Генерација X
Карактеристики на родените некаде меѓу 1960 и 1980 се: прагматични, индивидуалисти, арогантни, преземаат ризици.
Сакаат споделување, отпуштање, однесување како индивидуалци, дружење со пријатели, промени. Оваа генерација не сака „шефување“, корпоративна култура.
Некои познати луѓе од оваа генерација се Ленс Армстронг, Тајгер Вудс, Марк Шатлворт, Џери Јанг, Џеф Безос и Мајкл Дел.
Најголемите разлики во генерациите има меѓу генерацијата X и генерацијата бејбибум. За разлика од бејбибум, нивното појавување поминало речиси незабележано.
Генерацијата X е дефинирана повеќе по тоа што не е. Таа се појавила веднаш по спласнувањето на економскиот пораст.
За генерацијата што го измислила терминот „Whatever…“ („Kако и да е…“) не е чудно што некои луѓе ја опишуваат како цинична. Претставниците на оваа генерација израснале во време кога растурените фамилии биле честа глетка. До 70-тите години на 20 век биле разведени 40 проценти од сите двојки што живееле во поголемите градови. Многу од овие деца ги поминувале своите викенди со различен родител. Многу од нив наоѓаат утеха во пријателите и во врсниците, кои ги чувствувале блиски и лојални.
Тие, исто така, биле сведоци на отпуштањата на нивните родители од страна на големи корпорации. Затоа се скептични кога станува збор за лојалност кон компанијата. Генерацијата X има чувство дека ветувањата за нов и подобар свет од страна на генерацијата бејбибум се распаднале. Економиите и организациите се намалиле оставајќи ги нив со тешкотии при наоѓањето работа.
Се чувствуваат како да се фатени на средина од транзиција. Знаат дека повеќето компании мораат да направат промени, но тоа се одвива премногу бавно за природно нестрпливата генерација X.
Оваа генерација сака промени. И не само дека сака промени, туку и просперира со нив.
Како да мотивирате вработени од генерацијата X?
1. Треба да ја заслужите нивната почит, но истовремено ќе им треба подолго време за да ја покажат истата почит кон вас. Однесувајте се со интегритет и ќе ги надминете генерациските разлики.
2. Давајте непланирани награди за необични постигнувања.
3. Забавата е сериозна работа! По малку хумор, по нешто смешно, практични шеги, па дури и по малку несоодветно однесување ќе ви помогне во создавањето стимулативно и продуктивно работно место.
4. Обидете се со обратна менторска програма во која помладите вработени ќе им помагаат на постарите вработени да се вратат во чекор со времето и со новата технологија.
5. Немојте постојано да ги контролирате, бидејќи тоа ги иритира.
Генерација Y
Родени некаде меѓу 1980 и 2000 година. Нивниот општ однос е „ајде да го направиме светот подобро место“.
Тие сакаат да купуваат, познати марки, сакаат семејство, ги сакаат животната средина и технологијата, а не сакаат неискреност, како и претеран стил на живот.
Нивни карактеристики: толерантни, грижливи, искрени, урамнотежени, независни, оптимисти, средени. Некои познати луѓе од оваа генерација се принцот Вилијам, Венус и Серена Вилијамс и Дејвид Бекам.
Овие деца штотуку влегуваат во работната средина. Тие растат во време во кое светот е пофокусиран на бебиња и на деца од кога било порано. Етикетите „бебе во автомобилот“ се појавија во раните 90-ти години на минатиот век. Модните модели се сликаат бремени за насловните страници на списанијата… нешто невидено во 60-тите години на 20 век. Гледате спортски ѕвезди како по победа држат трофеј во едната рака, а бебе во другата.
Оваа генерација е најзаштитената генерација на сите времиња. Но, истовремено, таа е и најранливата генерација.
Тие се израснати со технологија, па затоа се природно навикнати на неа. Поради сета заштита и внимание, тие, на некој начин, се одраз на херојската генерација. Истовремено, разликата меѓу нив и генерацијата X не е голема. Исто како и херојската генерација, тие се израснати во заедница што била многу фокусирана на деца.
Исто така, како и на херојската генерација, не им пречи да работат работи за заедницата. За разлика од генерацијата X, која го има односот од типот „си ја гледам својата работа“, овие деца сакаат да се вклучат во работата.
Совети за мотивирање на генерацијата Y:
1. Водете. Оваа генерација е израсната со структура и со надгледување од родители, кои веруваат во граници и се активни примери за своите деца. Тие сакаат водство со интегритет.
2. Обезбедете ментори. Тие уживаат во поврзаноста со постари генерации и учат преку практикување. Ова, исто така, ќе ви помогне да ги надминете разликите.
3. Тие сакаат предизвици. Давајте им проекти каде што, навистина, ќе учат.
4. Тие сакат да пробуваат нови нешта. Здодевноста е вашиот и нивниот најголем непријател.
5. Дозволете им да работат со своите пријатели затоа што тие се комуникативни и сакаат да споделуваат.
Преземено од: Global HR www.globalhr.mk
Остави коментар