
Blagica says:
02/08/2011 at 05:48
Mnogu dobro napisana statija. Mi se dopaga sto posle kritika sledi i pofalba. Me raduva sto ima menageri sto znaat sto pravat i sto si ja sakaat rabotata.
Pofalba za menagerot sto go spomnuvas, ali mislam kako prva tocka bi trebalo da bide deka sekoj menager mora da e svesen deka raboti so luge i da gi tretira vrabotenite kako luge.
Ustednas BRAVO Pavle!
Славчо Бујароски says
Славчо Бујароски says:
09/08/2011 at 10:33
Павле, одлична тема. Позитивен пример кој треба да ги мотивира сите останати. Сигурен сум дека имаш уште многу слични примери кои треба да се споделат.
Славчо Бујароски says
Горан Митрески says:
12/08/2011 at 07:18
Фантастична статија која сакале да си признаеме или не задира во сржта на проблематиката на „современиот“ македонски менаџмент и како истиот се перципира, а уште повеќе практикува.
Павле, не знам дали повеќе си критикуван или фален во однос на искажаните ставови во статијава, али секако би те охрабрил во наредните текстови да бидеш уште покритичен. А за тоа, дали некој (евентуално) ќе се препознае без разлика дали се работи за позитивна или негативна критика, не треба воопшто да те загрижува. Во секој случај позиција Менаџер е многу повеќе од титула.
Честитки за статијата!
Славчо Бујароски says
Павле says:
02/09/2011 at 01:57
Благица, Славчо и Горан, Ви благодарам на сите за пофалните зборови и за подршката. Секако дека продолжувам и понатаму и секако дека ги очекувм и понатаму вашите критики и пофалби!
Поздрав до сите!