Игнорирање пораки
Луѓето се полесно ги игнорираат email пораките. Доколку се зафатени, тогаш тие само со поглед поминуваат преку насловите на електронските пораки и испраќачите. Во секое време имаат еден куп пораки за кои немаат време да ги прочитаат.
Навики на читателите
Според последните тврдења, само околу 11% проценти од тинејџерите проверуваат електронска пошта секој ден. Постои можност за промена на нивните навики откако ќе се вработат, но останува еден огромен дел од младите кои повеќе време посветуваат на социјалните медиуми отколку на електронската пошта. Ова може да стане тренд кај следните генерации.
Спам филтри
Совесните приматели на пораки може да си постават правила за примање на електронската пошта. Постојат механизми да откако ја испратите пораката да изгледа дека тие ја отвориле и прочитале, а всушност истата била игнорирана и автоматски била избришана.
Некорисни адреси
Некои луѓе отвораат нови електронски адреси само за да го добијат она што го нудите бесплатно и никогаш да не ги прочитаат вашите пораки. Во таквите случаи, тие креираат нова email адреса (Gmail, Yahoo, Hotmail). Потоа со новата адреса се регистрираат на вашата листа што е и доволно во тој момент. Оваа адреса ја искористуваат за зачленување, го добиваат вашиот подарок и потоа никогаш повторно не ја проверуваат поштата на таа адреса.
Чиста продажба
Навистина е предизвик за читателите постојано да им нудите одредена вредност и тоа на подолг рок. Вие всушност се натпреварувате со сите други пристигнати пораки во нивното електронско сандаче. Во одреден момент вашите читатели ќе почнат да чувствуваат дека од вас го исцрпиле сето она што е корисно и дека вашите пораки претставуваат само ваш банален обид за некаква продажба.
Остави коментар